CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Што се тоа веб колачиња (cookies)?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Што се тоа веб колачиња (cookies)?   Саб Ное 08, 2008 1:33 pm

Веб колачиња или cookies се текстуални фајлови кои веб серверите ги снимаат на хард дискот на корисниците. Целта на овој малечок фајл е веб серверите автоматски да го идентификуваат прелистувачот при повторна посета и да ја следат навигацијата низ сајтот. Колачињата автоматски контактираат со веб серверот при секоја нова посета.

Веб колачиња главно се користат за автентикација, следење на корисничка сесија, собирање на општи информации или следење на начинот на навигација на посетителите, персонализација, како и за зачувување на одбраните содржини во електронската количка за пазарење и сл. Тие најчесто се употребувани и за следење на корисничкото однесување на сајтот, а со тоа им овозможуваат на веб дизајнерите и да ги подобрат сајтовите и статистички да пристапат кон податоците за посетеност.

Името веб колачиња, или на англиски cookies потекнува од зборот "магични колачиња" (magic cookies) што во времето на UNIX системите претставувале пакети со податоци кои даден програм ги добивал и ги возвраќал неизменети до испраќачот. Решението за поставување на веб колачиња во интернет прелистувачите првично било претставено од Лоу Монтули кој во 1994, работејќи за Netscape, создал веб апликација за е-комерц која содржела онлајн шопинг количка која благодарение на овие фајлови функционирала како што треба.

Заради можноста да го следат корисничкото онлајн однесување употребата на колачиња е критикувана како метода која ја нарушува приватноста. И се позачестената употреба на веб колачиња во онлајн рекламирањето дополнително го поттикна мислењето кај недоволно искусните корисници дека колачињата се фајлови кои можат да наштетат на компјутерот. Реалната слика е дека колачињата се фајлови кои неможат да извршат било каква операција самостојно.

Но, покрај општата безопасност на овие фајлови, хакерите наоѓаат начини како со помош на веб колачињата да се здобијат со доверливи информации, најчесто со логин информации кои колачињата ги содржат. Начинот на кој го прават тоа е со преземање на колачињата преку пресретнување на веб пакети и интернет сообраќај. Заштитата од овој метод е користењето на енкриптирани сигурносни протоколи кои преносот на податоци го вршат преку енкриптирана патека.

Денеска, скоро сите веб прелистувачи им дозволуваат на корисниците самоиницијативно да одберат дали програмот ќе дозволи употреба и снимање на колачиња или не, но лошата страна на изборот да не се снимаат е тоа што многу модерни веб сајтови нема да функционираат без колачиња а со тоа стануваат некорисни.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
 
Што се тоа веб колачиња (cookies)?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Компјутери и технологија :: Интернет и мрежи-
Отиди до: