Промена на поддршката | Сегашна поддршка: |
Latest topics | » Imitrex Cluster HeadachesЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин » Buy generic cialis online nowЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин » Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative CareЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин » Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettileЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин » Comprare Viagra. viagra generico differenzeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин » Dating mount sterling. Dating line new york 20.Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин » Homoepathic Medicines And TreatmentЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин » casino poker videoСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин » мобимет знакомстваСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин » Wellnigh as cut-price as filesСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин |
| | Македонизам | |
| | Автор | Порака |
---|
МончИ
Број на мислења : 9 Registration date : 2009-01-16
| Предмет: Македонизам Пет Јан 16, 2009 4:16 pm | |
| Филозовија на Македонизмот Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија и се дури постои ова име на оваа земја | И под туѓинци во минатото ( макар имало и во иднина ) ,македонскиот народ си ја задржал и ќе ја задржи суштина на постоењето – сопственото име. Народи доаѓале и оделе како поробувачи и минувачи, македонскиот е постојано со - Македонија. Постојано, заради постоењето кое е пред секоја логика на непостоењето ширена од туѓите пропаганди. Оваа логиката на "непостоењето"ја разгледувал и Аврелие Августин преку сопственото – постоење. Се запрашал дали не е целиот човечки живот лага, па да и самиот - не постои ами е некаков привид, а се е измама. Но заклучил дека ако се мами, тогаш – постои, бидејќи како може да се мами и да биде во лага, ако не постои ? Августин со предпоставена лага, дошол до непретпоставена вистина за своето постоење. Од овде и познатата теза – "Ако се мамам, значи постојам", што кај Декарт е – Мислам , значи постојам. Дека Августин навистина постоел и нему и нас ни потврдува неговото име со кое се потпишани неговите дела и мисли. Неговиот лик и не го знаеме но името ни кажува за кого се работи, па суштината на постоењето е во – името. И токму исто е и со нашата суштина на постоење, почнува од личното име на кое се одѕиваме од раната детска свест, па оние на родителите, роднините, пријателите и др. имиња со кои се легитимират. Овие имиња ги врзува едно име – Македонија.
Во сегашноста, се јавува т.н.р “проблем” со името, иако Македонците како засебен народ и земја, токму со ова име се уште во V век п.н.е кај првиот релевантен историски извор – Херодот. Херодот и луѓето од тоа време (и по нив - Тукидид, Диодор, Полибие, Плутарх, Аријан, Страбон, Јустин, и др. ) се во предност пред ова време, зашто пишувале за тогашната фактичка состојба со што ги рушат манипулациите на сегашноста. Припадноста се разграничувала со име, без селектирана реалност, се држело до своето име а туѓото може и се презирало но не се бришело и својатало. Толку ги истакнувале разликите ( “Филипки” – Демостен ) што очајни се денешните експанзионистички тези. Грците се под такво ропство од Македонците што Римјаните се сметаат за ослободители (Плутарх : “Римјаните го поразија кралот Филип V во Тесалија и ги ослободија Хелените од Македонскиот јарем “).За посебноста на македонскиот народ низ средниот и новиот век пребројна е документација а премал е просторов. Денес пак од разни страни ни се поставува исполнување на разни барања а за признавање на уставното ни име (Бундестагот своевремено). Се треба да исполниме за она што и онака е наше , имено – нашето уставно и историско име. Ова е исто како да се услови и Германија со барања само за да ја именуваме како што се именува – СР Германија. Кој е тука – лудиот ? | | |
| | | МончИ
Број на мислења : 9 Registration date : 2009-01-16
| Предмет: За минатото Пет Јан 16, 2009 4:19 pm | |
| Прочитаниот ред, е веќе – минато, но и овој кој го читате сега , ќе биде - минато, како и оној – идниот. | Најреалистичниот пренесувач на минатото од Балканот и Добитник на Нобелова награда, Др. Иво Андриќ за минатото ќе рече :
“ Само неуките и неразумни луѓе можат да сметаат дека минатото е мртво и со непреоден ѕид засекогаш одвоено од сегашноста. Напротив, вистината е дека се она што човекот некогаш го мислел, осеќал и работел, нераскинливо е вткаено во она што ние денес го мислеме, осеќаме и работеме. Да се внесе светлината на научната вистина во настаните од минатото, значи да и се служи на сегашноста. “
( И. Андриќ – “Како влегував во светот на книгата и книжевноста” – вес. “Политика “ 13 март 1976 год., стр. 2 )
“Негаторите” на минатото, Нобеловецот ги нарекува – “неуки и неразумни луѓе”, очигледно и зошто, па бара научно осветлување на настаните од минатото од кое треба да извлечеме заклучоци во служба на сегашноста !
А минатото, сегашноста и иднината се нераздвојни, заедно ја чинат вечноста или постоењето . Тоа е и самата историја, која удрила печат со името – Македонија врз оваа земја како на тапија. И Библијата ( Стариот и Новиот Завет ) е една од нашите тапии па неможејќи да го уништат таму нашето име, почнаа да го својатаат небаре : Тие биле – Ние а Ние сме биле – Тие ?! Со монопол над црквата фалсификуваа ставајќи фрази кои ниту постоеле ниту ги има во неа.
Пример 1 - каде што стои – “ Отидовме во Македонија”, во преводот си додаваат – “Отидовме во Mакедонија , провинција на Грција “(?!), нешто што ниту стои во оригиналот, нити пак постоело кога е пишувано, ( држава со име Грција за првпат е дури 1829 год., поими Елада, Ахаја –да, но не и Грција ! ). Лукавост е и уфрлањето на Македонија како провинција на Грција, што никогаш не било а најмалку во Библијата, зашто каде се спомнува Македонија ,тоа е одвоена од “Елада” ( Грција ).
Пример 2 - каде што стои националноста на лицето - “Пред него стоеше еден човек, Македонец “, во преводот се врти - “Пред него стоеше човек од Македонија”, што е друг контекст, човекот од Македонија може да биде и Влав, Евреин, Ерменец и.т.н, но не и јасното во оригиналот - Македонец.
Потребата за фалсификати, потврдува дека името Македонија не е нивно. Зошто ако името било “така нивно” ,попат го “загубиле - така лесно” и добиле друго ?! Со туѓи имиња и минато, си го растегаат своето до обезименост, низ хаос од народи, раси и временски невклопувања. Грците се и Данајци и Ахајци и Крито-Микенци и Хелени и Византијци и Македонци и.т.н, сеедно што секој го ништел предходниот доаѓајќи во Грција ?! Дури и денес за светот таа е - Грција, но таму е – Хелас (Елада ), што е различно и збунува. Бугарите се и Турано- Бугари и “Словени“, Хуни, Авари, Скити,Бактри, Мизијци, Тракијци, Власи, Кумани,.. и што ли не, сеедно што се ништеле доаѓајќи од страна ?! Србите се и Сер(б)ви, Скити, Раси, Маќедонци,Трибали,Илири,..?! Албанците се и Илири и Дарданци, Македонци, Епирци, Арбанаси ,Арнаути, Шиптари, Качаци и Геги и што ли не ?! Власите се и Епирци, Грци, Романци, Даки, Богдани, Цинцари, Македонци,.. (?!)
Секој си го вбројува и македонското за – свое име (?!) И од сите нив само ние “случајните” Македонци сме останале да им го чуваме името за вакви потреби, да не потсетат дека е и “нивно”, сеедно чие ( кому од нив ?!).
Единствено Македонија како име за разлика од предходните не е врзано за повеќе народи но за еден кој си го носи како единствено валиден. Само уште Хрватите се со ист пример , тие античкото име “ Croatia “ го имаат за национално име.
Денес бараат да си го смениме името, што е исто да го смениш – времето ( минатото). Тоа не може и не смее никој, без разлика на притисокот и прагмата на политичарите од сегашноста . Колку и да изигруваат овоземни богови од кои се почнува и завршува, она што сигурно завршува се нивните мандати и безначајни постигања .
А името ќе живее - ги надживеало сите сатрапи, ханови, деспоти, цареви, кралеви, султани и паши, но и предавници, па ќе ги надживее и Претседателите, Премиерите, Министрите и др. денешни функционерски имиња.
Извор: www.macedonium.org
|
| |
| | | [G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
| Предмет: Re: Македонизам Нед Фед 22, 2009 12:05 pm | |
| одлично..само се плашам дека сите го знаат ова, а секој го избегнува. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонизам | |
| |
| | | | Македонизам | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |