CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Скопје

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Dimce*



Male Број на мислења : 431
Age : 28
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Скопје   Пон Окт 27, 2008 4:45 pm

Ајде по некој збор два и за нашиот главен град Скопје


"лето е пекол,а зима е кочан" хаха
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://dime-top.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пон Окт 27, 2008 4:49 pm

Младата популација многу го има запустено градот .. треба да се среди малце
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пон Окт 27, 2008 4:50 pm

Се согласувам со Го Ка .. многу е запустено од младината .. инаку сум бил многупати во Скопје и сум си поминал незаборавно
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
Plavuska



Број на мислења : 394
Registration date : 2008-10-23

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пон Окт 27, 2008 4:57 pm

Pa doagaj pocesto i non stop ke ti bide nezaboravno:D
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пон Окт 27, 2008 6:23 pm

хихииххи ќе одам за нова година таму можеби .. кај роднините
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
??????
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Чет Окт 30, 2008 3:49 pm

хехе еп ако дојдес супер ке си поминес хехе еј луге каде за нова година хехе
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Окт 31, 2008 2:14 am

рааано еее за нова година Smile

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Окт 31, 2008 8:57 am

Факти за Скопје
ПЛАНИНИ
-Водно со врвот Крстовар (1.066м)
-Масивот Јакупица-Караџица со врвот Солунска Глава-Мокро (2.450м) и Убава --(2.533м)
-Осој 1.506м
-Жеден 1.260м
-Скопска Црна Гора со врвот Рамно (1.561м)
РЕКИ
Вардар (од изворот Вруток до вливот во Егејско Море - 410,5км)
-Треска (130км)
-Лепенец (65км)
-Пчиња (136,4км)
-Кадина Река (33,3км)
-Маркова Река (29км)
-Патешка Река (понорница)
ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА
-Матка и Треска
КЛИСУРИ
-Матка, Качаничка, Таорска, Жеденска, Дервенска и Бадарска
ПЕШТЕРИ
-во кањонот на р. Треска
неколку кај Н. Брезница
под Солунска Глава
ГЕОГРАФСКА ШИРИНА
-42º00' - северна географска ширина
ГЕОГРАФСКА ДОЛЖИНА
-21º26' - источна географска должина
НАДМОРСКА ВИСОЧИНА
-Скопје е распространет на 1818км2, 23км во должина и 9км во широчина и се наоѓа на надморска височина од 245 метри
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Окт 31, 2008 8:59 am

Камени Мост
Камениот мост претрпел поголеми преправки особено за време на султанот Сулејман Величествениот (1520-1560 г.).

Во 1905 година се изградени бетонските патеки, поставени врз железни траверзи, a во 1937 година е обликуван приодот од новиот дел на градот.

Независно од сите поправки, мостот во основа го сочувал својот првобитен изглед. За време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година не претрпе никакви оштетувања. Последните години се прават сериозни зафати за негова ревитализација.
Камениот мост, без кој Скопје тешко може да се замисли, со векови ги поврзува двата брега на Вардар на најпрометното место во центарот на градот.

Бил изграден кон средината на XV век и повеќе пати реставриран. Камениот мост е изработен од обработени камени блокови. Целата конструкција се потпира на столбови втемелени во коритото на реката и поврзани со 13 полукружни лакови, кои растат кон средината, давајќи му на мостот специфична физиономија.
Co текот на времето е преправан и поправан од Византијците, потоа и од старите српски феудални владетели. Според турски извори, мостот во овој облик е изграден во втората половина на 15-от век, за време на владеењето на султанот Мехмед II. Но, според друго мислење подигнат е во првата половина на 15-от век, за време на владеењето на султанот Мурат II. Во прилог на ова тврдење е записот во вакуфнамата на Иса-беговата џамија.

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Окт 31, 2008 9:02 am



Во долината на Маркова Река, јужно од селото Сушица, се наоѓа Марковиот манастир со манастирска црква Св. Димитрија. Во составот на манастирот има стари конаци и други згради. Црквата ја обновил српскиот крал Вукашин, а работите ги завршил и дал да се изработи живописот неговиот син Крале Марко, во периодот од 1366 до 1371 година. Црквата е од камен и тули со интересни шари. Живописот најверојатно е дело на повеќе мајстори зографи. Во него се препознаваат две сфаќања на зографите – монашко и реалистично. Од фреските се издвојува онаа во која е прикажан „Плачот на Рафела“. Манастирот непрекинато работел и за време на Османлиското владеење.

Во манастирот престојувал и работел македонскиот преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ.

Во близина на Марковиот Манастир се наоѓа уште една мала црква - Св. Архангел, која најверојатно била изградена во 14 век.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Окт 31, 2008 9:08 am

Скопско Кале

Непосредно до Старата скопска чаршија, на високо издигнато плато, доминантно место зазема Скопското кале. Наоѓајќи се на многу значајно стратешко место, низ вековите неговото постоење е сврзано со животот на градот.
Материјалните докази потврдуваат дека на овој простор постоеле населби датирани во доцниот неолит, но како упориште е веројатно утврдено по катастрофалниот земјотрес од 518 година



Најстарата архитектура на Калето потекнува од 535 г., од времето на владеењето на Јустинијан I. Toa e време на нападите на варварите и словенските племиња кои го натерале владетелот да обрне поголемо вни мание за одбрана на градовите. За градењето на оваа тврдина користени биле камени блокови од урнатините на градот Скупи, локалитет што се наоѓал во близината на Калето и што бил разорен од катастрофалниот земјотрес во 518 година.


Монументалниот „киклопски“ ѕид (со трите кули - кружна, триаголна и квадратна) кој го оградувал највисокото плато на Калето датира од XI век. Тој бил изграден врз зачувани стари остатоци, а однадвор е обложен со со големи камени блокови, донесени воглавно од античкиот град Скупи.

Тврдината била често опседнувана и напаѓана, како од варварите, така подоцна и од бугарските и српските средновековни владетели, за во 1392 година да ја освојат Турците - Османлии.

Дури во 14-от век се среќаваме со конкретни податоци во кои се споменува тврдината. Така кралот Милутин во Повелбата дадена на манастирот „Св. Ѓорѓи,, - Горга во Скопје, од 1303 година, ја споменува и тврдината.

Пред него Византиецот Теодор Метохит, кој бил во Скопје во 1299 година, запишал дека бил утврден не само горниот град, Акрополисот, туку и долниот град, кој бил опкружен со ѕидови и кули.

Најпрецизни податоци за Скопското кале среќаваме кај Евлија Челеблија: „Тоа е утврден град, цврста и јака тврдина, со двојни бедеми. Градската порта и бедемите се изградени од делкан камен кој свети како да е полиран. Толкава префинетост и уметност на обработка не може да се види ниту во еден друг град. Градот лежи во средината на Скопје.Тоа е висок град и претставува градба со петоаголен облик. Бедемот со кој од сите страни е опколен градот, висок е педесет аршини. Градот е опкружен со седумдесет бастиони и три демир (железни ) порти на југоисточната страна, а во предворјето на секоја порта се наоѓаат многу стражари. Вратата и ѕидовите се накитени со разно оружје и алат потребен за оружјето. He постои положба што би доминирала над градот, а тој самиот лежи на високи карпи и од него се гледа целото поле“


Од западната страна тече реката Вардар. На таа страна има пат што води низ пештерата „Водна кула„ што се наоѓа на брегот на реката. На таа страна се наоѓа бездна, таму нема излез. На страната пред портата се наоѓа дрвен мост префрлен преку шанецот. Во ваква положба тврдината ја затекнал и австрискиот војсководител Пиколомини во 1689 година, дознаваме од неговото писмо испратено до австрискиот цар Леополд.

Од патеписците кои ја посетиле тврдината во 19-от век забележливо е дека тука имало магацини и барутана, воена болница и затвор.

Co губење на одбранбената функција, тврдината обично се користела за воени потреби. Во поново време тврдината се користеше и за музејски потреби.

Скопското Кале зазема едно од доминантните места во центарот на градот. Според досегашните научни сознанија, се смета дека Калето било населено во времето околу 4.000 годна п.н.е.

Точниот датум на ѕидање на средновековниот град на Скопското Кале не е познат. Досегашните истражувања говорат дека денешната стара скопска тврдина потекнува од крајот на 10.век, односно од времето на цар Самоил.

Катастрофалниот земјотрес од 1963 година предизвика големи оштетувања, што бараше посебни конзерваторско-реставраторски работи на ѕидините. Реставрирани се и некогашните округли кули со топовски места. Некои од квадратните кули, надвиснати над Вардар, делумно се реставрирани.

Денес Скопското кале, со новиот проект и уредениот парк, служи за прошетка на граѓаните.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Окт 31, 2008 2:55 pm

Има што да се види во Скопје ... сепак да бидеме поразумни малку и да го зачуваме тоа што го имаме
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Чет Ное 13, 2008 4:59 pm

Ајјде нека ви е честит празникот што не си го знаете СКОПЈАНИ !
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Чет Ное 13, 2008 6:34 pm

да да нека е честит. Срам да ви е Smile

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dimce*



Male Број на мислења : 431
Age : 28
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Ное 14, 2008 2:51 am

фала фала да ви се врати и вас,инаку не што не си го знаеме празникот,туку не сме фалбаџиии како другите хехе

ние скопјани сме ќути,трај и прај Cool
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://dime-top.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Ное 14, 2008 3:03 pm

Dimce* напиша:
фала фала да ви се врати и вас,инаку не што не си го знаеме празникот,туку не сме фалбаџиии како другите хехе

ние скопјани сме ќути,трај и прај Cool
пак сакаш да се извадиш од ситуацијава .. ама не ти верувам Razz
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Ное 14, 2008 6:39 pm

уфф е сеа се си кажал... хаххахххахаха

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Ное 14, 2008 8:28 pm

Тоа се финтите на диме .. ама не успеваат кај нас Razz
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dimce*



Male Број на мислења : 431
Age : 28
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пет Ное 14, 2008 8:42 pm

какфи финти бе френдови зарем во мене се сумњате,на што ви личам јас на магионичар...хахха аман ај ако не сакате не мора да ми верувате..знам дека сум голем лажго али овој пат не лажам и барем се надевам дека барем еднаш ќе ми поверувате во животот Rolling Eyes Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://dime-top.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Саб Ное 15, 2008 7:21 am

Dimce* напиша:
какфи финти бе френдови зарем во мене се сумњате,на што ви личам јас на магионичар...хахха аман ај ако не сакате не мора да ми верувате..знам дека сум голем лажго али овој пат не лажам и барем се надевам дека барем еднаш ќе ми поверувате во животот Rolling Eyes Very Happy
требаше да бидеш малце поубедлив за она што го зборуваше за Скопје и граѓаните
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пон Ное 17, 2008 3:08 pm

не си лажго само забравенко Razz

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Пон Ное 17, 2008 4:21 pm

[G]irL4[E] напиша:
не си лажго само забравенко Razz
нее лажго далеку од тоа
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Скопје   Today at 4:53 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Скопје
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Македонија и свет :: Македонски градови-
Отиди до: