рупа истражувачи, на чело со светскиот лидер за вируси - Peter Palese од "Mount Sinai School of Medicine", во опити на заморчиња откриле дека ниската влажност на воздухот и температурата околу пет степени Целзиусови ја поттикнуваат заразата со вирусот на грипот.
"Вирусот полесно се пренесува зиме, на патот кон работа, отколку на лето или во топла затворена просторија" - вели Palese.
Резултатите од истражувањето се поклопуваат со заклучокот дека грипот на северната земјина половина се јавува меѓу ноември и март, а на јужната од мај до септември.
Истражувачите ги набљудувалe заразените и здравите животни во простории со различна клима.
При висока влажност на воздухот - над 80%, вирусот воопшто не се пренесувал. При температури од околу пет степени, стапката на заразеност била многу поголема отколку при температура од 20 степени.
Кога температурата достигнувала околу 30 степени, пренесувањето на заразата прекинувало.
Истражувањето сугерира дека релативно сувиот воздух поради греењето, како и ниските температури го поттикнуваат ширењето на вирусот.