CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 ХИВ/СИДА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: ХИВ/СИДА   Нед Ное 02, 2008 6:42 pm

Моментално читам една поучна мала книга па решив да споделам дел од неа со вас зашто сте ми многу драги а и ќе ви притреба albino
Распространетост

Се проценува дека над 38 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ или СИДА. Половината од новите случаи се млади луѓе од 15-24 години. Во некои делови на светот, стапката на инфекцијата со ХИВ и СИДА рапидно расте и СИДА преставува главна причина за заболување и за смртност. Во нашата земја инфекцијата со ХИВ сеуште не е честа.

Што е ХИВ?

ХИВ е скратеница за хуманиот вирус на имунодефициенција. Тоа е вирус кој го напаѓа имуниот систем. Имуниот систем помага да се заштитиме од болест. Кога нашиот имун сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имуниот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.

Преку што се добива ХИВ?

ХИВ се шири преку инфицирани телесни секрети, доколку тие доспеат во крвта кај друг човек. Во телесни течности спаѓаат крв, сперма и вагинални секрети.

* Инфекцијата може да се пренесе преку употреба на заеднички игли бидејќи клетки кои го содржат вирусот може да се сеуште присутни на иглата, без да може да се видат.
* ХИВ може да се пренесе со сексуален контакт ( анален или вагинален) ако при тоа не се превземат мерки на заштита.Инфицирана сперма, вагиналните секрети вклучувајќи ја и менструалната крв може да навлезат преку мали гребнатинки ( абразии) во организмот на партнерот.
* Жени кои се ХИВ позитивни може да го пренесат вирусот на нивните бебиња во тек на бременоста, породувањето или во тек на доењето.
* Во минатото ХИВ можел да се пренесе и преку трансфузии. Од 1985, целокупната донирана крв и органи во нашата земја ( и во други земји) се тестира на ХИВ и веќе не е можен преност на ХИВ на тој начин.

Банките на сперма исто така се тестираат на ХИВ.

Преку што не може да се добие ХИВ?

* Ракување или допирање или преку обично бакнување на ХИВ позитивни лица.
* Преку убод на комарец или инсекти.
* Ако го делите домот со ХИВ позитивно лице.
* Ако работите или одите на училиште со лице кое е ХИВ позитивно.
* Ако донирате крв .
* Преку клозетски шољи, кваки на вратите или преку шољи за кафе

ХИВ не може да живее долго надвор од организмот. Само по една минута престој надвор од организмот, ризикот за да се инфцирате со ХИВ е многу мал. Вирусот лесно се уништува со сапун и вода , обични дезифициенси или со сушење.

Како делува ХИВ во организмот?

ХИВ го напаѓа имуниот систем, чија улога е борба против инфекција и спречување на растот на повеќето канцери. Кога ХИВ ќе го нападне имуниот систем, во организмот настанува битка помеѓу имуниот систем и ХИВ, која може да трае повеќе години. Вo тој период, инфицираните луѓе не чувствуваат никакви симптоми. Со поминување на времето, доаѓа до оштетување на имуниот систем и тој веќе не може да работи така добро како што работел ( не може ефикасно да се брани од инфекции). Инфекциите стануваат потешки ( на пример наместо обична настинка, таквото лице ќе добие пнеумониа). Може да се развијат ретки канцери.

Како да знаете дали имате ХИВ?

Тестирањето на крвта ќе покаже дали се присутни антитела на ХИВ , односно дали некое лице е ХИВ позитивно – не постојат клинички знаци кои ќе ви укажат на тоа. Вакво тестирање кај нас може да се направи на Клиниката за инфективни болести. По инфекцијата со вирусот, потребни се три месеци за да се создадат антитела, кои можат да се утврдат со тестот. Можно е, лицето да е инфицирано ( да го има вирусот во организмот) пред испитувањето на крвта да го покаже тоа.

Третман на ХИВ

* Сеуште нема ефикасен и специфичен лек нити вакцина за ХИВ. Во последно време, во светот и во нашата земја се применуваат антиретровирусни лекови, кои имаат одредено влијание на вирусот.
* На ова поле, во светот се работи многу и веројатно е дека во иднина ќе се создаде можност за уште поефикасно лекување. Во меѓувреме, се применува терапија која овозможува инфицираните лица да останат здрави, колку што е можно подолго. За таа намена се даваат повеќе лекови, со кои се зајакнува имуниот систем. Исхраната треба да е квалитетна а инфицираното лице треба да е физички активно.
* Некои веруваат во алтернативните терапии, како масажа, реики и акупунктура.

Како да се превенира ХИВ инфекција?

* Секогаш внимавајте на мерките на безбедност при сексуалниот контакт.
* Никогаш немојте да делите игли или прибор за инжектирање, со други.
* Треба да се внимава со различни акциденти, на пример ако некој крвари или со манипулацијата со медицинскиот отпад ( игли).
* ХИВ е заболување кое треба да се пријави во нашата земја. Тоа значи кога ќе се открие позитивен крвен тест, кој означува дека некое лице има ХИВ, тоа се пријавува во соответната служба во министерството за здравство. Се контактираат сексуалните партнери и им се даваат совети за безбеден секс.

Што е СИДА?

СИДА означува синдром на стекната имунодефициенција. Кога ХИВ долго време се борел со имуниот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза.

Кои се знаците за СИДА?

Најчестите знаци кои укажуваат дека ХИВ прогредирал во стадиум на СИДА вклучуваат:

* Постојано чувство на замор.
* Ноќно потење- како резултат на ноќните температури.
* Послабо помнење.
* Брза загуба на тежина.

Третман на СИДА

Во третманот се користат антиретровирусни лекови кои се усмерени против предизвикувачот (вирусот на СИДА) , како и други лекови, вперени против опортуните инфекции и компликациите на болеста.

Како да се живее со ХИВ/СИДА?

Емоциите и реакциите кога луѓето ќе дознаат дека се ХИВ позитивни се движат од чувство на збунетост, лутина, вознемиреност, страв, паника, тага, депресија, самоубиствено расположение, неверување, чувство дека тоа не е фер. Со време, повеќето луѓе стануваат способни да ја прифатат болеста и да научат да живеат со неа, стануваат посилни, со духот и емотивно. Сфаќајќи што е вистински важно во животот, го живеат животот во потполност. Луѓето кои се ХИВ позитивни, се соочени со тоа, како да им кажат на своите фамилии, пријатели и сакани. Тие многу често се соочени со дискриминација, преку игноранција и недостаточна едукација.


Последната промена е направена од Иво на Сре Ное 05, 2008 4:35 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
Dimce*



Male Број на мислења : 431
Age : 28
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Сре Ное 05, 2008 2:56 pm

па тоа е најголемата болест,која ја знам што постои и најопасната,инаку според мене не би требало да им се суди на тие што се разболеле од таа болест и нечини да се дискриминираат таквите луѓе напротив на нив им треба подршка,внимание,љубов како и на секој човек,на секој може да му се деси тоа... Surprised
што е до мене неам предрасуди кон таквите луѓе,само доколку сретнам некој тип или некоја типка,тоа би сакал да ми го кажат,колку да имам предвид и ако можам да им помогнам,а не значи дека ако некој ми каже јас да го одбегнувам,тоа навистина треба храброст да се каже на некој во лице,ама тоа значи за болните дека тие се добри луѓе дека не сакаат притоа да им наштетат на другите и притоа сакаат да се дружат како и сите останати луѓе... и ако и заразените со хив сида,не би ги ставил во болни лица,затоа што доколку си болен и не мислиш да криеш од никој и доколку живееш со тоа... мозеш да проживеес многу години,не значи дека таквата болест одма му наштетува на човекот и дека тој одма ќе умре,за да не умре,тој треба да се носи со својата болест,односно да се дружи да се чуствува весел,да биде расположен,да не мисли на тоа да не се плаши од смрта и од предрасудите,да продолжи со животот...

позз за сите заразени со хив/сида и еден совет

никогаш не предавајте се,живејте го животот....како што доликува дружење,забава и притоа ако не верувате дека ќе најдете добри пријатели,сепак ќе најдете и ќе ви биде многу мило...што барем има покрај вас,приајтел/ка што ке ви помогнат и нема да ви судат за вашите грешки во животот... Smile lol! I love you
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://dime-top.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Сре Ное 05, 2008 3:18 pm

Dimce* напиша:

никогаш не предавајте се,живејте го животот....како што доликува дружење,забава и притоа ако не верувате дека ќе најдете добри пријатели,сепак ќе најдете и ќе ви биде многу мило...што барем има покрај вас,приајтел/ка што ке ви помогнат и нема да ви судат за вашите грешки во животот... Smile lol! I love you
најпаметното нешто што сум го чула досега од тебе
Советот ти е на место и јас исто така апелирам до сите да не се откажуваат да се борат со сите препреки кои ги задава животот и да не мислат на смрт ... а за пријатели е лесна Very Happy:D
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Нед Ное 23, 2008 11:11 pm

абе брат грешки се дешаваат сеа јбг треба да се пази жими се..според мене најубав лек за сида е да не се менуваат често партнери,да се оди на лекарски прегледи и да се користи заштита

_________________
ако имате срце,ако сте хумани и ако го сакате Тоше и неговото дело потпишете се на следнава страна..

http://www.petitionspot.com/petitions/tosep
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Пон Дек 01, 2008 5:57 pm

Светски ден за борба против СИДА - та

Скопје, 1 декември (МИА) - Во Македонија денеска со низа манифестации ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против СИДА- та.

На
плоштадот Македонија во Скопје од 14 до 16 часот ќе се одржи едукативна
игра на црвената панделка, потоа бесплатни гушкања со главна порака
„ХИВ не се пренесува преку прегратка“, а ќе има и претстава на
жонглери. Од 16 до 18 часот ќе се одржи музички хепенинг со
македонските поп - пејачи, а волонтерите на НВО и на Црвениот крст ќе
дистрибуираат едукативни материјали, брошури, летоци и кондоми за
присутните на плоштадот.

Вечерва од 20 часот и 30 минути на
концерт во клубот Хавана ќе настапат Дани, која ќе ја изведе новата
регионална тематска песна за ХИВ/СИДА, потоа македонските групи ДНО и
Фолтин, по што ќе следи ди - џеј настап на Мастафаризам саунд систем.

Во
Македонија од 1987 година до денеска се регистрирани вкупно 111
ХИВ-инфицирани случаи, од кои 60 завршиле фатално. Во 2008 година се
регистрирани осум нови случаи. Меѓу заболените доминира младата
сексуално активна популација од 23 до 40-годишна возраст, пред се
машкиот пол. Во најголем дел болеста се пренесува преку хетеросексуален
начин.

Годинава, светот ја одбележува 20 - годишнината на
Светскиот ден за борба против СИДА - та. Темата на Светскиот ден против
СИДА-та и годинава останува да биде лидерството, како повик до
поединците, организациите и владите да преземат водство во справувањето
со СИДА-та.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
dekoo!!



Број на мислења : 17
Registration date : 2008-12-01

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Пон Дек 08, 2008 5:13 pm

Јас мислам дека најбезбедно e да се применуваaaт само Handjob, Masturbation, Blowjob, Toys. Гарантирам дека нема да фатите сида.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Пон Дек 08, 2008 5:48 pm

абе ајде? ти тоа од искуство или

_________________
ако имате срце,ако сте хумани и ако го сакате Тоше и неговото дело потпишете се на следнава страна..

http://www.petitionspot.com/petitions/tosep
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
dekoo!!



Број на мислења : 17
Registration date : 2008-12-01

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Сре Дек 10, 2008 1:14 pm

за handjob си знам од искуство ама за Masturbation, Blowjob, Toys а поготово за Blowjob од тебе слуснав бе иво, па нели ти кажуваше дека е мнгу добро и безбедно.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
TajfuN



Број на мислења : 6
Registration date : 2008-10-23

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Сре Дек 10, 2008 1:18 pm

ДА ДА ИВО ТИ ТАКА КАЖУВАШЕ ВО ШКОЛО. ТОГАШ КОГА ВИКАШЕ ЧЕКАЈТЕ ДЕЦА ЧИЧКО ИВО ДА ВЕ НАУЧИ НЕКОИ РАБОТИ, ДА ВИ ГИ ПРОШИРАМ СЕКСУАЛНИТЕ ХОРИЗОНТИ.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
@komita@
Модератор
Модератор


Број на мислења : 690
Age : 26
Registration date : 2008-10-27

ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Чет Дек 11, 2008 5:55 pm

хахаха можно е ова а незнам јас не сум слушнал ама штом вие викате има нешто хахаха
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: ХИВ/СИДА   Today at 4:52 am

Вратете се на почетокот Go down
 
ХИВ/СИДА
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Љубов и секс-
Отиди до: