ВАРДАР 2 Во првиот пост за топонимот
Вардар дадов осврт на староста на топонимот и можните одговори што означува
Вардар. Да повториме дека топонимот е стар и е запишан од античките
народи како
Βαρδάρης - Бардарис.Во
овој пост ќе пробам да дадам објаснување дека топонимот Вардар има
тотално домашно објаснување. Но прво пак ќе мора да се образложи
објаснувањето дадено на Википедија за Вардар. Таму се вели дека
најприфатено објаснување е со ПИЕ (Прото-Индо-Европски) зборот
wordo-wori (black water) = Црна Вода. Зборот
wordo/swordo за црно се наога преку германскиот
schwarz (dark-colored, black) = темнен, црн. Од тука останува вториот дел на топонимот, тоа е ПИЕ зборот
wori = вода.Но
дали е се така, дефинитивно НЕ. Бидејки Вардар ќе се викаше Свордовори.
Зошто горното не е точно, бидејки оние кои го правеле ПИЕ речникот, се
раководеле и според Санскритот, но за Вардар сепак им било полесно да
си направат своја варијанта. Прво во Санскритот за црно/темно постои
зборот
kala. Кога се бара потеклото на зборот вода, пак се прави циркус. За вода еве го објаснувањето од
http://www.etymonline.com/index.php?term=water WATER - O.E.
wæter, from P.Gmc.
*watar (cf. O.S.
watar, O.Fris.
wetir, Du.
water, O.H.G.
wazzar, Ger.
Wasser, O.N.
vatn, Goth.
wato "water"),
from PIE *wodor/*wedor/*uder-, from root *wed- (cf. Hittite
watar,
Skt. udnah, Gk.
hydor, O.C.S.,
Rus. voda, Lith.
vanduo, O.Prus.
wundan, Gael.
uisge "water;" L.
unda "wave").
Linguists believe PIE had two root words for water: *ap- and *wed-. Значи на почеток за
ВОДА ни викаат дека влече корен од
wori = вода, потоа на друго место викаат нешто друго
wed = вода.За да ја расчистиме дилемата, имаме Санскрит кој е запишан јазик и кој ги потврдува зборовите. Во Санскритот постои и
var кој одговара на
wori = вода, а постои и
uda која одговара на
wed = вода.Гледаме дека
uda = wed = вода е сосема во ред во сите јазици, но
Вардар не содржи никаде
uda = wed = вода . Останува да го пронајдеме
var =
wori = вода во нашиот јазик. За среќа објаснување постои.
var =
wori = вир (вир, из
вира, из
вор, вари, врие). Повеќе не треба да се колебаме дека
var =
wori = вода. Но
што правиме со вториот дел од топонимот. Овде постојат две варијанти,
едната е многу проста додека другата има подлабоко значење. Би почнал
со простата варијанта. Во санскритот
dara (tearing up , rending, cleaving - to split or divide along a natural line of division),
dara = дере , раскинува на две по природна линија, па од тука
var+dara = вир+дере =
вир/вода/река која ја дере или дели територијата на пола . Во нашиот јазик во денешно време постои терминот вододерина, речните корита се вододерини.
var+dara = вир+дере = вододерина. Во санскритот дури постои и целиот термин заедно
vardhara (
a jet of water, stream)
во превод би било нешто како воден млаз или брзак/брзаци. Посложената
варијанта е можеби поточна, бидејки сепак топонимот е створен во време
кога владеле природните божества. Водата е сметана за еликсир на
животот, постоеле денови во годината кога водите се претворале во живи
води и тогаш капењето во нив и пињето од нив се сметало дека е лековито
и го продолжува животот, водата имала моќ да подмладува. Впрочем до ден
денес е останат култот кон водата, само во христијанска варијанта.
Имајки го во предвид ова, Вардар е вода која дарува
var+dar = вир+дар =
вир кој дарува. Како во санскритот, така и кај нас
var = варди, тоа е реката заштитничка, водата која не дарува.
Останува
сами да одлучите која варијанта е поточна, највжно е што ВАРДАР, нашата
река заштитничка (можеби име на божица) не дарувува со еликсирот на
животот и има целосна етимологија во нашиот јазик.