CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Музеите во Македонија Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Музеите во Македонија Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Музеите во Македонија Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Музеите во Македонија Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Музеите во Македонија Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Музеите во Македонија Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Музеите во Македонија Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Музеите во Македонија Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Музеите во Македонија Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Музеите во Македонија Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
Иво (711)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
@komita@ (690)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
Ane (624)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
S0tE (547)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
Dimce* (431)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
Plavuska (394)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 
ivan4e (111)
Музеите во Македонија Vote_lcapМузеите во Македонија Voting_barМузеите во Македонија Vote_rcap 

 

 Музеите во Македонија

Go down 
АвторПорака
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Музеите во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Музеите во Македонија   Музеите во Македонија Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 4:23 pm

Музеј на современата уметност, Скопје



Музеите во Македонија 20t48km

Музеј на современата уметност



Музејот на современата уметност е подигнат на скопското Кале во 1970
год. Проектот за зградата е донација на полската Влада, којашто за таа
цел распиша национален конкурс на кој беше прифатено заедничкото дело
на полските архитекти Ј. Мокшински, Е. Вјежбицки и В. Клишевски.
Зафаќајќи вкупна површина од 5000 квадратни метри, зградата на МСУ ја
сочинуваат три поврзани крила во кои се распоредени салите за повремени
изложби, просторот за постојаната поставка, салата за предавања,
филмски и видео проекции, библиотека и архива, администрацијата,
конзерваторската работилница, депоата и други помошни служби.



Историја на збирката




По катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 год. светската
заедница покажа извонредно широка солидарност со која ја помогна
обновата на Скопје. Како значаен дел од оваа солидарност беше и
акцијата покрената од страна на Меѓународното здружение на пластичните
уметности, кое на својот конгрес одржан во октомври 1963 год. во
Њујорк, упати повик до уметниците во светот да помогнат во создавањето
колекција на уметнички дела со која ќе ја поттикнат визијата за
обновата на градот. Оваа акција, како и оние други здруженија и
поединци, придонесоа многу брзо градот Скопје да се здобие со
забележителна колекција на дела. Како резултат на тоа на 11 февруари
1964 год. Собранието на Град Скопје го основа Музејот на современата
уметност (МСУ).



Збирка



Музеите во Македонија 20t48ig



Изложбена сала на Музејот



Збирката на Музејот ја сочинуваат два сегмента: меѓународен и
национален. Меѓународниот дел содржи дела на Емил Фила, Франтишек
Музика, Фернан Леже, Андре Масон, Пабло Пикасо, Ханс Хартунг, Виктор
Вазарели, Александeр Калдер, Пјер Сулаж, Хенрик Стажевски, Алберто
Бури, Енрико Бај, Роберт Јакобсен, Етјен Ажди, Золтан Кемени, Роберт
Адамс, Емилио Ведова, Антони Клаве, Георг Базелиц и др.



МСУ во својата Националната збирка поседува дела на Димитар
Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Димитар
Кондовски, Ристо Лозаноски, Петар Мазев, Душан Перчинков, Родољуб
Анастасов,Танас Луловски, Јордан Грабулоски, Анета Светиева, Димитар
Манев и д
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Музеите во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Музеите во Македонија   Музеите во Македонија Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 4:23 pm

Завод и Музеј Прилеп





Музеите во Македонија 2zhgjuoМузеите во Македонија 34ziqdz





Салата со површина од 180 метри квадратни, во која е сместена
постојаната археолошка поставка, во поставката се изложени предмети од
досегашните археолошки истражувања во прилепскиот регион, како што се
предмети од коски, керамика, мермер, метал, монети, статуетки со кои ќе
се отслика минатото на Прилеп.

Во тек се археолошките истражувања на античкиот град Стибера и на
праисториската населба Трештена стена во Мариово. Стручните екипи на
Звод и Музеј на локалитетот Стибера освен ископувања вршат и
конзерваторско реставраторски работи.



Музеите во Македонија 4cihbab



Од досегашните истражувања констатирано е дека Стибера е антички
град со континуиран живот од 3 век п.н.е. до 3 век н.е. Откриени се
неколку објекти од кои позначајни се храмот на божицата Тихе,
заштитничка на градот, кој според архитектурата припаѓа на раниот
римски период и Гимназионот. Се претпоставува дека во градот во
неговиот процут живееле 20.000 жители. Во досегашните ископувања
откриени се мермерни статуи од кои дел се во прилепскиот музеј, дел во
музеите во Скопје и во Белград. На локалитетот Трештена стена стручните
екипи работат трета година. Станува збор за праисториска населба која
датира од енеолитскиот период. Во досегашната работа на терен се
откриени керамички садови, статуетки, орудија од камен и коска.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Музеите во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Музеите во Македонија   Музеите во Македонија Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 4:23 pm

Музеј на град Скопје





Музеите во Македонија 21bqdja



Музеј на град Скопје е основан 1949 год. Од 1970 год. Музејот е сместен
во адаптираниот дел од старата железничка станица која делумно била
разурната во скопскиот земјотрес од 1963 год. Една третина од зградата,
која останала релативно зачувана, денес е во функција на Музејот кој
располага со простор од 4.500 м2, од кои 2.000 м2 е изложбен простор.
Од тогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на
подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, историјата на
уметност, во регионот на град Скопје. Освен системските истражувања,
прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна
обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и негоа
јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата
така и во странство. Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети
распоредени по четири одделенија: археологија, историја, етнологија и
историја на уметност. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од
182 фотографии на доаенот на македонската уметничка фотографија Благоја
Дрнков и донацијата на jапонска графика Укијое. Во 1991 година Љубомир
Белогаски му подари на Музејот на град Скопје 159 дела (претежно
акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков
вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на
град Скопје што го носи името на донаторот Љубомир Белогаски и во која
чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела.
“Прошетка низ минатото” е постојана поставка во Музејот која го опфаќа
периодот од Праисторија до почетокот на 20 век за Скопје со неговата
околина. “Отворено графичко студио - МАК-ГРАФ” отворено во 1994 год.
кое има и меѓународен карактер, простор за постојан контакт меѓу
уметниците но и публиката, каде уметниците графичари можат да творат и
да ги изложуваат своите дела. Во Старата скопска чаршија се наоѓаат
депандансите на Музејот, и тоа во Сули ан е сместена постојаната
поставка за “Историјата на старата скопска чаршија”. “Меморијалниот
музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ” и “Меморијалниот музеј на
илегалната работилница за оружје од НОБ”.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Музеите во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Музеите во Македонија   Музеите во Македонија Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 4:24 pm

Музеј на Македонија - Археолошки, Етнолошки и Историски





Музејот на Македонија е комеплексна институција која се состои од
Археолошкиот, Етнолошкиот, Историскиот оддел и Одделот за уметност, а
која денес се наоѓа на крајот од старата чаршија, под скопското Кале.
Првиот Археолошки музеј во Македонија е формиран во 1924 год., а во
1945 год. е востановен Народниот музеј на Република Македонија.
Музејските збирки биле сместени во Куршумли ан, во зградата на
„Метропол“ (плоштад Македонија) и во една зграда на тврдината Кале,
која биле урната во катастрофалниот земјотрес во 1963 год. Во 1949
година посебните одделенија во Народниот музеј се трансформираат во
Археолошки музеј на Македонија и Етнолошки Музеј на Македонија.
Почетоците на Историскиот оддел датираат од 1952 год., кога е формиран
Музејот на НОБ. Во 1953 год. е основан Историскиот музеј на Македонија
со формирање на посебно одделение за истражувањње на Илинденското
востание од 1903 година. Во 1976 год.е изграден музејскиот комплекс во
кои и денес е сместен Музејот на Македонија, а чија вкупна површина на
изнесува 9560 м2. Во 1984 год. трите музеи се интегрираат во комплексна
институција Музеј на Македонија - Археолошки, Етнолошки и Историски, во
1991 год. во рамките на музејот е формиран и посебен Оддел за уметност.



Музеите во Македонија 20rl73a

Музејска зграда, Кале



Музеите во Македонија 20rl79u

Музеј на Македонија, денес



Во рамките на музејот е и зградта на Куршумли ан, во која е поставена изложбата на камени споменици - Лапидариум.



Музеите во Македонија 20rl8hj

Куршумли ан во почетокот на XX век



Музеите во Македонија 20rl8k8

Куршумли ан денес
_________________
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Музеите во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Музеите во Македонија   Музеите во Македонија Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 4:24 pm

Галеријата на икони



Музеите во Македонија 4bt0uhy





Галеријата на икони во Музејот на Македонија во Скопје е поставена на
простор од 2000 метри квадратни на првиот спрат во изложбениот простор
на Музејот на Македонија. Галеријата е опремена по сите светски
стандарди, со најсовремени витрини и осветлување, клима и алармни
уреди. Во Галеријата на икони се поставени 120 икони што ги опфаќаат
сите периоди од 9. до 19. век од скоро сите цркви и манастири во
Македонија. Покрај иконите се изложени и помал број делови од
оригинални фрески од црквите во Македонија, затоа што и фреската на
некој начин е икона, се разликува само во техниката на изработка, а
иконографската содржина е иста. Поставени се неколку поголеми фрески од
манастирските комплекси Водоча и Вељуса кај Струмица кои го
претставуваат најраниот период од фрескоживописот во Македонија и
помали делови од фрески од повеќе цркви во Македонија со кои се
одбележани сите други периоди до 19.



Изложените икони се најрепрезентативните и највредни примероци од
сите периоди, избрани од богатата колекција од над 400 икони, што ја
поседува Музејот на Македонија. Во галеријата на икони поставена е и
иконата "Исус Христос" од 16. век од црквата "Св. Ѓорѓи" во Курбиново.
За оваа икона некои од историчарите на уметност велат дека можеби е
најубавата македонска икона, врв на византиското сликарство во
Македонија. Иконата, Музејот на Македонија ја има повеќе од 25 години .
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Музеите во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Музеите во Македонија   Музеите во Македонија Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 4:24 pm

Галеријата на икони Прилеп



Музеите во Македонија 42ibnliМузеите во Македонија 29fsfw5



Во познатото Баба Неделино училиште во Прилеп се наоѓа постојаната
поставка насловена како “Галерија на икони”. Денес колекцијата брои над
200 икони кои потекнуваат од крајот на XVI до крајот на XIX век.


“Галеријата на икони” опфаќа 66 експонати, една плаштеница “Ерусалимско
платно” и една фреска “Архангел Гаврил” од црквата “Архангел Михаил” од
XII век. Тоа е првата црква која била разрушена. Се претпоставува дека
на композицијата се претставени Архангел Гаврил и Архангел Михаил во
олтарната ниша, односно апсидата. Споменатата црква се наоѓа под подот
на денешната црква “Архангел Михаил”. Ова е многу специфично, можеби и
единствен случај во Македонија. Северниот ѕид на црквата бил природен
ѕид на карпа, но поради земјотрес или пак некоја друга причина таа се
разрушила, така што на неа подоцна е изградена денешната.









Музеите во Македонија 3508l00







Застапени се икони од XVI, XVII и XIX век, а потекнуваат од црквите
“Св. Благовештение” во Прилеп, “Св. Спас” од Мало Руфци, “Св. Никола”
од село Зрзе, “Св. Никола” од село Крстец, “Св. Димитрија” од село
Ореовец и “Св. Ѓорѓи” од манастирот Дервен. Благодарение на
Македонската православна црква и благословот од Владиката Петар се
позајмени одредени икони од споменатите цркви, а поголем дел се од
црквата “Благовештение”.


Најголем дел од иконите се од депото на Заводот и Музеј на Прилеп кои
се собрани во времето кога поголем дел од црквите во нашата неподсредна
околина биле запоставени, додава директорот Јованоски. Тогашната
институција и стручните лица во неа со своите можности направиле добар
потег што ги оставиле иконите во нашиот Завод и Музеј. Сега, по 40
години, излегоа од тоа депо, иако претходно беа третирани и
надгледувани.






Музеите во Македонија 34yr8td







Авторите на постарите икони не се познати, особено на иконите од XVIII
век. Има еден познат автор на епистилот, односно чинот “Денсиз со
апостоли”, од иконостасот кој потекнува од црквата “Свети Никола” од
селото Зрзе и којашто датира од 1535 година. Тоа е иконописецот -
зограф Јован кој работел икони во некои цркви во Демирхисарско.
Најпознати се авторите на иконите од XIX век. Во овој век на прилепска
територија твореле двајца познати иконописци: Адамче Јанов - Најдов и
Јован Атанасов - Будимовски. Главен акцент на оваа поставка е исто така
да се презентираат овие двајца автори кои работеле од средината на XIX
век. Иконописецот Јован Атанасов работи некаде во втората половина на
XIX век сe до 1908 година кога всушност завршува таа зографска
традиција. Тој е последниот прилепски зограф, а неговиот сликарски
прибор е изложен токму на оваа поставка кој бил откупен од Заводот во
1957 година од неговиот син. Во тој период откупена е неговата икона
“Богородица со Христос
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Музеите во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Музеите во Македонија   Музеите во Македонија Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Музеите во Македонија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Далеку од Македонија
» “Крлежите“ на Македонија!
» Претседател на Република МАКЕДОНИЈА ???кој
» Македонска народна носија
» ЕП 2008 - Македонија (жени)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: