Овој викенд се одвиваше масивна хакерска кампања со закачување штетни линкови на скоро 10.000 сервери. „Само во последниве два дена преку 10.000 сервери, главно од западна Европа и Америка беа хакирани. Се уште не знаеме кој го прави ова.“ пишува на сајтот на Kasperski Lab -произведителот на безбедносен софтвер.
Напаѓачите користат SQL напад и додаваат JavaScript кодови на хакираниот сајт кој што ги пренасочува до еден од шест сервери, конкретно до сервер во Кина кој пак врши неколку напади напаѓајќи ги грешките (читај: дупки) во Firefox, IE, Flаsh Player и Active X. Доколку не се санира проблемот се инсталираат спајвер и тројанци на компјутерот на жртвата.
По завршување на претседателската кампања во САД се откри дека кампањата на Обама и Белата Куќа биле хакирани и биле преземени неколку важни документи. Во неделата ФБИ и Тајната служба рекоа дека нападите потекнуваат од Кина, но додадоа дека се уште не се знае дали хак-нападите се направено од владата на Кина или од поединци.
Интересно во саботата имаше нова вест - беше обелоденето дека кинески хакери често влегувале во мрежата на Белата куќа и преземале важни фајлови во неколку наврати. Исто така минатата година Кинеската армија го хакираше Пентагон.
Со хакерскиот викенд и со претседателските кампањи, прстот се покажува на хакерите од Кина. Но и во двата случаеви се прецизира дека „се уште не се знае кој ги врши“, односно се вели дека можеби зад тие хакерски напади не стои владата на Кина која има стриктна контрола на интернетот.