Брачен пар од Кина очајно бара лек за нивната ќерка која се смее нон-стоп веќе 12 години.
Нејзината
мајка Yang Longying од местото Chongqing во Кина вели дека смеењето
почнало кога нејзиното второ дете, ќерката Xu Pinghui, добила
температура на 8 месечна возраст.
-
Оттогаш таа се смее неконтролирано, вели мајката за медиумите во Кина.
Таткото
на девојчето, Xu Weiming, вели дека ги потрошил сите пари барајќи лек
за неговата ќерка на интернет. Медицинските третмани исто така не дале
никакви резултати.
- Гледајќи ја како се смее, се чувствуваме дури и потажни, отколку кога би плачела, вели таткото Xu Weiming.
Невролозите
од Chongqing Medical College предложуваат да се направи скен на мозокот
на девојчето за да се утврди што е причината за неконтролираното смеење.
Извор: ИДИВИДИ