CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Димо Хаџидимов

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Димо Хаџидимов   Пет Ное 21, 2008 5:15 pm

Димо Хаџи Димов (Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, 19 февруари 1875 [1] - Софија, 13 септември 1924) е македонски социјалист, член на ВМОРО и идеолог на нејзината левица.

Бил учесник во борбата кај Баница, на 4 мај 1903 година кога животот го загуби апостолот на македонското национално-ослободително движење Гоце Делчев. По поразот на Илинденското востание застана на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански.


==Рани годи Семејството на Хаџи Димов во 1879 година, бегајќи од турскиот аскер, се доселува во Дупница. Димо основно училиште завршува во Дупница, а во 1891 година се запишува во Педагошката гимназија во Ќустендил. Таму ќе потпадне под влијание на својот учител Ефтим Каранов кој ќе ја разгори неговата љубов кон помагање на сиромашните. Со завршување на училиштето (1895 година) ќе учителствува во Дупница преокупиран со социјалистичките идеи и ослободување на својот народ.

Социјалист и национален деец

Во редовите на ТМОРО се вклучува во 1896 година. Се спријателува со Јане Сандански за кого, според кажувањето на Иван Харизанов, Димо Хаџи Димов претставува духовен учител, кој „како брат се грижеше за него“.

Од 1901 година Хаџи Димов се вклучува поактивно во македонското ослободително движење. На забелешките во социјалистичките кругови дека движењето е буржоаско по својот карактер, Хаџи Димов возвраќа дека социјалистите треба да учествуваат во него за да го отстранат негативното влијание на буржоазијата и да го постават на здрави основи.

Истотака, во 1901 година ја напиша статијата „Македонското прашање“ каде во еден дел вели: “... за нас е повеќе од јасно дека бугарските власти секогаш правеле сметки за Македонија иако таа сметка тие ја криеле од широката маса со библиската реченица „добри пријателски врски со владејачкиот дворец“ каде европската дипломатија се залагаше за зачувување на тишината на истокот. Самите интереси на Бугарија бараат присоединување на Македонија кон неа, и тоа е мошне природно бидејќи тоа досега не и успеало кое значи дека нема доволно сили да ја оствари таа зделка. Меѓутоа, таа никогаш нема да го напушти својот идеал...“[се бара извор]

Во судирот помеѓу Внатрешната организација и Врховниот комитет Хаџи Димов застанува категорично на страната на Внатрешната организација.

Баница

Во договор со Гоце Делчев, тој во јануари 1903 година заминува со четата на Борис Сарафов за Македонија. По неколку месеци, на 3 мај пристига во селото Баница за да се сретне со Делчев. Следниот ден турската војска го напаѓа селото и во битката загинува Делчев. Хаџи Димов успева да се извлече и кон крајот на мај се враќа во Дупница.

Идеолог на левицата на ВМОРО

По Илинденското востание заедно со Јане Сандански и Ѓорче Петров застанува против врховистите. Се профилира како истакнат претставник на левицата во ВМОРО. Учествува во организацијата и уредувањето на органот на ВМОРО „Револуционерен лист“ од јуни 1905 година во која се формираат најсуштинските цели на внатрешната организација наспроти целите и задачите на Врховниот комитет. На Рилскиот конгрес Хаџи Димов е избран и за уредник на овој весник.

Во 1908, во времето на Младотурската револуција заминува за Солун развива активна идејна дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија. Целите на оваа партија се Македонија да се оформи како одделна самоуправна државно-правна единица т.е. турската империја да се реформира како источна федерација и наместо вилаетите од националните провинции да се формираат самоуправни области како: Македонија, Албанија, Ерменија.

Во Солун Хаџи Димов останува до јануари 1909 година, кога се враќа во Софија и се вработува во Министерството за земјоделие.

Прва балканска војна

По Првата балканска војна Димо Хаџи Димов бил подофицер во 14-и пешадиски македонски полк на Седма пешадиска рилска дивизија на бугарската армија. Учествува во битките за Царево село и Кочани.

Привременото претставништво на бившата ВМРО

По Првата светска војна Хаџи Димов заедно со Ѓорче Петров и соработниците на Јане Сандански се организираат во борба за извојување на автономна и обединета македонска држава. Во ноември 1918 година оваа група излегува со Декларација во која ги изложуваат своите погледи околу Македонија, а потоа Хаџи Димов погледите изложени во Декларацијата ги доразвива во својата брошура „Назад кон автономија“.

На 9 март 1919 година е објавен Апел до македонското население и емиграцијата во Бугарија. Хаџи Димов е еден од 19-те потписници на Апелот и влегува во шестчленото „Привремено претставништво на бившата ВМРО“ што е формирано на состанокот на кој е усвоен Апелот.

По неповолните резултати од Версајскиот договор, активноста на Привременото претставништво опаѓа. Бугарската комунистичка партија преку Хаџи Димов се обидува да го подведе Претставништвото под свое влијание, но не успева во намерата поради противењето на останатите членови и пред се на Ѓорче Петров. Соочено со ваква ситуација, кон крајот на 1919 година Претставништвото се самораспушта.

Во партиските редови

Од крајот на 1919 година Хаџи Димов се вклучува во активностите на Бугарската комунистичка партија околу емигрантите во Бугарија. Станува секретар на тогаш формираната Централна емигрантска комисија и уредник на „Ослободување“. Во 1921 година партијата решава да го создаде Емигрантскиот комунистички сојуз, во кој Хаџи Димов продолжува да игра важна улога.

Како партиец и македонски деец, тој го популаризира делото на Советскиот Сојуз, и ја поздравува победата на Октомвриската револуција, ја разобличува бугарската реакција и им го покажува на македонскиот народ спасителниот пат на социјализмот. „Советска Русија допрва има да игра улога на Балканот и Европа, од која улога победените и поробените народи можат да очекуваат само заштита, само помош, само ослободување.“

По задушувањето на Септемвриското востание, поголем дел од раководството на Бугарската комунистичка партија е затворено или емигрира од Бугарија. Во такви услови е избрано ново привремено раководство на партијата, при што Хаџи Димов е избран во Контролната комисија. Станува и комунистички пратеник во бугарското Народно собрание. Во мај 1924 година влегува и во Централниот комитет на партијата.

Убиство

Сите овие активности на Димо Хаџи Димов ќе го доведат во судир со бугарската власт и со автономистичката ВМРО. Заканите кон него стануваат се почести.

По убиството на Тодор Александров десницата на македонското движење се одлучува многукратно да се одмазди. На состанокот со левицата што е закажан за 12 септември 1924 година во Горна Џумаја настанува колеж на многумина истакнати левичари. На оваа средба требало да дојде и Хаџи Димов, но тој сепак не дошол. Но тоа не му помага да го избегне убиството. Веќе следниот ден, попладнето, Хаџи Димов е убиен од страна на Владо Черноземски на улиците на Софија.

Закопан е на софиските гробишта до секретарот на ЦК БКП Тодор Петров и, согласно своите атеистичко уверување, без верски обреди.

Мисли на Димо Хаџи Димов

...Таа идеjа сепак си остана само бугарска идеjа, додека наjпосле не исчезна и како бугарска. Ниту грците, ниту турците, ниту некоjа друга националност во Македониjа не jа прифати тоа парола. Уще повеке, тие се изразиjа притив неa, против идеjата за афтономиjа… Защо идеjата за афтономиjа каj Бугарите доби поширок полет после создавањето на Внатрешната македонска револуционерна организациjа, коjа што беше бугарска по состав и се поjави како организациjа доволно раширена и со силна боева моќ и сила на спротивставување. Раководството на македонските грци не можеше да се нареди под знамето на една таква организациjа, коjа што во никаков случаj не би постанала орудие на елинизмот како национален идеал… Во лицето на Бугариjа, грчкото кралство и неговите агенти во Македониjа гледаа еден поголем фактор и со посилен воен престиж, а тоа налагаше едно негативно однесување према внатрешното бугарско движење… Без сомнеж, штом македонските грци, после бугарите наjмногуброjната насионалност, зазедоа таква позициjа према идеjата за афтономиjа, последната не можеше да смета на успех...



Линкови за проширување на знаењата

-> http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=53&tid=189


Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Димо Хаџидимов
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
Отиди до: