CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Најнови ВЕСТИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Најнови ВЕСТИ   Сре Окт 22, 2008 8:23 pm

Грција нема право да и' наметнува име на Македонија, оцени претседателот на Балканскиот политички клуб и поранешен претседател на Бугарија, Жељу Желев.Тој во интервју за радиото „Дојче веле“, програма на бугарски јазик, посочи дека името и идентитетот на еден народ и држава се егзистенцијално прашање и суверено право на сопствен избор.

- Кога станува збор за такви егзистенцијални политички проблеми на еден народ, на една држава, не може друга држава да диктира како да се нарекува таа. Јас на Грците многупати сум им кажал - вие едноставно не знаете што сакате. На која основа и' го одрекувате правото на Република Македонија да се нарекува Република Македонија? Таа постоела во југословенската федерација речиси половина век со тоа име - истакна Желев.

Според него, несоодветна е и привремената референца.

- Сите републики, кои стекнаа независност по распадот на федерацијата, се бивши југословенски републики. Зашто не сакате тогаш и Хрватска да се нарекува бивша југословенска република Хрватска, бивша југословенска република Словенија, бивша југословенска република Србија? Зошто само кон Македонија да се применува тој остракизам? - прашува поранешниот претседател на Бугарија.

ИЗВОР - ДНЕВНИК
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Сре Окт 22, 2008 8:52 pm

Искрено јас не се занимавам со политика , а и не ме интересира
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Сре Окт 22, 2008 9:09 pm

имам попаметни работи од политиката...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Сре Окт 22, 2008 9:28 pm

така е !
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Пет Окт 24, 2008 2:35 pm

Јас па ич не се занимавам со политиката ама еве да придонесев нешто за форумот - „Политика и вести“
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
??????
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Саб Окт 25, 2008 1:55 am

политиката им ја оставам на поголемите од мене тие си се платени со тоа да се замараат јас имам мн попаметни и поважни работи од сето тоа ама од друга страна никогаш нема да дозвлоам некој да ме нарекува славо македонец или како и да сака јас сум роден МАКЕДОНЕЦ жевеам во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ќе умрам како МАКЕДОНЕЦ па тие како сакаат нека ме викаат јас во срцето и душата сум МАКЕДОНЕЦ....


>>>>ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА<<<<<<<
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Саб Окт 25, 2008 1:59 am

Еве една подолга вест
Бомбата што го уби Иво Пуканиќ ја стресе Хрватска

Новинарот имаше многу непријатели, но како можни нарачатели најчесто се спомнуваат балканските тутунски босови


Лимузината на Пуканиќ била сосема разнесена од детонацијата

Иво Пуканиќ, новинар и сопственик на хрватскиот неделник „Национал“, е убиен во центарот на Загреб со бомба активирана кога влегувал во својот автомобил.Бомбата била активирана кога Пуканиќ и неговиот пријател Нико Фрањиќ, стручњак за маркетинг во „Национал“, приоѓале кон автомобилот „лексус“, паркиран пред седиштето на весникот. Стравотната експлозија на место ги убила двајцата, а возилото пламнало и изгорело. Силната детонација повредила двајца техничари во просториите на „Национал“, каде што имало и дваесетина студенти од новинарската академија на неделникот.

- Беше страшно. Слушнавме стравотна детонација и притрчавме кон прозорецот. Автомобилот гореше, а покрај него лежеа две тела. Го препознав Пуканиќ. Почна метеж, пристигнаа полиција, итна помош и пожарникари - изјави една студентка од академијата.

Бомбата била активирана во 18.20 часот, кога улиците на Загреб биле преполни со минувачи. Само половина час пред тоа пред седиштето на „Национал“ поминала голема група навивачи на холандскиот фудбалски клуб НЕК, кои дошле да го следат мечот со „Динамо“.Полицијата објави дека бомбата била поставена во мопед до автомобило. Попладнето беше објавен и фоторобот на маж, кој бил снимен како го паркира мопедот до лимузината на Пуканиќ.

- Во експлозијата на непозната експлозивна направа сосема е уништен автомобил, а загинаа две лица. Во овој момент полицијата на може да исклучи ниту еден мотив за убиството. Пуканиќ во последно време не пријавил закани во полицијата, а физичка заштита имаше од април до 1 август 2008 година, кога тој режим беше променет. Тогаш беше решено повремено да се обиколуваат неговиот стан и работното место, што полицијата го правеше до денеска - изјави полицискиот началник Крунослав Боровец.


БИОГРАФИЈА
Иво Пуканиќ (47) во 1995 година го основа неделникот „Национал“, кој вообичаено објавуваше ексклузивни написи за хрватското и балканското подземје и за организираниот криминал. Единствен од сите новинари одржуваше контакти со Хрвое Петрач, а го направи и единственото интервју со Анте Готовина додека осомничениот воен злосторник беше во бегство. Во 1999 беше прогласен за новинар на годината во Хрватска.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Нед Окт 26, 2008 2:09 am

Скопје, 25 октомври (МИА) - На 26 октомври (недела) почнува зимското сметање на времето.

Со поместување на часовниците еден час наназад, времето во недела рано изутрина во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето ќе трае до 29 март 2009 година.




Тоооо....еден саат повише спиење ...зззззЗЗЗззЗзз

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
@komita@
Модератор
Модератор


Број на мислења : 690
Age : 26
Registration date : 2008-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Пон Ное 17, 2008 11:01 pm

Еден саат повеке спиење само тогаш кога се врака времето после пак по старо Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Сре Ное 19, 2008 11:52 pm

Сега си е пак по старо..Sad

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Саб Ное 22, 2008 6:26 pm

Памела Андерсон ГО ИМА РЕШЕНИЕТО

Памела Андерсон го повика Барак Обама да ја легализира марихуаната, бидејќи според нејзино мислење, тоа дополнително би го дополнило државниот буџет и би обезбедило нови работни места.

Во отвореното писмо до Обама, Памела освен што наведе дека владата на САД би можела да заработи многу доколку дозволи масовно да се одгледува марихуана, го потсети претседателот и на значењето на вегетаријанската исхрана која според нејзино мислење би ја искоренила гладта во светот и до крах би ја довела прехрамбената индустрија која "ја загадува нашата планета и убива недолжни животни".

Памела апелира до владата и дека мора да ги кастрира сите педофили.

Популарната ѕвезда на крајот од писмото (кое во оргинал изобилува со граматички грешки), му порача на Обама да ги врати американските трупи дома и да го затвори озлогласениот Гвантанамо.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Нед Ное 23, 2008 12:58 am

цццц.... Бај д веи Хилари Клинтон се премисли и сега е државен секретар на Америка!

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Нед Ное 23, 2008 2:28 pm

Министерството за одбрана на САД соопшти дека било нападнато од компјутерски вирус. - Знаеме за постоењето на глобален вирус, кој е забележан во нашите мрежи. Ги преземаме сите мерки за да го отстраниме, изјави портпаролот на Пентагон Брајан Витман.

Тој не наведе каков е вирусот, ниту дали се погодени тајните компјутерски мрежи.

За да се спречи пренесувањето на вирусот забрането е користење на мемориски картички (УСБ).

Пентагон има околу 17.000 локални и регионални компјутерски мрежи и околу седум милиони компјутери.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Нед Ное 23, 2008 6:25 pm

Шведскиот Парламент го ратификува Лисабонскиот договор

Стокхолм,
21 ноември (МИА) - Шведскиот Парламент доцна синоќа по долга расправа
со мнозинство гласови го ратификува Лисабонскиот договор.

За договорот се изјасниле 243 пратеници, против биле 39, а воздржани 13.

-
Шведска е една од земјите кои можат најмногу да го загубат влијанието
доколку Договорот не беше одобрен, изјави шведскиот министер за
европски прашања Сесилија Малстром.

Лисабонскиот договор треба да стапи на сила на 1 јануари 2009 година, откако ќе биде ратификуван во сите 27 земји-членки на ЕУ.

Иднината на овој договор е неизвесна, бидејќи Ирците веќе го отфрлија на референдум кој се одржа во јуни годинава.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Today at 9:01 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Најнови ВЕСТИ
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Македонија и свет :: Политика и вести :: Свет-
Отиди до: