CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Ракометна репрезентација на Македонија-мажи

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
@komita@
Модератор
Модератор


Број на мислења : 690
Age : 26
Registration date : 2008-10-27

ПишувањеПредмет: Ракометна репрезентација на Македонија-мажи   Вто Ное 18, 2008 3:20 pm

Светското Првенство во ракомет (мажи) во Хрватска почнува дури во јануари 2009, но сакав да дадам еден преглед на квалификациите и како Македонија стаса на ова големо натпреварување.

Претквалификации:

Македонија се падна во 6-та претквалификациска група, заедно со Бугарија и Португалија.

Првите два натпревари против Бугарија Македонија ги доби и на гости - 30:33 (15:14), и дома - 41:24 (23:13). Со тоа Бугарија беше елиминирана од понатамошните натпреварувања.

Уследија натпреварите со Португалија. Првиот натпревар дома го добивме со 6 гола разлика - 38:32 (21:15).

Вториот натпревар на гости го добивме со 5 гола разлика - 31:26 (15:14) и така ја минавме и Португалија, поради подобрата гол разлика на меѓусебните пресметки. За овој втор натпревар мора да се напомене дека буквално на крајот на натпреварот, откако измина времето, беше досуден удар од 7 метри за Португалците. Да погодеа, ќе поминеа тие, зашто ќе имаа дадено повеќе голови на гости во меѓусебните пресметки и ќе нè минеа. Но, на голот беше нашиот Борко Ристовски, кој го одбрани ударот на противничкиот играч и стана јунак на Македонскиот ракомет и Македонија општо.


Бараж:

На ждрепката како противник во баражот ни се падна Исланд, кој до тогаш три пати по ред нè елимираше. Првиот натпревар се играше кај нас, вториот кај нив.

Натпреварот кај нас се играше во новоизградената сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Јас лично не бев таму, но гледав на телевизија - тоа била невидена атмосфера. 6500 луѓе биле зад нашиот тим и на секој наш гол имало ерупција. Не знам дали имало некој Исланѓанец на трибините, но и да имало, биле стивнати од целата таа Македонска публика.
Се сеќавам на натпреварот дека Ристовски дури и даде еден гол - удар преку целиот терен. Тоа мислам дека ги погоди Исланѓаните доста рано. Се држеа, како што и доликува на еден противник од светска класа, но се виде дека публиката на нашите ракометари им даде крилја - Лазаров стрелаше во голем стил, како што и му доликува (10 гола), имаше голема помош од Мојсоски и Стојановиќ (секој по 5 гола), заедно со Алушевски изведоа цепелин, за уште малку да ги победат психолошки Исланѓаните... Во еден момент дури и беше 12 разлика за Македонија, за сепак на крајот да заврши натпреварот 34:26 за Македонија - 8 гола разлика, најголем пораз на Исланд во баражот во неговата понова историја.

Возвратниот натпревар во Рејкјавик делуваше дека ќе биде сигурен пат за Македонија - на полувремето беше 13:13. Но сепак, тоа очигледно била тактика на Исланѓаните, да ја умртват играта и да не постигнеме висок број на голови, за да не ја достигнеме бројката што тие ја достигнаа во Скопје. Во второто полувреме станаа многу агресивни и дури и груби - почнаа со провокации, а Митков беше многу грубо фаулиран при обидот да постигне гол од контра. Воспоставија пресинг и ги казнуваа сите наши грешки.
Но тогаш се покажа зошто Кире Лазаров е голем спортист - на самиот финиш, постигна гол со играч помалку, а крајниот напад што го имавме, на неколку секунди пред крајот, го заврши исто така со гол, при што резултатот на 3 секунди пред крајот изнесуваше 30:24 за Исланд - 6 гола разлика и недоволно време за да можат Исланѓаните да ја достигнат онаа разлика од 8 гола со која се вратија од Скопје.

Така, со вкупен резултат од 58:56. Македонија го мина Исланд во баражот. Исцрпувачки натпревари, но наградата е голема - за прв пат по 9 години Македонија ќе може да застане рамо до рамо со најдобрите светски селекции и достојно да се претстави на спортски план.



Секоја чест за нашите ракометари и целокупниот стручен штаб!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
@komita@
Модератор
Модератор


Број на мислења : 690
Age : 26
Registration date : 2008-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Ракометна репрезентација на Македонија-мажи   Вто Ное 18, 2008 3:21 pm

На 21-то Светско првенство во ракомет, кое следнта година ќе се одржи во Хрватска, Македонија ќе биде дел од групата „Ц“, каде се наоѓаат уште селекциите на Германија, Русија, Полска, Тунис и Алжир.

Вака одлучи жребот извршен на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, што не им донесе среќа на „Црвено-жолтите“, со оглед на тоа што Германците, Русите и Полјаците се фаворити за првите три места кои овозможуваат пласман понатаму.

Прилично тешка група за Македонија.

Другите групи се:

Група А
Франција
Унгарија
Словачка
Романија
(Некоја од Америка)
Австралија

Група Б
Хрватска
Шведска
Шпанија
Кореја
Кувајт
(Некоја од Америка)

Група Д
Данска
Норвешка
Египет
(Некоја од Америка)
Србија
Саудиска Арабија
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Ракометна репрезентација на Македонија-мажи
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Спорт :: Ракомет-
Отиди до: