CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Астрономија !

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Астрономија !   Сре Окт 22, 2008 9:39 pm

Значи, се што е поврзано со исражувањата на вселената (нови планети,откритија за жив свет на други планети, ѕвезди, ’’црни дупки’’, комети, метеори...), технолошкиот развој поврзан со астрономијата (лансирање на сателити, вселенски бродови, нови телескопи...) и сите новости кои мислите дека интересни и сакате да ги споделите со другите: ТУКА!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Нед Окт 26, 2008 1:55 am

Првата индиска мисија тргна кон Месечината

Индија на 21,10,08 ја испрати својата прва мисија кон Месечината без човечки екипаж.



Сателитот „Чандрајан-1“, со тежина од 1.304 килограми, е лансиран во
раните утрински часови по локално време, од индискиот космодром на
островот Шихарикота во државата Андра Прадеш, а во орбитата
околу Месечината би требал да влезе за околу 18 дена.

- Првпат
одиме на Месечината. Кина тоа веќе го направи, но сега ќе се обидеме да
ја стигнеме и да го надминеме јазот меѓу нас, изјави директорот на
Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО), Баскар Нарајан.



Од ИСРО велат дека главна цел на мисијата не е зголемување на рејтингот
на земјата, туку значајните научни сознанија кои треба да бидат
собрани. Целта на мисијата е потрага по хелиумот 3, изотоп кој е многу
редок на Земјата, а кој во иднина би можел да биде многу важен извор на
енергија, бидејќи може да се користи како гориво во идните нуклеарни
реактори. Научниците веруваат дека на Месечината го има премногу.



Индиската мисија, исто така, треба детално да ја истражи Месечината во потрага по скапоцени метали и вода.

Сателитот
„Чандрајан-1“ би требало во орбитата да помине околу две години, а
вредноста на проектот ќе изнесува околу 79 милиони долари.

Оваа
мисија претставува клучна етапа во подготовката, заедно со Русија, за
сложената експедиција „Чандрајан-2“, која подразбира испраќање на
Месечината самодвижечки возила околу 2011 година.

извор: идивиди

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Нед Окт 26, 2008 1:57 am

Сонда на НАСА ќе го истражува надворешниот Сончев систем

НАСА на 19.10.2008 истрела мала вселенска сонда ИБЕКС
- првиот вселенски апарат, кој ќе ги снима и истражува динамичните
процеси на границата, каде што врелиот сончев ветер се судира со
студената вселена.




Апаратот со тежина од 462 килограми беше истрелан со ракета носач Пегас во 17.45 часот вчера по Гринич.

Според
информации на „Сајанс дејли“ мисијата на апаратот ИБЕКС ќе трае две
години. Тој ќе застане на многу висока орбита над Земјата, да ги
истражува процесите во најоддалечените реони на Сончевиот систем,
наречени меѓуѕвездена граница.

ИБЕКС ќе ги истражува тие
гранични реони. Снимките ќе им овозможат на експертите по првпат да го
изучуваат глобалното заемно дејство меѓу Сонцето и нашата галаксија.



Првите истражувачи на надворешните реони на Сончевиот систем се
вселенските апарати Војаџер 1 и Војаџер 2. Тие ги набљудуваат условите
во две точки по граничниот шок - границата меѓу хелиосферата (зоната
каде што има сончев ветер) и меѓуѕвезденото пространство.

Многу од резултатите се неочекувани и го оспоруваат распространетото научно сфаќање за реонот.

Неодамна
два сателити на НАСА, насочени кон Сонцето, открија високоенергетска
верзија на честички, кои што ИБЕКС ќе ги набљудува во хелиосферата.

извор: идивиди

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Нед Окт 26, 2008 2:03 am

Живот на Марс

Група научници од Агенцијата за вселенски истражувања (НАСА) одредиле
три локации на Марс каде постои можност за пронаоѓање на траги од живот



Врз основа на препораките на 150 астрономи, геолози и биолози одлучено
е научната лабораторија „Mars Science Laboratory“ наскоро да се
приземји во близина на кратерите Гејл, Холден и Еберсвалд.

Научниците
сметаат дека на местото на картерот Гејл некогаш постоело езеро, во
Холден се изливале неколку реки, а во Еберсвалд постоела делта.

Сите три кратери се богати со филосиликати, минерали кои се создаваат кога магмата подолго време ќе биде во контакт со вода.

Во
моментов на Марс не постои вода, но сондата „Феникс“ ги испрати првите
докази дека на оваа планета некогаш постоела оваа особено важна
течност.

Иницијаторите на идната мисија не се уверени дека ќе
добија одговор за живот на Марс, но сметаат дека новите податоци
значително ќе ги прошират знаењата за оваа планета.

извор: идивиди

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Нед Окт 26, 2008 2:04 am

Откриена планета слична на Земјата

Научниците откриле планета за која веруваат дека е добра за живот и
кој, како што изгледа, е еднакво иста како на Земјата, кружи околу
ѕвезда слична на нашето Сонце.

Ѕвездата 1РХС Ј160929.1-210524 и
новооткриената планета се наоѓаат надвор од сончевиот систем, на
одалеченост од оклу 500 светлосни години од Земјата.

Тројцата
научници на Универзитетот во Торонто ѕвездата и планетата ја снимиле со
помош на телескоп кој се наоѓа на Хаваи. Научниците кои ја откриле
планетата, Давид Лафрениере, Реј Џајавардхана и Мартен Х. Ван Керквијк,
резултатите на своето истражување го објавиле во Национал Географик.

“Ова
е прв пат да видиме крута планета, надвор од сончевиот систем, која
кружи во орбита околу ѕвезда која наликува на Сонцето. За сега не
можеме со сигурност да потврдиме дали планетата со ѕвездата е поврзана
со гравитација, а ако успееме во тоа, ќе биде тоа голем чекор напред“,
рекол Давид Лафрениере, еден од научниците.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Нед Окт 26, 2008 2:06 am

Се извинувам што мислењата ги испраќав во различни постови, но доколку ги пратев во еден, ќе настанеше голема бркотница и ништо немаше да биде разберено. сори и се надевам ќе анјдете нешто интересно од вестиве зашто мене лично многу ме интересираат.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пон Окт 27, 2008 9:36 pm

Нема проблем . уживав во читањето
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пон Окт 27, 2008 10:10 pm

S0tE напиша:
Нема проблем . уживав во читањето

Мило ми е.. Smile

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пет Окт 31, 2008 2:23 am

ВО СОЅВЕЗДИЕТО НА ВУЛКАНЦИТЕ МОЖНО Е ДА ИМА ЖИВОТ

Научниците кои трагаат по планети слични на Земјата веруваат дека во соседното соѕвездие постојат сè уште неоткриени планети.

Ѕвездата Епсилон Еридани, на која според „Ѕвездени патеки“ живеат Вулканците, е оддалечена само10,5 светлосни години од земјата. Оваа ѕвезда стана особено популарна во научнофантастичните филмови поради својата сличност со Сонцето. Епсилон Еридани е првата ѕвезда кон која во 1960 година научниците насочија радио телескопи за да ги забележат евентуалните сигнали на интелигентен вонземски живот.

Со оглед на тоа дека ѕвездата е стара само 850 милиони години, веројатно во нејзиниот состав би можело да има развиен облика на живот.

Др. Масимо Моренго, еден од астрономите кои учествуваат во откритието вели дека набљудувањето на овој млад систем е како патување во минатото, кога Сончевиот систем бил млад.

Неговата соработничка Дена Бекмен од „Search for Extra Terrestrial Intelligence“ додава дека овој ѕвезден состав веројатно личи на нашиот во времето кога на Земјата почнал да се развива животот.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пет Окт 31, 2008 2:25 am

Снимена музика на ѕвезди

Група научници снимиле звук на три ѕвезди, слични на Сонцето, за ова ги користеле француските телескопи “Коро“. Снимените звуци ќе им овозможат за прв пат да добијат повеќе информации за процесот што се одвива длабоко во внатрешноста на ѕвездите.




_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пет Окт 31, 2008 2:29 am

Бројот на ѕвездите во Вселената е уште поголем

„Стапката на раѓање“ на ѕвезди дефинитивно тешко се одредува. Растојанието и оддалеченоста во Универзумот дефинитивно им ја отежнува работата на астрономите во броењето на новоформираните небесни тела. Сепак, ѕвездите во формирање испраќаат своевидни сигнали, познати како „H-alpha“ емисија, која им помага на астрономите . Колку повеќе ѕвезди се формираат од одреден дел од вселената толку поголема е емисијата на „H-alpha“ зраците од тој предел.



„Емисијата на „H-alpha“ зраците се случува само во пределите каде што постојат големи ѕвезди“, вели Јан Флам-Алтенбург од универзитетот во Бон.

Досега се веруваше дека „тешките“ и „лесните“ ѕвезди се раѓаат на одредено растојание и дека едно „H-alpha“ бебе е придружувано од 230 полесни ѕвезди, кои поради својата мала маса не се во состојба да емитуваат „H-alpha“ зраци.

Сепак, последните опсервации покажаа дека оваа теорија е неодржлива. На краевите на „дисковидните галаксии“ „H-alpha“ радијацијата нагло завршува. Долго време научниците тврдеа дека тоа е доказ дека во овие предели нема новосоздадени ѕвезди бидејќи количината на гасовитите материи е премногу мала за да може да се соедини и да формира топка од која подоцна ќе се роди ѕвездата.



Неодамнешните сателитски снимки откриваат дека ѕвездите сепак се формираат и во предели каде што воопшто нема „H-alpha“ зрачења.

Овие пронајдени ѕвезди се со толку мала маса, што во ниту еден случај не се во состојба да емитуваат „H-alpha“ зраци. Како последица на ова научниците сега наведуваат дека досегашното тврдење дека секоја ѕвезда со поголема маса е опкружена со 230 полесни ѕвезди не може да се применат и за краевите на галаксиите.

„Новите податоци отворија една нова мистерија во астрономските кругови“, смета професор др. Павел Кроупа.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пет Окт 31, 2008 3:21 pm

Интересно е да бидеш во водите на астронимијата ... секој ден нови откритија, нови резултати, нови прашања
А што се однесува околу ѕвездите .. тоа е ептен тешка работа, не верувам дека може да се избројат ѕвездите со „H-alpha“ зраци
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пет Окт 31, 2008 4:10 pm

а добро кој ми ги бриши мене мислењата ?! ?!?!?!?!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пет Окт 31, 2008 4:15 pm

S0tE напиша:
а добро кој ми ги бриши мене мислењата ?! ?!?!?!?!
без нервоза ... обрати се до тој што може да ти ги брише и на смирен начин побарај образложение а не се истурај на нас кои немаме можност да го направиме тоа Exclamation
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S0tE



Male Број на мислења : 547
Age : 24
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пет Окт 31, 2008 4:16 pm

барем нека ми кажува мислењето е лошо или не му е местото тука а не вака
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://sotezs7.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пет Окт 31, 2008 4:22 pm

S0tE напиша:
барем нека ми кажува мислењето е лошо или не му е местото тука а не вака
ајде без нервоза ... ќе дискутираме за ова на друго место, за да не ги уништуваме темите
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Саб Ное 01, 2008 1:30 pm

Јас не сум! До сега немам избришано ниту едно мислење што не е мое!

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Саб Ное 01, 2008 1:34 pm

ЗА ТОА РАЗБЕРЕТЕ СЕ НА ДРУГО МЕСТО ... ВЕ МОЛАМ ДА НЕ ЈА УНИШТУВАТЕ ТЕМАТА
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Саб Ное 01, 2008 1:35 pm

Go Ka напиша:
ЗА ТОА РАЗБЕРЕТЕ СЕ НА ДРУГО МЕСТО ... ВЕ МОЛАМ ДА НЕ ЈА УНИШТУВАТЕ ТЕМАТА

Извини Гока!

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Пон Ное 17, 2008 11:30 pm

Јапонските научници имаат намера да изградат лифт што ќе ги подигнува патниците директно во вселената. За реализација на овој проект јапонската влада ќе одвои 10 милиони долари. Деталите за изградбата на вселенскиот лифт и неговото пуштање во работа, ќе бидат презентирани до крајот на месецов на меѓународниот научен собир во Јапонија.

Професорот Суичи Оно, претседателот на асоцијацијата што стои зад проектот, тврди дека патувањето со овој лифт нема да се разликува многу од секојдневното туристичко патување во странство со авион или со воз. Идејата е вселенскиот туризам да добие нова димензија и да биде толку евтин за да може секој да го испроба. Но сепак за да се дојде до ова, ќе треба да поминат повеќе години или децении.

МАТЕРИЈАЛ ЗА ИЗРАБОТКА

Кабините на вселенскиот лифт треба да ги однесат патниците на незаборавно патување до височина од 40.000 километри. Еден дел од конструкцијата ќе биде прицврстен за Земјата, додека другиот ќе се соединува со вселенската станица што ќе орбитира околу планетата. Според стручњаците, најсложена задача ќе биде изборот на материјалот за сајлата по која ќе се движи лифтот, бидејќи тој треба да биде доволно сигурен и цврст за да може да ги издржи ударите на метеоритите. Што се однесува до технологијата и начинот на движењето на лифтот, научниците ја разгледуваат можноста за користење на сличната технологија што се применува кај супербрзите возови во Јапонија. За да може да работи овој вселенски лифт, ќе биде потребно големо количество енергија, па затоа научниците предлагаат да се користи сончевата енергија.

ОСТВАРУВАЊЕ НА ИДЕЈАТА НА АРТУР КЛАРК

Идејата за вселенскиот лифт му се припишува на британскиот писател на научна фантастика Артур Кларк, кој во 1979 година опиша еден ваков сличен систем во својата книга „Рајски фонтани“. По многу години, конечно на повидок е остварувањето на замислата на Кларк, но сепак за тоа ќе бидат потребни уште многу години работа и пресметувања во канцелариите, пред навистина да почне градењето на вселенскиот лифт.

Градењето на овој проект ќе биде значајно бидејќи многу ќе придонесе за истражувањето на вселената. Но најважно е тоа што со вселенскиот лифт ќе се намалат големите трошоци, особено за земјите што развиваат вселенски програми, како што е Јапонија, или Кина, која веќе ги испрати своите први луѓе во вселената.

КОМЕРЦИЈАЛНИ ПАТУВАЊА

Освен во научни цели, лифтот би се користел и за други комерцијални работи. Најверојатно тој би довел до поголемо интересирање за вселенскиот туризам. Со лифтот значително би се намалиле трошоците за пат во вселената, така што ваквиот вид туризам би им бил достапен на повеќе луѓе, а не само на милијардерите. Првите туристи во вселената беа Денис Тито и Мајкл Шатлуорт, кои се сметаат и за основни творци на комерцијализацијата на вселенскиот туризам. Прв полета Денис Тито во 2001 година, а за неполни 12 месеци и Мајкл Шатлуорт ја виде планетата Земја од птичја перспектива. Нивните карти за прошетка низ вселената тогаш чинеа по 15 милиони долари.





Меден месец во вселена

По летот на Денис Тито и Мајкл Шатлуорт, многу компании работат на усовршување и поедноставување на патот во вселената. Ракетната компанија „Енерџи“ во моментов гради нов вид вселенско летало, наречено „клипер“, кое би требало да биде лансирано најдоцна до 2010 година. „Клипер“ ќе може да однесе тројца туристи. За разлика од „Енерџи“, компанијата „Вирџин атлантикс“, најави комерцијални патувања во вселената по цена од само 125.000 долари. Нивните специјални летала ќе можат да однесат поголем број луѓе. Финската авиокомпанија „Финеар“ пред извесно време соопшти дека наскоро младенците ќе можат медениот месец да го поминат во хотел во вселената, кој би се изградил во текот на наредните години. Според нив, ваквото романтично патување младенците ќе ги чини околу 5.000 фунти.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Сре Ное 19, 2008 11:54 pm

А да се населат директно на месечината? Што ќе се мачат да патуваат со лифтови.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Чет Ное 20, 2008 2:01 am

[G]irL4[E] напиша:
А да се населат директно на месечината? Што ќе се мачат да патуваат со лифтови.
за да биде повозбудливо Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Саб Ное 22, 2008 2:49 pm

авантури си прават, прошетки на мозок.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Нед Ное 23, 2008 6:36 pm

Успешно фотографирана екстрасоларна планета!

За
прв пат имаме директна фотографија (во видливот и инфрацрвениот дел од
спектарот) од една ектрасоларна планета која е оддалечена 25 светлосни
години од нашиот Сончев систем и орбитира околу ѕвезда налик на
Сонцето. Орбитата на оваа екстрасоларна планета беше успешно
предвидена, по што планетата беше фотографирана во две различни
позиции. Оваа неверојатна фотографија е направена со вселенскиот
телескоп Хабл.


Светлината од ѕвездата Фомалхаут беше блокирана, што овозможи да се забележи планетата.
Планетата
има до три пати поголема маса од Јупитер, односно илјада пати повеќе од
Земјата, но би можела да биде и многу помала. Орбитира околу ѕвездата
Фомалхаут, која се наоѓа во соѕвездието Јужни Риби (Piscis Austrinus).
Ѕвездата е опкружена со прстен од прашина од која се формира планетарен
систем сличен на нашиот. Постоењето на овој прстен беше веќе познато:
го откри ИРАС (првиот сателит за набљудување во инфрацрвеното поле) во
почетокот на 80-тите години. Во 2004 коронографот на камерата со висока
резолуција на Хабл, успеа да добие слика од прстенот од прашина кој се
протега на 35 милијарди километри околу ѕвездета, 10 пати повеќе од
растојанието Сонце – Нептун! Правејќи споредба со нашиот Сончев систем,
можеме да кажеме дека се наоѓа во Кујперовиот појас, зоната зад
орбитата на Нептун каде што кружат милиони објекти кои потенцијално ќе
станат комети. Пред три години еден астроном од Универзитетот од
Калифорнија предложи тероија за постоењето на планета која гравитационо
ги пертурбира планетезималите во прстенот на Фомалхаут. Хабл ја потврди
оваа хипотеза фотографирајќи една црвена точка во внатрешниот дел на
прстенот. СпредувајЌи го фотографиите земени пред 21 месец, се
забележува многу јасно поместувањето на планетата.


Fomalhaut
B (сегашното име на планетата) се наоѓа на 17 милијарди километри од
својата ѕвезда, Што е еквивалентно на 10 пати растојанието од Сатурн од
Сонцето. Фотографијата покажува дека планетезималите околу планетата се
пертурбирани од гравитацијата на масивната планета. Поместувањето
измерено со помош на двете фотографии овозможи да се пресмета дека
планетата орбитира со период од 872 години. Ѕвездата е стара само 200
милиони години со маса двојно поголема од Сонцето што значи дека ќе
еволуира брзо, што не е доволно да се развој на живот на околните
планети поради недостигот на време; за појава на наједноставните
организми потребно е барем една милијарда години.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Сре Ное 26, 2008 7:06 pm

Месечината не влијае врз породувањата
Месечината нема никакво влијание на бројот на породувања и покрај широките верувања во спротивното, тврди еден германски математичар кој својата теорија ја поткрепи со сложен математички модел.

Добар дел од вработените на гинеколошко-акушерските клиники веруваат дека Месечината влијае на породувањата, т.е. за време на месечевите смени се раѓаат најмногу деца. Е, извесниот Оливер Кус (соработник на Институтот за медицинска епидемиологија, биометрија и информатика на факултетот Мартин Лутер во Хале, Германија) одлучил да ги провери овие тврдења, конкретно на реонот од Германија во кој се родил и тој во 1969-та година - Баден-Вуртемберг.

Во едно од најголемите истражувања за месечевите смени во историјата, Кус внимателно го испитувал влијанието на истите врз породувањата во Баден во минатите 37 години, во кои се случиле вкупно 470 месечеви смени. Воедно, утврдил дека не е возможно да се пронајде никаква поврзаност помеѓу бројката на новороденчиња и смените,откако "проблемот" го поставил математички прецизно.

Дали успеал да убеди некој кој верува во моќта на Месечината, или како математичар едноставно си нашол интересна занимација, не знаеме. Но знаеме дека нашата теорија за бројот на новороденчиња и влијанија врз таа бројка, е далеку поиздржана: на раѓањето на бебињата најмногу влијае сексуалниот однос 9 месеци пред да се родат, без разлика далу имало тогаш месечина или не...




Заштита од астероиди

Бидејќи Брус Вилис не е во форма во последно време, членовите на Заедницата на истражувачи на вселената повикаа на изградба на глобална мрежа за заштита од удари на небесни тела, кои само во близина на нашата планета во овој момент бројат околу 6.000.

Бројот на откриени и опишани објекти во вселената околу Земјата до 2020-та година драматично ќе се зголеми, а проценките велат дека може да се искачи и на еден милион. Токму затоа, научниците сугерираат на изградба на светска мрежа за истражување, информирање и одбрана од вселенски објекти под водство на Обединетите Нации.

Зголемувањето на бројот на препознаени потенцијално опасни небесни тела не значи зголемување на веројатноста за нивен удар на нашата планета, но значи дека треба да се зголемат мерките на претпазливост, за да не дојде до евентуална катастрофа.

"Доколку само ја погледнеме Месечината, на која поради недостатокот на атмосфера подобро се конзервираат кратерите од ударите, ќе ни стане јасно дека опасноста од астероидите е актуелна. Впрочем, самата историја на планетата Земја укажува на бројни докази за слични појави", изјави Расел Швајкарт, претседател на Меѓународната група за намалување на опасноста од астероидите.

Со развојот на науката и технологијата постојат многу можности за предвидување и одбрана од вакви потенцијални армагедонски случувања, тврдат научниците, кои ургираат на глобална согласна акција за да се искористат можностите, доколку е потребно. Стручњаците целат кон создавање на мрежи кои би собирале и проценувале информации од различни научни установи и би формирале мерки на заштита.

Според нив, потенцијален судир на некое небесно тело со нашата планета може да се предвиди 10 до 15 години однапред, што по нивното мислење е сосема доволно време за подготовка на соодветни противмерки, како на пример, промена на траекторијата на телото со силен противудар.

Научниците предупредуваат дека причина за алармот не е нивната фасцинираност од филмот "Армагедон" по 127-ми пат - туку, потенцијалната опасност која може да се случи во иднина. Најдобро да се спречи....кога, неможе да се лечи.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Астрономија !   Today at 6:57 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Астрономија !
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Мистерии-
Отиди до: