CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Христо Татарчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Христо Татарчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Христо Татарчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Христо Татарчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Христо Татарчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Христо Татарчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Христо Татарчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Христо Татарчев Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Христо Татарчев Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Христо Татарчев Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
Иво (711)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
@komita@ (690)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
Ane (624)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
S0tE (547)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
Dimce* (431)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
Plavuska (394)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 
ivan4e (111)
Христо Татарчев Vote_lcapХристо Татарчев Voting_barХристо Татарчев Vote_rcap 

 

 Христо Татарчев

Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Христо Татарчев Empty
ПишувањеПредмет: Христо Татарчев   Христо Татарчев Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 12:09 am

Д-р Христо Татарчев (16 декември 1869, Ресен – 2 јануари 1952, Торино, Италија) е основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун.

Биографија и револуционерна дејност

Основно образование завршил во родниот град. Шести клас на гимназијата завршува во Пловдив. Поради конфликтот со школските власти како претседател на друштвото на учениците во гимназијата не му било допуштено да го полага својот годишен испит и со тоа прекинало неговото натамошно школување.

Студирал медицина во Цирих- Швајцарија и Берлин. Студиите ги завршил 1892 година. По враќањето во Македонија бил поставен за школски лекар во машката и женската гимназија во Солун.

Д-р Христо Татарчев е еден од учесниците на основачкото образование на 23 октомври 1893 година во Солун на ВМОРО, заедно со уште Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Даме Груев, Антон Димитров и Христо Батанџиев. На основачкото собрание бил избран за прв претседател на Централниот Комитет. Учесник е во работата на Солунскиот конгрес на Организацијата од 1896 година. На таа функција останува до 1901 година. Тогаш заедно со другите членови на Централниот комитет е уапсен од турската власт. Осуден е на пет години затвор. Бил осуден во Подрум Кале. Овде останува до 19 август 1902 година кога по силата на една амнестија е ослободен од натамошно издржување на казната.

На враќање од Подрум Кале на 30 август 1902 година, во Грција бил уапсен под обвинување дека соучествувал во убуството на некој грчки лекар во Гуменџе. Под притисок на јавноста во Бугарија е ослободен. При крајот на 1902 година е именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.

Во востанието непосредно не учествува. Својата работа во ВМОРО ја продолжил и по Илинденското востание. Не бил избран за делегат а според тоа и не зел учество на Рилскиот конгрес во октомври 1905 година. По конгресот повеќе не е член на Задграничното претставништво на ВМОРО. Блиско соработувал со десната струја во Организацијата, за кое бил остро критикуван од Ѓорче Петров и исфрлен од раководството на ВМРО.

После турскиот Младотурската револуција од 1908 година го подржува Соjузот на бугарските конституциони клубови.

Во текот на јануари 1919 година ги споделува мислењата на групата од „Бившата ВРО од Западна Македонија“. Не го потпишал нејзиниот Апел од 9 март 1919 година само затоа што според него не било доволно интонирано националното прашање. Во периодот помеѓу двете светски војни се оддава на публицистиката. Работи на своите спомени. Извесно време по војната живеел во Италија. Во времето на окупацијата живеел во Ресен. Бил близок пријател на Иван Михајлов[1] и по војната заминал во Бугарија од каде во 1949 година оди повторно во Италија каде умира на 2 јануари 1952 година.

Во своите дела, Христо Татарчев не еднаш се изјаснува како македонски Бугарин и зборува за обединета Бугарија.

Мисли на Христо Татарчев

- Македонскиот народ
Идејата за слободата на Македонија се појави кај македонско-бугарскиот народ по силата на оној неминовен универзален закон во животот на народите, за развивање и конкретизација на мислата и вољата како народносно самосознание и историска реалност. Македонско-бугарскиот народ, откако се ослободи од духовно-културниот терор, за што тој дал најсветли фигури, како бр. Миладиновци, Жинзифов и др. не можеше да остане повеќе индеферентен спрема господарите на неговата родна земја при такви политичко-социјални услови. Затоа идејата за слобода за него беше една насушна неопходност за непречена пројава на неговиот дух и воља во животот. Имено, таа неопходност го принуди да ја напушти вековната пасивност и да прибегне со оние методи и дејствија за слобода, коишто беа одобрувани од светската историја и од самиот живот. Таа негова фантазија најпосле се обејективизира во почетокот на 1893 год. во форма на конспиративна организација - ВМОРО. Солун пак стана не само нејзино седиште, туку и центар на нејзината револуционерна дејност. ”

“Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род, јазик, на реликвиите на нејзините дедовци и прадедовци.”


- Основањето на ВМОРО
“ ...Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да го избегнуваме сето тоа, кое, во инородното населние би возбудило сомнение на тесноград национализам. Поради таа причина го напуштивме зборот българска од револуционерната организација; истотка и таа од централниот комитет. Одринско од почетокот не влегуваше во нашата програма. Целото наше внимание тогаш беше насочено околу Македонија; но покасно почна да се зацврстува идејата во нас, така што нашата организација да го опфати и Одринско, каде судбината на христијанското население, особено на буграското, не се разликуваше со ништо од тоа на македонскиот народ и каде политичко-социјалните и економски услови беа речиси идентични со оние во Македонија. Притоа чл. 23 од Берлинскиот конгрес не охрабри доста во тој однос и зафативме попосле да го обмислуваме поопстојно и тоа прашање - дали ќе биде полезно, ако и Одринско биде вовлечено во нашата програма. Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност, така што, на тој начин си мислевме дека се даваше едно задоволително решение на балканското прашање ”


“ Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи...Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт за нашиот статут. ”


Илинденското востание
“ Илинденското востание, на кое што македонскиот Бугарин ќе му ја празнува триесетгодишнината, беше сеопшта сенародна фантазија, под чиј што импулс и вера Македонија се подготвуваше редица години и ги даде сите возможни морални и материјални жртви за овој голем момент. Тоа требаше да дојде после една долгогодишна револуционерна дејност.


Линкови за проширување на знаењата

-> http://www.geocities.com/vmro_makedon/Publik/ilinden-ht.html

-> http://www.geocities.com/vmro_makedon/Publik/vmoro-ht.html

Христо Татарчев Hristot
Вратете се на почетокот Go down
 
Христо Татарчев
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
Отиди до: