Еве, за почеток, јас ќе придонесам со една своја песна, а понатаму постирајте ваши песни на било која тема, освен љубовна (љубовните ќе ги постираме во темата љубовни текстови).
СОНУВАМ ЗА ДОБРИТЕ ВЕТРИШТА НА ИДНИНАТА
Ноќта го спушти својот темен ѕвон
градот потонува во првиот сон,
јас на балконот молкум седам
и приказна чудна за сегашноста предам.
Во реката блиска риби грбно пливаат,
Гранките на дрвјата од болка се свиваат.
Едно мало дете срцето го пече,
Од загаден воздух и нездрава храна лекарот му рече.
Над земјата непријатна миризба се шири,
Ќе се најде ли некој ова да го смири?
И кога би имала некоја чудна моќ,
В оваа темна и студена ноќ,
Да навлезам во дом секој
Што би видела – само злоба и прекор.
Секој со секого секаде се кара,
Никој не ја почитува татковината стара.
Неслога владее со овој свет,
Се храниме со олово наместо со мед.
И коолку сакам да добијам крилја,
Па да летнам повисоко од една милја,
Потоа да се вивнам во небото вишно,
Па да викнам гласно, а скришно:
- СТОЈТЕ, застанете! Зар не гледате каде ова нè води?!?
Тргни чекор напред, наместо два назад да изодиш!
Па пак да се спуштам на балконов прост
И да го пречекам ангелот-гост
Кој ќе дојде како ветар од бога
И на земјата ќе донесе мир и слога.
И секој до секој сложно ќе стои
И небото повторно в сино ќе го бои.
Наместо хелиум и сулфур
Ќе расцвета трендафил во силен пурпур.
И сè ќе биде добро, секој ќе се смее,
Сонцето повторно силно ќе грее.
Галеб бел пак порака ќе носи,
Ќе нема деца гладни и боси.
Задоволен човекот песна ќе пее,
Ноќе месечината светла ќе ни се смее.
Знам дека не е лесна судбината,
Но заедно можеме да ја смениме иднината.
Ако секој сонува само за убави нешта
Ќе нè изненади иднината нас
Ќе дојдат тие убави ветришта
Ќе се живее среќно и ќе го најдеме нашиот спас!