Дали знаете да играте ... дали тоа претставува ваше хоби
Тенис на табла - пинг понг е спорт во кој двајца или четворица играчи удараат малечко, пластично топче со помош на дрвени палки, насочувајќи го еден кон друг. Оваа игра е слична со тенисот на трева, со таа разлика што се игра на површината на една маса со мрежа на средината. Целта е да се удри топчето така што тоа ќе се префрли мрежата и ќе отскокне на противничката страна од масата на начин кој ќе го спречи противникот да стигне до него и да го врати кон противникот.
Измислена во Англија во почетокот на 20 век, играта наскоро се проширила низ целиот свет. Од средината на 1950 година, овој спорт станува доминантен во источно-азиските земји. Од 1988 год. е прогласен за олимиски спорт во конкуренција за мажи и за жени.