Американските власти очекуваат над 4 милиони гости на инаугурацијата на Барак Обама за претседател на САД.
Властите во Вашигтон очекуваа милион луѓе да го следат настанот закажан за 20 јануари догодина, но поради зголемениот интерес за билети изгледа дека очекуваната бројка посетители ќе се зголеми четири пати.
Милиони ќе пристигнат во главниот град на САД што ќе претставува логистички кошмар и ќе предизвика преплавување на подземниот систем и на патиштата.
Како што се ближи претседателската инаугурација, се бараат и популарни изведувачи кои ќе му дадат шмек на политичкиот настан.
- Ако требаат доброволци, јас прва ќе дојдам. Сакам да бидем таму и да го доживеам тоа. Ако побараат и ќе запеам. Зошто да не? - изјави популарната пејачка Бијонсе.
Американската тајна служба веќе ги прави сите безбедносни подготовки за моментот кога Обама ќе положи заклетва и ќе стане 44-тиот претседател на САД.
Се планира да инсталирааат џиновски телвизиски околу Капитол Хил за да може граѓаните да го проследат настанот.
Околу 240.000 влезници се пуштени во продажба, но само 30.000 од нив овозможуваат седиште за да се види заклетвата на Обама.
Влезници се продаваат и преку Интернет, но познатиот сервис eBay издаде забрана за препродажба на билети кои достигнаа и цена од 5.000 фунти.
Во меѓувреме, ќерките на Обама Малиа и Саша вчера прошетаа низ Белата Куќа за да ги видат своите соби, придружувани од Џорџ и Барбара Буш.
Исто така ги разгледуваат и потенцијалните училишта каде ќерките на Обама ќе продолжат со школување додека живеат во Вашингтон.