CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Мирче Ацев

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Мирче Ацев   Пон Ное 17, 2008 4:29 pm


  • Судбинското, плетено низ вековите, како што вели во познатата "Везилка"
    Блаже Конески, се препознава речиси низ целото македонско историско минато,
    а најголем израз добива во текот на двата Илиндена. И, посебно во вториот
    Илинден - епохата на национално-ослободителната и антифашистичка борба,
    кога Македонија конечно се здоби со државност. На овој пат, пред олтарот
    на слободата го положија животот плејада македонски синови, а меѓу нив
    достојно место му припаѓа и на народниот херој Мирче Ацев. Згасна неговиот
    живот во расцутот на младоста во окрвавената зора на 4 јануари 1943 година.

  • [size=12]Мирче Ацев е роден на 20 октомври
    1915 година во село Ореовец, Прилепско, во борбено македонско семејство. Тоа
    е времето кога судбината на неговата татковина се решаваше со војна. Името
    го доби по стрико му Мирче Ацев - војвода од времето на турско-османлиското
    владеење во Македонија. Роден во земјоделско семејство Мирче Ацев своето
    детство го поминува во родното село.

    По завршувањето на основното четирикласно училиште во Ореовец, заминува
    да учи гимназија во Прилеп. Оттогаш градот Прилеп претставува место во кое
    Мирче почесто престојува. Преку кажувањето на своите родители рано ја
    осознава вистината за стремежите и страдањата на својот напатен народ.


    РАСЦУТОТ НА МЛАДОСТА

    Традицијата на борци за Македонија уште од турско време, на семејството
    Ацеви му носеше големи непријатности. Големосрпскиот режим користеше секаква
    можност дури и инсценирани настапи, со намера да го уништи борбениот дух на
    семејството и материјално да го осиромаши.

    Школувањето во Прилеп Мирче беше принуден да го прекине поради тогашната
    политика на режимот на Петар Живковиќ за затворање на полните гимназии, каде
    што ги имаше, освен во Скопје, Битола и Штип. Со желба за дооформување на
    своето образование Мирче замина во Битола.

    Во учебната 1933/34 година Мирче се запиша во петти клас во Битолската
    гимназија. Меѓутоа, тој уште во Прилеп имаше можност, по лична иницијатива,
    да се запознае со напредна литература и да се формира во противник на
    тогашниот режим.

    Меѓу битолските гимназијалци се истакнуваше со својата сериозност,
    чувство на одговорност, другарство и упорност во настојувањата. Матурата ја
    заврши во летото 1937 година.

    Желбата за нови пошироки сознанија, есента истата година, го носи Мирче
    Ацев во Белград. Се запишува на Правниот факултет, со намера да го совлада
    правото и да му се спротивстави на беззаконието во земјата каде што беше
    роден и каде што израсна. Уште во почетокот на студиите се запозна со
    напреднато студентско движење на Белградскиот универзитет и веднаш се вклучи
    во Организацијата на напредните студенти. Преку оваа организација,
    раководена од партијата, напредните студенти ги зедоа во свои раце разните
    стручни здруженија, одбори и студентската менза.

    Предиспониран за борба против режимот, во Белград Мирче се вклучи во
    вителот на политичкиот живот и малку време му остануваше за испитите.
    Сестраната активност во напредното студентско движење му овозможи да се
    здобие со нови познајници и пријатели. Постојано беше во друштво со Кузман
    Јосифовски, а од тие денови е и неговото другарување со Страшо Пинџур. Често,
    кога во разговорите со нив и со другите соработници зборуваше за минатото на
    сопствениот народ, за претстојната борба, од неговите очи бликаше пламен.


    ОКРВАВЕНАТА ЗОРА

    ]Појавувањето на Мирче во прогресивното движење пролетта 1939 година
    резултираше со негов прием во редовите на Комунистичката партија. Оттогаш
    добиваше поконкретни задачи. Тој беше задолжен и за организација и
    раководење на студентската колонија во Охрид. Во летото 1939 година во
    градот ги формира првата партиска организација и првиот местен комитет.
    Раководител на колонијата во Охрид беше и во наредната 1940 година.

    Тогашниот член на Колонијата, Деса Миљовска, за активностите на тој план,
    меѓу другото, има речено:

    "Мирче не го заборави родниот Прилеп, иако во него како студент малку се
    задржуваше. За време на летните одмори, во годините од 1938 до 1940 се
    чувствуваше влијанието од неговата политичка дејност.

    Во почетокот на 1940 година беше испратен на илегална работа во Скопје и
    се до шести април 1941 престојуваше во градот. Тука ја организира партиската
    техника на Покраинскиот комитет и заедно со Страшо Пинџур го подготвуваше
    печатењето на партискиот орган, на весникот "Искра". Неколку дена по нападот
    на фашистичка Германија, тој и Страшо заминаа за Кавадарци, а потоа Мирче
    премина во Прилеп. По кратко време повторно се враќа на работа во
    Покраинскиот комитет во Скопје. Мирче е во постојано движење. Како партиски
    инструктор на Покраинскиот комитет ги обиколува партиските организации во
    повеќе градови на Македонија".

    Од крајот на 1941 година до пролетта 1942 Мирче беше во Битола. Со нему
    својствена револуционерност и борбеност започна да ги зацврстува партиските
    организации во градот и во селата. Иако во длабока илегалност, работеше со
    организациите во Ресен и во Охрид.

    Како непомирлив борец со јасни концепции за иднината, Мирче се
    застапуваше за доследно спроведување на курсот за вооруженото востание. Му
    беше туѓ секаков опортунизам, зашто знаеше дека единствено со вооружена
    борба македонскиот народ ќе се здобие со долго посакуваната слобода.

    Во разни средби со напредни дејци, во писма, Мирче ја критикуваше
    неактивноста на Покраинскиот комитет што имаше влијание врз промената на
    неговиот состав во пролетта 1942 година. Во јуни истата година тој стана
    привремен секретар на Покраинскиот комитет. Заедно со Кузман Јосифовски -
    Питу се заложи за примена на курсот за вооружена борба и пристапи кон
    формирањето неколку нови партизански одреди во Македонија.

    Со желбата да помогне во засилувањето на дејствата на партизанските
    одреди против фашистичките окупатори, Мирче заедно со Страшо Пинџур во
    септември 1942 година излегува на терен. Намерата им беше да ги посетат
    партизанските одреди и партиските организации во Велешко и Прилепско. Притоа,
    сосема случајно беа фатени и затворени во Велес. Тоа стана на 19 декември
    1942 година. Оттука, веднаш беа пренесени во злогласната полициска управа во
    Скопје. Започнаа денови на ѕверско измачување. Љубомир Јорданов, началник на
    групата А при обласната полициска управа на Скопје, во текот на судењето, на
    17 јануари 1945 година пред народниот суд изјави:

    "Мирче Ацев одбиваше да даде какви било други податоци освен неговото име
    и презиме. Затоа бевме принудени да го тепаме. Беше тепан неколку пати многу
    жестоко, по табаните. Нозете му беа страшно потечени... Го тепавме на смени...

    Тој излезе најиздржлив од сите. Беше во таква состојба што веќе немаше
    каде да биде тепан. Околу шест часот попладне агентот Панков влезе во
    кабинетот на Васил Цанков, во кој се наоѓавме јас и Христо Стоилов и рече: "Господин
    началник, Мирче е многу лошо - умира". Цанков му одговори: "Добро, врати се
    назад". Кога излезе Пенков, Ценков кратко ми нареди: "Ако умре, фрлете го
    низ прозорецот и на Симеонов кажете му дека сам се фрлил". Јас веднаш
    излегов и заминав во собата каде што беше Мирче Ацев. Ја пренесов наредбата
    на Цанков. Маринов и Панков го зедоа телото на Мирче и го фрлија низ
    прозорецот. Јас почнав да викам: Стој! Стој! Потоа, отидов кај Симеонов и му
    рапортирав: "Господине началник, Мирче Ацев се фрли низ прозорецот".

    _________________
    У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!


    Последната промена е направена од [G]irL4[E] на Пон Ное 17, 2008 5:40 pm. Мислењето е променето 1 пати
    Вратете се на почетокот Go down
    Преглед на профилот на членот
     
    Мирче Ацев
    Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
    Страна 1 of 1

    Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
    CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
    Отиди до: