CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Трачарење!!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Нед Окт 26, 2008 10:03 pm

Паѓаат трачеви овде
Ајде ако може да добиеме од нашата сезнајка уште нешто интересно да прочитаме.. не сакам да трачарам многу ама интересно ми е да читам
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
ivan4e



Female Број на мислења : 111
Age : 28
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Нед Окт 26, 2008 10:19 pm

kolku samo maskite poise tracarat:D
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Нед Окт 26, 2008 10:21 pm

колку само е...точно...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Нед Окт 26, 2008 10:28 pm

Машките оговараат помалку и поретко ... но кога тие ќе отворат уста не можеш да ги сопреш
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
MengelE



Број на мислења : 57
Registration date : 2008-10-24

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 12:37 am

Се сложувам. Жените го прават тоа како да им е хоби ( без навреда ) а мажите од едноставна причина што немаат тема на разговор затоа што машките се почесто заедно отколку женските !
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 1:48 am

MengelE напиша:
... затоа што машките се почесто заедно отколку женските !

Сигурен си?

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 1:49 am

добро вие уште портарите ? еахиеаиеаи
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 1:50 am

Go Ka напиша:
Машките оговараат помалку и поретко ... но кога тие ќе отворат уста не можеш да ги сопреш

Знаеш како се вика тоа у Куманово?

Палив на гурање, ама кд ќе запалив не можеш да ги стигнеш!

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 1:51 am

[G]irL4[E] напиша:
MengelE напиша:
... затоа што машките се почесто заедно отколку женските !

Сигурен си?
од каде пак сега ова МАШКИТЕ ПОЧЕСТО ЗАЕДНО ОТКОЛКУ женските lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 1:52 am

Абе од ракав ги вадат информациите кога сакаат и после не трачареле...

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 1:53 am

ма јас се чудам како не ви е срам
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 1:54 am

[G]irL4[E] напиша:
Абе од ракав ги вадат информациите кога сакаат и после не трачареле...
абе кај ќе докажеш на машка луда глава What a Face
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 1:54 am

S0tE напиша:
ма јас се чудам како не ви е срам

Од многу чудење, пази чуден да не останеш (добронамерно ова) Smile

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dimce*



Male Број на мислења : 431
Age : 28
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 10:38 am

со гледам тука сите женски ми се праите добри па не трачарите,па и ние не трачариме,само знаеме некој пат да отвориме уста,а вие одма тоа го сметате за трачарење пу да му е*** ...човек просто да неможе да отвори уста посебно машко ако е,значи што се ова женските све има смета цццц леле ке треба да ви дадеме еден асален ќотек ... Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://dime-top.hi5.com
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 10:47 am

ххахахах добар чотек Very Happy:D:D
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 12:22 pm

Ај пробајте...


_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Plavuska



Број на мислења : 394
Registration date : 2008-10-23

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 3:53 pm

C c c c definitivno najinteresna ni e temava na site taka da ne se podvivajte za zabe koa site sakame da kazeme a i da cueme po nekoj trac neli?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 3:56 pm

Точно Плавушка ... сите се прават најпаметни, демек мразат трачеви а со душа чекат да прочитат некој нов трач
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 4:34 pm

а мислам дека малце отидовме оффтопик .. да се вратиме на темата
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Пон Окт 27, 2008 6:05 pm

епа морам да признаам дека никое девојче не е светица т.е. не трачари.Јас трачарам кога ке стигнам,а тоа скоро секој ден .Највеке ги трачариме наставниците,другарите/ките..едноставно се што ке ни падне на памет
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dimce*



Male Број на мислења : 431
Age : 28
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Вто Окт 28, 2008 1:37 pm

е машала ане,браво за искрениот одговор,инаку богами дај кажете некој интересен трач,не само качувајте кој трачари кој не хахах
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://dime-top.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Чет Окт 30, 2008 6:55 pm

Ова е веќе едно интервју ама мислам дека ќе може да се смести овдека

Тијана Дапчевиќ: Машко е, носам син
„Најпознатата Македонка во Белград“ го поминува најмирниот, но и највозбудлив период од животот. Во исчекување на своето прво дете, кое треба да се роди за неколку месеци, таа се одмора, меѓутоа и прави нешта кои не ги работела никогаш претходно.

Како напредува бременоста?
- Фала Богу добро. Малку повеќе се одморам и сум дома отколку претходно, со книги, филмови и пред лап-топот, но не ги запоставив целосно работата и излегувањата. Го подготвувам со полна пареа новиот албум, кој треба да излезе во мај, одам редовно на Модната недела, не пропуштам концерти на Белградската филхармонија... Единственото што комплетно го замрзнав се моите настапи. Концертно сум тотално неактивна.

Кога треба да се случи среќниот момент?
- Во средината на февруари, терминот е на граница меѓу водолија и риба. Како да мислевме на тоа кога го правевме бебето, бидејќи јас сум водолија, а сопругот Милан е риба.

Го знаете полот, одредивте име?
- Машко е, син носам, во војска ќе го праќам (се смее). Има неколку предлози за име: Данило, Филип, Марко, Вукашин, Вук... Сакам да има исти иницијали, така што мислам дека на крајот ќе се вика Данило, но тоа сигурно ќе го знам кога ќе го земам во раце.

Со оглед на фактот дека ти е ова прва бременст, има ли некои изненадувања или сè се одвива како што очекуваше дека ќе биде?
- Во самиот биолошки процес сè е како и кај повеќето жени, односно нема неочекувани нешта, но забележав дека сум сега покреативна, што може да го наречам мало изненадување. Не знам дали е познато во Македонија, од неодамна јас станав моден дизајнер, поточно почнав да креирам линија за бремени жени. Прво ме ангажираа да бидам заштитно лице на една многу позната фирма за памучни производи од Србија, „Глостер“, а пред околу два месеца ми понуди и да направам колекција за жени кои се состојба во каква што сум јас (се смее). Се разбира, веднаш прифатив од проста причина што имам доста моменти на таа тема во главата. За 30-тина дена моите креации треба да се појават во продажба. Исто така, почнав да пишувам детски песни. Јас сум постојано окупирана со деца, меѓутоа сега особено, па тоа ми доаѓа како нешто природно. Мојата другарка Леонтина Вукомановиќ веќе трета година го прави мошне успешниот фестивал „Чаролија“, кој е некој вид еквивалент на нашето „Златно славејче“ и напишав неколку композиции за таму.

Дали веќе правиш планови како ќе ги споиш обврските по породувањето? Веројатно многу бргу ќе се вратиш на концертите, патувањата, настапите и на сите други работи поврзани со кариерата.
- Во принцип, најдалеку што планирам е до утре попладне, никогаш подолго од тоа. Но, сигурно се враќам на сцената. За кратко време ќе мора да почнам со концерти, зашто ќе ми излезе новиот албум. Веќе најдов жена за чување на бебето, која е тетка на моја многу добра другарка, и имам максимално доверба во неа. Мислам дека од тој аспект ќе нема никаков проблем. И мајка ми доаѓа во Белград на почетокот од февруари, а тука е и Милан, така што ќе може добро да се организираме за да има време за сè што треба.

Во Белград си осум години...

- Да, дојдов на 5 септември 2000 година, точно еден месец пред револуцијата што го собори Слободан Милошевиќ. Неверојатно е колку бргу поминува времето. Осум години ми летнаа како еден момент.

Што во ова време ти се исполни, а што остана нереализирана желба?
- Јас се преселив во Белград заради љубов, и таа ми се исполни и мене ме исполни, а тоа е најважното. Исто е и на професионален план. Се оствари сè што очекував. Ми беше важно првиот албум, во 2001 година да помине добро, и тоа се случи . Иако никогаш ништо не планирам, работите убаво ми се местеа онака како што треба. Сè си доаѓаше и си доаѓа на своето место. Го пропатував светот, настапував низ Србија, Црна Гора, Босна, нешто помалку во Хрватска и во Словенија, но и таму сум присутна, сега очекувам бебе, така што практично немам неостварени желби. Можеби, од оваа перспектива, ми е криво што не бев поамбициозна да направам кариера надвор од балканските простори, меѓутоа никогаш не е доцна. Млад си сè додека се чувствуваш млад. Тоа нема врска со годините.

Како се носиш со белградските таблоди? И тебе повремено те има на нивните страници, а во Србија жолтиот печат е влијателен медиумски формат.
- Таа фама за влијанието што го имаат таблодите врз српската јавност е неоснована и ја создаваат тие самите за себе. Верувајте дека не се толку моќни колку што мислат. А, третманот што јас го добивам од нив го сфаќам како дел од работата. Во описот на моето работно место е одвреме навреме да се појавам, „несакајќи“, во жолтиот печат. Тие се нужно зло, но колку што можам си ја чувам приватноста, ја водам кариерата сосема одговорно и ништо друго не ме интересира.

Последен пат во еден од белградските таблиди те имаше поради отсуството од концертот за Тоше , „Те сакаме сите“. Зошто не се појави на Градски на 5 октомври?
- Затоа што не ме поканија. Читав во некои весници дека не сум дошла заради мојата бременост, но само пет дена порано му бев гостинка на Хари Варешановиќ на концерт во Сараево. Патував со авион без проблем и сигурно ќе дојдев за Тоше. Но, не ме викна никој. Да, изјавив дека сум очајна поради тоа, особено што не ја поканија ни сестра ми, која навистина беше многу блиска со него.

Се лутиш ли на некого поради тоа?
- Не, затоа што лутењето и Тоше никако не одат заедно. Тој на никого не знаеше да се налути, како сите големи луѓе, секогаш простуваше. А, можеби моето непоканување е само ненамерен пропуст, не знам.

Дали си имала контакт со Љиљана Петровиќ по концертот? Колку што е познато таа го правела списокот на учесници.
- Не, немало никаков контакт.

Ти беше во Скопје кога се случи трагедијата.
- Да, јас требаше токму на 16 октомври да патувам за Скопје, но нешто ме натера да отидам еден ден порано. Едноставно, на 15. околу пладне седнав во автомобилот и му реков на маж ми: „Одам за Скопје“. „Па нели велеше утре“, „Не, решив денеска“. Сè уште не ми е јасно зошто сакав да бидам во Македонија баш на тој ден. Утрото на 16., во 9 часот ме разбуди Тамара, расплакана, и ми вели: „Вклучи го телевизорот“. Не можев да верувам. Во прво време мислев дека некој се шегува со мене и со сите нас. Но, кога почнав да ги менувам каналите, сфатив дека е вистина, иако до денес не сум свесна оти го нема и дека нема никогаш повеќе нема да го гушнам. Има црква во близина на мојот дом, каде одам многу често и секогаш палам свеќа за Тоше.

Некаде имаш изјавено: „ми беше како дел од семејството“.
- Бевме многу блиски. Јас го запознав неколку години пред да стане ѕвезда. Никогаш нема да ја заборавам првата средба, на „Мелфест“ во Прилеп во 1996, каде се натпреваруваа млади пејачи, кои пееја странски хитови, а јас бев претседателка на жирито. Кога запеа Тоше, едноставно ми застана срцето. Уште беше дете, но имаше оформен, возрасен, неверојатно топол глас, и пееше со фасцинантна техника. Му реков: „Пред тебе е светла иднина. Ти ќе бидеш мегаѕзведа“. А тој, како што беше скромен, само се смееше: „Не збори така, мене ми е важно да си останам во моето Крушево“. Секаде каде што одам сите го делат истото мислење за него, и во Белград и на целиот Балкан: кога ќе кажеш Тоше мислиш на љубов, на музика, спокојство, убавина. Кога ќе го споменеш или ќе го слушнеш убаво ти е околу срцето и околу душата. Огромна загуба е што замина прерано.

Имаш ли некој спомен од него, освен сеќавањата, емоциите, приказните?
- Милион фотографии.

Ја спомена Тамара. Ги координирате ли некогаш вашите две кариери?

- Не, таа е екстремно талентирано суштество, кое буквално сè прави сама, секој чекор. Можеби за нешто се консултира со мене и со Милан, но тоа е сосема малку. Позитивно во целата приказна е нејзината желба да се бори сама и цврсто да стои на земја со двете нозе. Инаку, ако може да се смета за некое координирање, планираме снимање дует откако ќе се породам.

Мислиш ли дека нејзината кариера, сепак, повеќе ќе се развива кон Србија, бидејќи те има и тебе таму.
- Јас верувам дека таа ќе го заобиколи овој простор и оти ќе оди на некоја друга врата, европска или светска.

Можеби ќе одите заедно...
- Тоа не се знае. Мојот следен проект се вика МАМА и тој ми е најважен.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Чет Окт 30, 2008 9:52 pm

Цитат :
Млад си сè додека се чувствуваш млад. Тоа нема врска со годините.

Браво бе Тијанче, така те сакам! Surprised

бтв бебето може ќе има ист хороскопски знам како мојот хаха

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
??????
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Чет Окт 30, 2008 10:21 pm

абе темава им е како создадена за девојкиве хехе абе километри текст ц ц ц
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Чет Окт 30, 2008 10:37 pm

Па кога копираш-копираш се’!

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Трачарење!!   Today at 12:59 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Трачарење!!
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 7Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Општи муабети-
Отиди до: