За нашата поп икона
Ангел си ти, ние пееме за тебе,
Ангел си ти, засекогаш ќе те чуваме во себе,
Овој свет минус тебе во него
Она што ќе остане - малку е!
Твоето лице ко икона
засекогаш ќе свети и одблеснува
во нашите срца.
Ти не беше еен од најдобрите,
Не, Ти беше едноставно НАЈДОБАР!
Прекивката на заборавот
никогаш нема да те избрише од нашите срца
а восхитот кон твојата висост
ќе ни остане единствена утеха!
Сите морски бранови засекогаш
ќе го шепотат твоето име,
ситните брезови лисје
ќе треперат во тактот на песните
кои Ти ни ги подари нам!
Птиците ќе пеат по нотите
на композициите кои вечно ќе ги помниме,
срцата на твоите фанови ќе
чукаат во ритмот на твоите мелодии.
Тие вечни очи врежаа длабока трага
во моето срце.
Сега моите очи се полнат со солзи
при секоја помисла на тебе.
Солзи кои бескоечно паѓаат кон усните
кои непрестано шепотеа:
ЗОШТО БАШ ТИ?!
Ужасна болка се всели во душата
на сиет Македонци.
Проклет нека е денот на твојата смрт!
Зошто те зеде Господ?
Зошто? Зошто баш ти?
Замина млад, за вечно да останеш таков.
Со онаа вечна насмевка која
не ја симнуваше од лицето.
Истата насмевка вечно
ќе спие во нашите срца!
Господ ги повикува ангелите за себе,
свири му и пеј му на бога,
чувај не и грижи се за нас
како што го правеше тоа додека беше во Македонија
Почивај во мир, Ангелу наш
и спокојно сонувај,
зашто ТВОЈАТА МАКЕДОНИЈА
нема да те заборави!
СЛАВА ТИ!