CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Македонските скриени убавини

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Македонските скриени убавини   Пет Окт 31, 2008 2:33 am

Голем Град, Преспанско Езеро


Дали понекогаш сте посакале да ги искусите авантурите на Робинзон Крусо? Доколку за себе сметате дека не сте авантуристички тип, тогаш верувам дека барем еднаш во својот живот сте ја изустиле реченицата: “Ќе побегнам на пуст остров”. Без разлика од кои причини, дали во потрага по непознатото и возбудливото, поради бегање од монотонијата на секојдневието или, едноставно, доколку поради љубовта кон животната средина посакате, навистина, да киднете на вашиот пуст остров, тогаш имате и каде да отпловите - на Големиот Град, како што се вика вистинскиот и единствен пуст остров во Македонија - кој распослан како голема школка се протега среде Преспанско Езеро. Преспанско Езеро, кое има тектонско потекло, се вбројува во најстарите езера. Долго е 28,6 км, широко е 16,9 км, а неговата површина изнесува 274 км квадратни. Лежи на апсолутна надморска височина од 853м, што значи дека нивото му е за 158 м повисоко од Охридско Езеро. Од сите езера на Балканскиот Полуостров само Преспанско Езеро може да се пофали дека има острови.





Островот Голем Град за своите гости - посетители има отворено само една врата. Иако можете да влезете само од една страна, уште на самиот почеток ќе се сретнете со извонредно убав, речиси вонземски пејзаж. Низ тесната патека, која е долга стотина метри, ќе стасате до единствената градба зачувана до денес - црквата Свети Петар, која потекнува од 14 век. Според некои преданија, островот го добил името Голем Град поради постоењето остатоци од голем број градби. Некои, пак, го нарекуваат Свети Петар по единствената сочувана црква. На овој остров некогаш се одвивал градски живот.

Сe уште можете да сретнете градби од времето на античкиот и на средновековниот период, а артефактите датираат од крајот на 4 век пред новата ера сe до 14 век. На островот постојат остатоци и од црквата Свети Димитрие за која се претпоставува дека била насликана со истородни фрески како и тие што можат да се видат во црквата Свети Петар. Во централниот дел на островот се наоѓа еднобродна црква, која веројатно е градена во ранохристијанскиот период од 5 до 6 век. Пронајдените монети им припаѓаат на предримскиот, римскиот и на рановизантискиот период. Значи, оваа населба имала одредена моќ во одредени периоди како и интензивна трговија. И не случајно Преспа била центарот во кој кон крајот на 10 век е создадена првата македонска држава. Последните години од своето владеење цар Самуил својата престолнина ја префрлил од Преспа во Охрид. Првите научни записи за археолошките вредности на островот датираат од 1898 година, кога Н.П. Милјуков го посетил островот Голем Град.



Бидејќи климата во Преспанската Котлина е комбинирана (според температурниот режим е континентална, додека според режимот на врнежи покажува силно медитеранско влијание), постојат услови за несекојдневен пејзаж. Уште при самото приближување до островот ќе забележите густи фоини шуми, чиишто дрвја се издигнуваат и по 10-12 м, како и многубројни растенија, кои го облагородуваат чувството и со прекрасните мириси. Островот Голем Град е живеалиште на 160 видови папрати и семејни растенија, 20 видови медитерански растенија, а јужноевропскиот флорен елемент е застапен со 80 видови. Тука се имаат засолнето многу растенија, голем број од нив се, навистина, многу ретки, а за други, пак, Голем Град е единственото живеалиште. Што се однесува до животинскиот свет, Голем Град е богат со разни видови безрбетници, влечуги, птици и зајаци. Но, островот има уште едно име. Некои го нарекуваат Змиски Остров.


Во летен сончев ден крајбрежјето станува вистинска плажа за голем број водни змии- езерски белоушки, кои провлекувајќи се низ камењата се печат на сонцето. Ги има во сите големини и со различни шари. Овој остров за нив е вистински рај. Имаат храна во изобилство, а речиси и немаат посериозни непријатели на островот. И додека уживате во мирното езеро и во звукот на инсектите, не чудете се ако тишината ви ја нарушат јатата од стотици корморани.

Голем Град е дом и за патките, кои гнездата ги свиваат меѓу камењата на брегот, ластовичките, пеликаните и за други видови птици. Иако рибарството во Преспанско Езеро потекнува од 14 век, сепак може да се каже дека тоа е сиромашно со риба. Од рибниот свет најзастапени се преспанската белвица, крапот, преспанскиот грунец и др. Импресионира фактот што на површина од само 20 хектари успеваат да опстанат толку различни и ретки видови растителен и животински свет. Нам, на луѓето, за жал, тоа ретко ни успева. И на крајот, ако овие неколку скромни редови кај вас побудија интерес да го посетите ова наше природно и историско богатство, тоа засега можете да го направите само со помош на локалните жители од селата Стење или Коњско, кои со своите малечки рибарски чамци за скромен надомест, по убаво време ќе ве прошетат до островот. Иако овој локалитет претставува вистински туристички потенцијал, не постојат организирани туристички посети ниту, пак, на целото Прспанско Езеро нема пловен објект со поголем капацитет, којшто би можел да ги прифати и до островот да ги однесе, во последниве години, сe поголемиот број заинтересирани посетители.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Пет Окт 31, 2008 2:40 am

Кривопаланечко и Кратовско

Ајде на едно патување во овие краишта. Тргнуваме од метрополата наша Македонска. Значи со почетна дестинација Скопје, продолжуваме...
Патувајќи накај Кратово, од Скопје, напуштајќи го Куманово, на тој пат, се наоѓа неодамна откриениот македонски „Стоунхенџ“. Но, не знаеме каде точно, па продолжуваме. За околу еден час пристигнуваме во Крива Паланка. Градот е необичен, искривен, змијовидно послан, од двете страни на реката, нормално, Крива Река. Како и повеќето Македонци, нашите познаници од градот топло нè пречекуваат и не го жалат нивното „потрошено“ време на нас. Се семстуваме во конаците на нивната гордост, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Сместен над градот, на неколку километри од него, во подножјето на Осоговските Планини. Едноставно, ни се случува убавина.



Се будиме в мугри, во конаците, да ја фатиме неделната литургија. Ислушајте ја неа, за тоа не мора да сте верник. Можете и да се исповедате.

Манастирот датира од деветнаесеттиот век. За историјата нема да ви зборуваме. Таа е напишана на влезот на манастирот. Но, распрашајте се за митовите, за преданијата врзани за овој манастир и за неговиот Светец-заштитиник, Јоаким Осоговски, кои одат многу поназад од 19-тиот век. Прашајте ја сестра Злата, која го посветила својот живот на овој и во овој манастир, прашајте го домарот Велин. Прашајте ги жителите на градот. Има толку топлина и магичност во тие преданија, се наежуваш. На пример, прашајте за муслиманскиот симбол поставен пред влезот на црквата, на оградата. Одете таму и прашувајте, откривајте.

Нашите познаници вечерта нè водат „во ноќен живот“. Сите се забавуваат, играат, сите пријатно изгледаат. Како да живеат во „идеално“ општество, без егзистенцијални грижи. Поминете една ваква ноќ во градот.



Се будиме в мугри, во конаците, да ја фатиме неделната литургија. Ислушајте ја неа, за тоа не мора да сте верник. Можете и да се исповедате.

Околу пладне, повторно со нашите пријатни познаници, заминуваме на десетина километри надвор од градот, по патот за Куманово. Педесетина метри по Бензиската пумпа и Хотелот „Вулкан“, покрај патот, вртиме десно, за Рибникот „Биг фиш“.

Всушност, тоа е една убаво средена фарма, во западен стил на зборот, со богат рибник, со благородните пауни и со фазани, со диви свињи и зајаци, со пар ноеви… Има и ресторан, па можете да ручате, како што направивме и ние, свеж крап, или сом. Има и мавровска пастрмка и преспанска плашица… И јадења од повеќе видови месо. Пријатен ручек.

Го продолжуваме магичното патување кон Музејот за карпеста уметност под отворено небо. По патот за Куманово го гледаме патоказот за Кратово. Па, вртиме кон таму, лево, и на 5-6 километри повторно лево, откако ќе го здогледаме знакот што кажува каде се наоѓа овој музеј.


Знаци изгравирани во каменот. Некои од нив се во вид на подредени крстови


А на неколку стотина метри погоре, по земјениот пат, на околните карпи нашите дамнешни претци, од пред 35 до 40 века, ја оставиле нивната врска со нас, врска од минатото за иднинаната. На нив, просто кажано, можете да видите сликово писмо, со чудни знаци и симболи, нацртани соѕвездија… Дали се одгатнати, не знаеме. Обратете се до Друштвото за карпеста уметност на Македонија, со седиште во Скопје.



Се враќаме на главниот пат за Кратово. По него продолжуваме да се движиме уште 5-6 километри. Ја бараме Куклица. По едно мосте, по необележан пат, вртиме десно. Земјениот пат не води низ полупразни убави стари македонски села. 2-3 километри, и ете нè пред скаменетите свадбари или скаменетите војници, сеедно.

Повторно волшебство и повторно митови и легенди, вистини и приказни, сè на едно место. Карпите-кукли, издигнати по дваесетина метри, нудат единствена слика. И тие се едни од немите сведоци и врски со минатото на нашата земја. Нашите претци, немајќи објаснение за нивниот постанок, на нив гледале со страхопочит. Дури не се осмелувале да ја поминат реката оддалечена стотина метри од Куклите. За нив тие биле богови, тотеми. Преминувањето на реката било можно само ако се барало помош од нив.




Тоа е приказна. Има и легенда, или легенди.

Едната од нив кажува дека тука се скаменетите свадбари. Невестите од Горно Маало и од Долно Маало, за време на своите свадби не смееле да се погледнат. Но, еден ист младоженец закажал свадба и со моми од двете маала, во исто време. Сепак, невестата од Горно Маало посакала да види која е невестата и кој е зетот од Долно Маало. Здогледувајќи го нејзиниот свршеник на тоа место, се проколнала себеси и сите други: „Да се скаменам јас, но и сите околу мене“. И, ете ги таму, сè уште мистично опстојуваат. Или, како што кажува друга легенда, тоа се војници кои смрзнале тука, поминувајќи по ниските температури…



Има и вистина. Текстот на Вест за Куклица цитира неименувани научници кои мислат дека геоморфолошките фигури се формирале пред околу 10 милиони години од минерали што се растворливи во вода. Со ерозијата останала само цврстата материја и ситни парченца руда. Потоа приодата станала вајар на времето.
Или има уште вистини? Кој знае дали некогаш мистеријата ќе се одгатне!?

Тоа е само дел. На Истокот се уште и Лесновскиот манастир, Пониква, беровските борови шуми и неописливата магична природа, струмичките водопади… Да појдеме и да видиме!

Извадок од: mymacedonia...izvor AGORA

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
tamara



Број на мислења : 41
Registration date : 2008-11-08

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 15, 2008 12:39 am

navistina ostanav bez zborovi preubavo very very nice
blagodaram [G]irL4[E]
se nadevam deka ce prodolzish da ne shetash po prekrasnite delovi na nashata preubava makedonija ushte ednash ti blagodaram navistina so zadovolstvo se shetav niz tvojot tekst i ubavite sliki prekrasen pejsaz thnx [G]irL4[E]
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Пон Ное 17, 2008 3:15 pm

ноу проблем...мило ми е што ти се допадна Wink

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Plavuska



Број на мислења : 394
Registration date : 2008-10-23

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Пон Ное 17, 2008 3:17 pm

Во потполност се согласувам со Тамара преубаво е навистина браво браво...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:26 pm

с. ВАРОШ - МАРКОВИ КУЛИ, Прилепско




Некогашното подградие на Маркови кули, Варош,
денес се наоѓа во северозападната периферијата на градот Прилеп. Во
времето на Волкашин и Марко, Варош претставувал извонредно значајна
населба со интензивен живот. Од тоа време се спомнуваат повеќе цркви од
кои денес не се пронајдени остатоци, туку само белешки и народно
паметење за нивното постоење, а останати се неколку кои зраќат со
својата убавина и изобилуваат со фреско живописи кои вреди човек да ги
види. Така, во едно предание се спомнува црквата Св. Лука, а во
повелбата на цар Душан забележани се црквите Св. Ѓорѓи , Св. Теодор,
Св. Јован Крстител, Св. Врачи и Св. Димитрија (во која се наодја според
некои најстарата и најубава фреска на балканот на светителот Св
Димитрија). Народот раскажал дека во старо време, во Варош имал 77
цркви, подигнати од банови и кралеви, а најголем број од Крале Марко.
Но, тие биле со кус век, бидејќи ги стасале клетвите од сиромашните
луѓе од кои Крале Марко пленувал пари за нивно градење. Тој не влегувал
во ниту една од своите цркви. Само минувал качен на коњот и одел во
меана да пие вино и ракија. Потоа, пијан собирал пари од сиромашните.
Затоа, вели народот, од сите изградени цркви, денес останале само
пет-шест. Од разрушените цркви, пак, диреците и престолите, сите
направени од мермер, биле однесени на турските гробишта во селото
Крклари. На нив имало пишувано со кирилски букви. Марковите кули,
Северозападно од градот Прилеп, на северниот дел над Варош, се издига
месноста Маркови Кули, еден од најживописните средновековни градови -
тврдини во Македонија покрај Охридските Самоилови или Штипската.
Претставува 120 - 180 метри висок рид, опкружен со стрмни падини
покриени со монументални гранитни карпи. До горниот дел од некогашната
населба може да се дојде од нејзиниот северен и јужен дел. Низ
четиридецениските археолошки истражувања, откриени се остатоци коишто
укажуваат на постоење на раноантичка населба - Керамија. Во римскиот
период, оваа мала селска населба се проширила во југозападното
подрачје, за што сведочат пронајдените мермерни украси од една
ранохристијанска базилика. Ѕидовите се со широчина од околу еден метар,
изградени од послаб варовен малтер и се потпираат на големите варовни
карпи. Тука се наоѓал и дворецот на кралот Волкашин и Марко. По смртта
на кралот Марко, во 1395 година, оваа населба била заземена од турската
стража, поради што животот во неа згаснал во целост. Жителите на
некогашната населба свое засолниште побарале во блиската околија.





Така, во подножјето на Маркови Кули, се развила
населба со разретчена структура, поделена во неколку маала во кои секое
имало своја црква. Убаво би било да се посети и види, а особено да се
доживее од врвот на кулите, иако качувањето од низината трае некои 40
минути за они со помала кондиција и ненавика за пешачење.


Извор:КарпеДием-блог

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:27 pm

Дуфски водопади




Прстен за небото

Ако патеката низ кањонот на Ростушка Река е невиден пејзажен накит за
вашата авантура, последниот од Дуфските водопади е вистински прстен за
небото што може да го видите над главите, единствено венчавајќи се
со... незаборавoт.



- Вообичаена слика за Дуфските водопади е болскотна вода што
наврапито паѓа од недогледните карпи во височините, директно врз
чистинка со клупа и дрвени столчиња и камења, камења,.. секаде наоколу.
Пејзажниот колорит му е целосно

потчинет на сивото, некаква природна сепија на нештата околу нас,
каде што сè е влажно, остро, стрмо, а водата е светла и темна во исто
време: светла (дури, недогледно бела!), кога се струполува низ кањонот
и темна –модра (црна, речиси!), кога ги заобиколува или целосно ги
обзема камењата испречени пред нејзиниот умислен тек. Оваа слика може
да се види во многу книги што зборуваат за Реканскиот крај, на интернет
како влезна илустрација на веб страницата на Река (www.reka.org.mk),
или како ударна во целата галерија на веб страницата на Ростуше
(www.rostuse.com.mk), но, иако позната за повеќемина од нас, директната
средба со неа, во живо, нуди многу, многу повеќе од претпоставеното,
очекуваното, замисленото во најдаровита фантазија.



Темнина сред бел ден





Неодминливо ќе се соочите со темнината сред бел ден, зашто кањонот
толку длабоко ве засекува во планината, што се здобивате со чувство
дека сте се одделиле и од небото. Иако ќе ви се причини дека го нема
над вас, саде карпи и камени острици угоре до недоглед, небото е
скриено и заедно со вас чека каква-годе ѕирка да ве изненади, да ви ја
потврди стварноста.

Втасувајќи до последниот, најатрактивниот водопад од серијата
струполувања на водата од Ростушка Река, мора високо да ја кренете
главата, да подзамижите заштитувајќи ги очите од мноштвото капки што
прштат во воздухот (оневозможувајќи ви не само да фотографирате, ами и
да гледате), а потем... откако окото ќе се адаптира на точкестата
влага, сосем на крајот, некаде во горното, вишно дно на немирната вода,
ќе го забележите прстенот сред карпата низ кој, покрај водата, кон вас
доаѓа и небото. Мигум се венчавате со незаборавот, зашто вакво заробено
небо и вакво грчевито единство на две синила ретко се гледа, а
засекогаш се помни. Но, сепак, за да се втаса таму, бездруго првин од
некаде треба да се тргне.



Скровити чистинки


Каде и да се информирате за Дуфските водопади, многу брзо ќе
сфатите дека до нив може да се дојде единствено пеш. Од Ростуше, веднаш
штом ќе го здогледате патоказот „Водопади Дуф“, го оставате асфалтниот
пат преминувајќи на левата страна и почнувајќи да се јазите по
означената патека. Ја оставате и болницата под вас, минувате низ
гробиштата или ги заобиколувате, а центарот на Ростуше набрзо исчезнува
десно од вас, залулкан во зеленилото, околните врвови и есенското
сонце. Во овој миг сте оддалечени од последниот, најголемиот водопад,
околу еден час пешачење и пробивање низ густежот од билки и дрвја, сето
позлатено од есента, или, пак, искачување и спуштање по каменестите
патеки кои, одвреме навреме стануваат претесни за две нозе. Шумски
јаготки, дренки, диво нане, лаванда, расцутени циклами недопрени од
ничие око,.. може да ви го одземат вниманието од означената патека, а
наш совет е да уживате во нив, но да не посегнувате, зашто длабочината
на бездните лево и десно од патеката најчесто не може да се претпостави
од билјето што ги крие. Очекувајте пет дрвени мостови и клупи за одмор
на скровити чистинки, но не чудете се ако самиот пристап до нив води
преку реката или ве одделува од црвените знаци што треба да ги следите,
зашто понекогаш патеката станува различна за оние што сакаат да
продолжат и за оние што сакаат да починат. Во ваква автентична средина
патот до одморот си има сопствена маршрута.



Умислениот тек на Ростушка Река



Умислениот тек на Ростушка Река Значи, првин треба да се „пронајде“
Ростушка Река (нејзиниот звук може многу да ви помогне, зашто пред да
ја видите, мошне долго да слушате), а потем само следете è£ го
умислениот тек. Умислен, затоа што нејзините води, најчесто скромни по
количество, тврдоглаво и со невидена сила и страст минуваат буквално
каде ќе посакаат: низ, под и зад камења и претешки карпи, го засекуваат
пејзажот со остриот нож на својата исклучитеност. Блиските камења ги
обвиткуваат и тркалаат во сопствениот воден протек, а далечните ги
разубавуваат фрлајќи им само капки од кои темнеат и сјаат. Никаде на
друго место нема толку камење на пруги, светло-темно во дребните мазни
камчиња на дното, но и светло-темно во цели немерливи карпи извишени
над реката кои се однесуваат кон водата небаре ја кријат од небото.
Природните каскади на Ростушка Река се ретки и неповторливи, од еден се
оди кон друг водопад и сè така додека не се дојде до последниот,
најголемиот, најпознатиот, кој мора широко да се заобиколи доколку се
сака да се продолжи, зашто тој е цел, а не старт или патемна станица.














Ова е само дел од чудесните убавини на Долна Река која ја опфаќа
областа од вливот на Рибничка Река во Радика па сè до месноста Бошков
Мост, односно вливот на Мала (Гарска) Река во Радика. Сосе живите и
развиени села: Жировница, Врбјани, Ростуше, Битуше, Јанче, Требиште,
Велебрдо, Скудриње, Присојница и Видуше.
Природно чудо

Дуфските водопади, заедно со целата територија на Реканскиот
регион (Горна Река, Долна Река, Голема Река, Мијачија и Малорекански
крај) припаѓаат на Националниот парк Маврово со површина првин од 11
750, а од 1952 со проширување на неговите граници – 73 088 хектари, што
претставува најголемо заштитено подрачје во Република Македонија.
Благодарејќи на проектот на невладината организација поддржан од
Министерството за култура и Светската банка, изградени се пристапни
патеки и мостови до водопадите, поставени се информативни табли и
патокази, сето тоа со цел што поголем број случајни минувачи, но и
намерници, да го посетат ова вистинско „природно чудо“ кое до скоро, за
жал, го знаеја и уживаа во него единствено мештаните.



rostuse.com.mk

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:28 pm

Прекрасни визури пред Лесновскиот Манастир ... Осоговија ...









Дента кога бев во посета на Кратово ... Шлегово ... Писан Камен ...
Пробиштип (линк 2 ... 3 ... 4 ... 5 ... ) ... појдовме према
Лесновскиот Манастир ... Попат ми западнаа за очи прекрасните визури и
долги погледи пред Лесновскиот Манастир ... Времето беше предодредено
за сликање ... преубав колорит на бои предизвикан од убавото сонце кое
се пробиваше во колаж од облачиња кои формираа разни фигури на бела и
плава нијанса ... а подножјето се оцртаваше со светло и сенка од
облаците ... Ден предодреден за сликање ... особено на вакви места каде
нема смог ...







На ова место морав да застанам ... нешто ме мамеше да излезам од
колата и до сликам ... Природата е секојпат најдобар архитекта ...
преубава гледка од каменот кој подесќа по малку на Мечкин Камен ...







Од карпата која ме привлече да застанам ако фрлиш поглед ... на
едната страна е прекрасната визура од колажот број два на постов ... а,
ако фрлиш поглед во контра правец - ке го здогледаш низ клисурата
Лесновскиот Манастир ... горниот колаж ... Ова е уствари позната
вулканска долина која е доста истражувана од геолозите ... За пештерата
зголемена доле лево мислев дека е уште една од пештерите на некој
пустиножител ... но покасно оците од Лесновскиот Манастир ми појаснија
дека е тоа мајдан за воденички камења ... Неколку фамилии имале свои
мајдани за воденички каменја ... За подсертување - за да воденичките
камења бидат добри да го мелат житото ... едниот треба да е тврд/љут а
другиот треба да е мек ... Затоа се вели дека “два љути камења не мелат
жито“ ... сакајки да се каже за вообичаените расправии меѓу партнерите
- кога никој не попушта ... дваицата се направени од “лут камен“ ...







Уште една потврда за убавините на местото ... забележани од окото на
мојот фото апарат ... Двете бабички се етолошки приказ на луѓето од
крајот Осоговски ... Од ставата им се глада дека здравјето им пука (пу,
пу, пу ...) ... за годините се супер ... Подоцна разбрав дека се тоа
група од десетина жени кои одат на испомош за молзење на стадото
манастирски овци ... Можете да замислите каво сирење излегува од оваа
прироа ... мммммммммм ...







Еве ја и мапата за да знаете за кој дел на Македонија зборувам ...
Осоговјето е прекрасна природна целина ... која изобилува со природни
убавини - некои сеуште недопрени од човечката рака ... бројни цркви и
манастири ... легенди ... природни реткости и минерали ... руди ...
Историјата на рударството во Македонија е врзана со Осоговијата ...
етнологија ... стара архитектура ... карпеста уметност - најсочувана во
овој дел на светот ... неколку пустиножители и легенди врзани за нив
(Лесновски ... Осоговски ... Рилски и блискиот Прохор Пчињски ...).
Околу Осоговјето на неговите рабови има села и помали градови - кои
живеат живот со друго темпо ... не како нашето - брзо ...


Појдете, посетете ја оваа убавина ... луѓето се гостопримливи ... ке
најдете и ефтино сместување и во приватниот сектор ... селски туризам
... а Осоговскиот Манастир има конаци кои се издаваат ...



Некои држави како Америка на пример би дале огромно богатство за да
имаат нешто што е постаро од 300 години ... Нашиве краишта се преполни
со неколку иљади години историја и вредни археолошки наоѓалишта ...



Македонија вреди да се спознае ... Знаете како се вели ... Она што
ти е достапно - пред нос де ... не го цениш ... Сонуваме за некакви
странски егзотични дестинации ... а за нашите егзотични десинации не ни
знаеме дека постојат ...



Волан-блог

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:28 pm

Двете бабицки на сликата се баба Ана и баба
Драгица. Веќе 20 години се прислужнички во манастирот. Инаку тие се
сестри и се хрватки кои што се омажиле во Лесново и тука останале да
живеат.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:30 pm

И уште нешто за манастирот:

Според најстарото пролошко житие на Св. Гаврил
Лесновски, коешто го напишал Станислав Граматик во 1330 година, оваа
света обител потекнува некаде од 11-тиот век, кога по Божја милост,
преподобниот Гаврил Лесновски се населил во Лесновската Гора и го
основал манастирот, посветувајќи го на Св. Архангел Михаил. Св. Гаврил
е еден од четворицата македонски пустиножители, заедно со Св. Јован
Рилски, Св. Јоаким Осоговски и Св. Прохор Пчињски, кои се сметаат за
зачетници на еремитското монаштво во Македонија, кое се развило под
влијание на Света Гора и најпрвин ги зафатило северните краишта на
Македонија. Во дворот на манастирот сеуште опстојува едновековно дрво
(црница или дудинка) за кое е врзана една приказна дека четворицата
духовни браќа под неговата сенка се договориле да тргнат од таму пешки
на различни страни и кој каде ќе застане да изгради манастир. На Св.
Гаврил му се паднало да остане во Лесново.



Текстот од краткото пролошко житие од 1330 година гласи



„Тој преподен отец наш Гаврил беше син
на благородни и богати родители. Беше даден да учи книга и со Божја
волја беше ревносен. Кога дојде време, го свршија за невеста од добар
род. Но тој не се допре до неа и, откако зеде многу богатство, отиде во
манастир и стана монах. Со претскажување на Великио Архистратиг Михаил,
отиде во Лесновската Гора и соѕида храм за светиот Архистратиг и
назначи игумен и собра монаси. Тука го остави и сиот свој имот, па
отиде во гората и молчеше во бдеење, молитви, минувајќи ден и ноќ без
сон и, откако претрпе многу маки од бесовите, помина 30 години. Кога
дојде во манастирот, се упокои и неговото тело помина во земјата други
30 години. Потоа се јави некој Русин во градот Средец (Софија), кој
дојде и го извади, му направи ковчег и тука ги полжи неговите мошти.
Направи многу чудеса - слепи прогледуваа, куци проодуваа, поразените од
нечисти духови добиваа исцеление со допирот на светите мошти. По многу
време, неговите мошти беа пренесени во бугарскиот град Трново и беа
положени во Трапезица во Светите Апостоли каде што лежат и до сега,
давјќи исцеленија и до овој ден.“




По упокојувањето на Свети Гаврил, манастирот продолжил да живее,
негувајќи ја монашката традиција и тоа придонело во таа област да се
подигнат бројни свети места - помали манастири, скитови, параклиси и
сипосници, кои подоцна се исполниле со ревносни подвижници, поради кој
во пошетокот манастирот бил нарекуван „Велика Лавра“, постанувјќи
средиште на највозвишен монашки живот во тогашната Мороздвиска
епископија. Сите овие места се запишани во историско-книжевниот текст
„Изјаснително писание“, кој го сречаваме запишан во ракописи веднаш по
опширното житие на Св. Гаврил. Во него се набројуваат следните скитови

На исток - Св. Никола, Св.
Димитриј, Св. Бесребреници, Св. Вознесение Господово, Св. Јован
Крстител, Св. Спиридон, Св. Марина и Успение на Пресвета Богородица.

На запад - Св. Варвара, Св. Параскева, Св. Георгиј, Св. Илија и Св. Симеон Мироточив.

На север - параклисот Покров на Пресвета Богородица, испосница и параклис Св. Архангел Михаил и на југ Св. Бесребреници.

Според Јордан Иванов, известувањата и податоците во „Изјаснително
писание“ се однесуваат на периодот од 14. век и кажуваат дека
Лесновскиот манастир со своите скитови, бил една од најголемите монашки
населби на Балканскиот Полуостров, во која живееле над 200 монаси.

Во 1341 г. Јован Оливер, кој бил севастократор, голем војвода и
деспот, прв царски советник на на дворот на цар Стефан Душан, го
возобновил манастирот, при што на местото од старата црква подигната од
Св. Гаврил, изградил нова малку поголема црква, задржувајќи ја
посветата на Великиот Небесен Архистратиг Михаил. За постоењето на
старата црква сведочи и излижаниот камен праг на влезот кој води од
припратата кон наосот на црквата....



....Со доаѓањето на османлиите во Македонија, Црквата се нашла во
тешка положба. Лесновскиот манастир во почетокот останал поштеден од
иноверните поробувачи. Треба
да се спомне дека низ целата историја на манастирот нема ниту еден
податок за турско насилство врз Лесновскиот храм, ниту пак можат да се
востановат такви траги
, а за тоа постои и едно локално предание во Лесново кое се пренесува и до денес.

Тоа вели дека набргу по доаѓањето на османлиите, Мурат-бег дошол
со бројна војска во манастирот со намера да го разурне и да ги погуби
монасите. Кога го потпишувал ферманот за уривање на манастирот под
црницата, похулил на Христа и на верата Христова и веднаш потоа целата
десна страна од телото му се паразирала и му се одзел видот, а потоа
истото се случилло и со неговите најблиски. Но откако тој се покајал и
побарал прошка од светителот, по молитвите на преподобниот Гаврил
Лесновски, Бог му го повратил видот и го исцелил. Тогаш Мурат-бег го
оставил манастирот неповредн и му подарил 50 ха земја во местото
Глобица крај Злетовска Река, апод крстот на централното кубе поставил
полумесечина, како знак за заштита на манстирот од османлиите.

Во овој период, Лесновскиот манастир станал носител на духовниот
отпор на македонскиот народ, на кој му влевал сила и решителност да
истрае низ идното мачно време.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:30 pm

Македонија: Убавините на Порече - Локвица

фоторепортажа - Жарко Трајановски



Пештерата „Пешна“ се наоѓа во атарот на селото Локвица кое некогаш било
едно од најголемите села во регионот. Меѓутоа, иако Локвица географски
припаѓа во Порече, селаните не се нарекуваат себеси „Поречани“.



Една од можните причини е тоа што Поречаните биле сметани за
„србомани“ (не за џабе Порече било нарекувано „Мала Шумадија“), додека
Локвица како „бугарашко“ село била перципирана како „Мала Софија“.
Денеска, „србоманските“ и „бугарашките“ традиции главно се третираат
како добар повод за шегување.





Најинтересно нешто во Локвица ми беа старите куќи.





Локвичани се познати како ѕидари кои работеле како печалбари во Бугарија, Србија, Влашко...





Природата околу Локвица е попитома отколку во другите краишта на
Порече, но и оттука има прекрасен видик на планинскиот масив Даутица -
Јакупица - Караџица.











Впечатливите лица на жилавите бабички кријат во себе многу приказни.





Локвица најпосле има водовод и прекрасни градини со разновидно
овошје, зеленчук, и убави цветови на кои слетуваат живописни пеперутки.







Во селото повторно се разбуди надеж по најавата дека селското
училиште ќе се претвори во нов Факултет за екологија и еко-туризам.

Извор: mymacedonia...

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:32 pm

http://www.ciplakovakoliba.com/file/doma.html

eve edno interesno linkce Smile

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:34 pm

Колекција есен/зима 2007



Охрид




_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:35 pm

Преспа




_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:35 pm

Маврово




_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:35 pm

Големо Езеро (Пелистер)




_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:35 pm

Козјак




_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 3:37 pm

Бонче



Повеќе пати сум пропатувал по овие краишта и стално сум слушал како
мештаните раскажуваат разни „приказни“ за старо Бонче и за големиот
крал Боне.Не сум обрнувал поголемо внимание се додека во јавноста не се
прочу сторијата со штитовите.До Бонче се стига на два начини,преку
асфалтниот (акцијашки)пат,пониските возила обично се оставаат кај
местото наречено слива и од таму има околу 5 км. до Бонче,дел земјен
пат дел француска калдрма.

Но во случајов поинтересна релација е патот
Тополчани-Ерековци-Канатларци-Подмол-Бонче, не дека патот е подобар
туку дека старо Бонче се протега одма после Подмол па се до ново Бонче
околу 5 км.



И така во неделата заминав да го разгледам теренот
поконкретно,наоружан со фото апарат и малку ракија за кураж(денот беше
како убав сон-летен)но главниотф.апарат Х.П.(со мануелен зум и
512мб.меморија)нешто ми ја подзакоче работава норезервното канонче ја
надополни. Значи намерата ми беше да стигнам од Подмол до Бонче и потоа
да се искачам преку јужниот брег над селото и преку теренот кој го
нарекуваат мештаните старо Бонче да се вратам до Подмол





На околу 1 км. Пред селото,на левата-северна страна се пружи ова
глетка,засекот во ридот што е обраснат со шума се вика Божја врата,над
него на врвот обележан со црвена стрелка и околу врвот постојат само
темели на стара утврда?тврдина?-не би нагајѓал туку само ви ги
пренесувам кажувањата на мештаните и неколкуте овчари кои ги сретнав по
теренот.Е на тој врв уште 1918 г. мешана екипа од словенци и
хрвати(веројатно археолози),околу 10ина денови вршеле ископување на
врвот од овај рид и на ридот од спротивната страна-јужната од селото
спрема Крушевица.И така тие си поткопнувале по нешто и си заминале со
неколку натоварени магариња со некои ковчези.-Иделе, иделе тука и пред
2ра св. в. и во 50те години на повеќе локации копаа, копаја,бушеа и си
заминуваја натоарени...





Кога влеговме во селото веднаш воочив еден постар и еден помлад археокопач како истражуваат....

Ааа, си реков тука мора да има нешто и со уште поголем елан продолжив попреку селото да се искачувам

на јужниот брег,зад кого селаните тој терен го нарекуваат старо Бонче.









Поглед од јужниот брег над селото









Поглед од истиот брег на спротивната страна-старо Бонче(дел од просторот што го опфајќа)





На удолу околу километар и пол спрема кажувањето на овчарот кој во
близина го пасеше стадото –абе изваја некој ламаринчиња таму кај
сливата...идат бе идат от скопје некни беја 2-3ца и една женска,пред 1
недела беја едни от Германија...се војват по ова ридојве...

Значи од дупкава(1м.-1.20м.длабочина) покриена со гранки и покрај
нејзе купче камења и искршени ѓерамиди(теракота)се пронајдени штитовите
кои кренаја толку прашина? Беше спомнувана нива?орање?...така разбрав и
видов така пренесувам .

Со црвена стрелка означениот врв на ридот исто така е интересен за
многумина кои доајѓаат овде,таму исто како и на спротивниот врв кој го
опишав погоре има остатоци од некои рушевини...



skopsko.blog

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Саб Ное 22, 2008 4:34 pm

Лесновските камења






Од
Лесновскиот вулкански кратер, Лесновските мајстори со векови ги делкале
на далеку познатите воденичарски камења кои потоа на коњи се носеле до
Солун и подалеку. Експлоатирајки ја карпата, окната се споиле во
лавиринт од пештерски простории кои во дадени моменти служеле како
засолниште на комитите. Лесновските окна и воденичарските камења се
сведоштво за едно време ...



_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Македонските скриени убавини   Today at 3:31 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонските скриени убавини
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: