CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Крушевската Република Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Крушевската Република Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Крушевската Република Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Крушевската Република Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Крушевската Република Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Крушевската Република Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Крушевската Република Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Крушевската Република Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Крушевската Република Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Крушевската Република Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
Иво (711)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
@komita@ (690)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
Ane (624)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
S0tE (547)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
Dimce* (431)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
Plavuska (394)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 
ivan4e (111)
Крушевската Република Vote_lcapКрушевската Република Voting_barКрушевската Република Vote_rcap 

 

 Крушевската Република

Go down 
АвторПорака
@komita@
Модератор
Модератор
@komita@


Број на мислења : 690
Age : 33
Registration date : 2008-10-27

Крушевската Република Empty
ПишувањеПредмет: Крушевската Република   Крушевската Република Icon_minitimeВто Ное 18, 2008 3:38 pm

КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА


За време на Илинденското востание најголем успех бил постигнат во Крушевскиот револуционерен округ. Тука, на 2 август 1903 година, Штабот на крушевските востаници, на чело со Никола Карев, во својство на началник на Горското началство, според порано подготвен план за напад, испратил повик до населението за почеток на борбите.

По извршените подготовки, ноќта на 2, наспроти 3 август 1903 година, 750 востаници го нападнале Крушево. Претходно тие ги исекле телефонските врски на градот. Бил извршен успешен напад врз градот, особено врз позаначајните објекти: поштата и касарната. По неклокучасовна борба тие го ослободиле Крушево.

Штабот на крушевските востаници наскоро слегол од планината и во месноста Гумење, каде што се зафатил да ја организира новата востаничка власт, позната во историографијата како КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА.

Штабот на востаниците ја презел воената власт во градот. За избор на други органи на власта било свикано собрание на најистакнатите граѓани, кои го сочинувале Советот на Крушевската Република. Од редовите, пак, на Советот била избрана Привремена извршна влада на чело соДину Вангели. Шесточлената влада најпрвин се грижела за најосновните ресорства: судство (законодавство), реквизиција, финансии, внатрешни работи, прехрана и санитет (здравство). На таков начин, Крушевската Република била поставена врз основа на длабоки демократски принципи.


Никола Карев
За подобро функционирање и одржување на народната власт, и воопшто на Републиката, биле преземени акции за вооружување на населението и утврдување на градот со длабоки ровови, за отворање на работилници за поправање и изработка на муниција и др. Во блиското село Селце биле изработени познатите црешови топчиња.

Била отворена специјална болница за лекување на ранетите, а биле подготвени и фурните за печење на леб и други производи. Секако дека организатор и духовен инспиратор на сето ова бил претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.



Вратете се на почетокот Go down
@komita@
Модератор
Модератор
@komita@


Број на мислења : 690
Age : 33
Registration date : 2008-10-27

Крушевската Република Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушевската Република   Крушевската Република Icon_minitimeВто Ное 18, 2008 3:40 pm

Манифестот на Крушевската Република.

Задушувањето и последиците од востанието




За време на 10 - дневната Крушевска Република востаниците испратиле повик, познат во историската наука како Манифест на Крушевската Република, до жителите на соседните крушевски села, главно населени со муслиманско население. Манифестот, напишан на македонски јазик, имал за цел да го убеди муслиманското население дека востанието не било кренато против нив, туку против жестоката експлоатација и неподносливата османска тиранија, а со цел придобивање на човечки правдини.

Успехот на македонскиот народ за време на Илинденското востание е мошне значаен, особено по ослободувањето на Крушево, Клисура, Смилево, Невеска, и други места, и по неговото раширување низ цела Македонија. Со оглед на тоа што Македонија во тоа време претставувала нивна важна провинција, османлиите се ангажирале со голема војска да го задушат востанието.

Првите судири во текот на османската офанзива во Македонија биле изведени кај Смилево. Таму и во селото Ѓавато се воделе жестоки борби сé до уништувањето на востаничките упоришта.

По неколкудневни жестоки борби и по заземањето на Смилево, голема османска војска, што пристигнала од Прилеп, Кичево и Битола, го стегнала обрачот околу Крушево. На 12 август 1903 година Крушево било опколено од сите страни со османски аскер и башибозук. На повикот од Бахтијар - Паша востаниците да се предадат, се појавиле внатрешни несоглассувања. Сепак, на крајот, еден дел од востаниците решиле да го бранат градот. Се развиле жестоки десетчасовни борби на Мечкин Камен, Слива и други места. Најжестоки борби се воделе на Мечкин Камен, каде што малубројните востаници, на чело со војводата Питу Гули, на крајот херојски загинале. Потоа Крушево било ограбено, запалено и бомбардирано, а голем дел од населението избегал.

Во текот на август и септември 1903 година се воделе жестоки борби помеѓу востаниците и турскиот аскер и башибозук во Костурско, Леринско, Преспанско, Охридско, Кичевско, Прилепско и други места. На крајот, востанието жестоко и крваво било задушено. Притоа биле запалени многу села, куќи, училишта, цркви и сл. Многу жени, деца и востаници биле фрлени во огнот на запалените куќи. Насекаде настапиле пустош и тага.

Поради сето ова, на 2 октомври 1903 година, Главниот востанички штаб наредил борбите да престанат, а оружјето и муницијата да се засолнат и складираат за нови идни воени дејства.
Вратете се на почетокот Go down
@komita@
Модератор
Модератор
@komita@


Број на мислења : 690
Age : 33
Registration date : 2008-10-27

Крушевската Република Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушевската Република   Крушевската Република Icon_minitimeВто Ное 18, 2008 3:41 pm

Значењето и одгласот на востанието



Илинденското востание зазема најзначајно место во историјата на македоснкиот народ. Иако недоволно подготвено и превремено кренато, и несразмерно развиено низ цела Македонија, а востаниците послабо вооружени, тоа сепак претставува крупен настан во поновата македонска историја. Раководено од македонски интелектуалци, со помасовно учество на селанството, тоа носи националноослободитлни белези. Иако завршило неуспешно, Илинденското востание претставува најкрупен револуционерен настан во самиот почеток на XX век, кога тој, со оружје в рака, се обидел да се ослободи од петвековната османска власт.

Секако дека врвно достигнување на востанието претставува 10 - дневната Крушевска Република, во која имало доста елементи на демократски погледи и во која се изразиле стремежите на македонскиот народ преку неговата борба за националоно и социјално ослободување.

Како такво, Илинденското востание имало широк одглас кај светската прогресивна јавност, а особено меѓу македонските иселеници. Подвизите, самопрегорноста, неизмерните страдања, и воопшто херојската борба на македонскиот народ, предизвикале симпатии и сочуство кај прогресивната јавност.

Тоа секако го актуелизирало нерешеното македонското прашање. Во таа смисла, се барало повторно да се постави и реши македонското прашање, во Македонија да се извршат коренити реформи, да и се даде независност или автономија на Македонија во рамките на Османската империја и др.

МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Крушевската Република Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушевската Република   Крушевската Република Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Крушевската Република
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Претседател на Република МАКЕДОНИЈА ???кој
» Црвенковски: Замена на ФИРОМ со Република Македонија - Скопје, би било фер решение

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: