Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Димко Сарванов - Могилчето Саб Ное 22, 2008 12:45 am | |
| Роден е во 1879 година во с. Могила, Битолско. Завршил основно училиште во родното село. Во 1898 се вклучил во редовите на МРО. Бил четник во четата на Ѓорѓи Сугарев и крстосувал низ Битолско, Мариово и Демир Хисар. Кога четата се поделила, припаднал кон четата на Јон Кафеџијата, со која за време на Илинденското востание дејствувал во Пелистерскиот реон и извесно време во Преспа. Во 1904 година формирал своја чета и станал нејзин војвода. По загинувањето на Сугарев, ја продолжил борбата против грчките андарти, чистејќи го Мариово од нив. На 4 јануари 1908 година, во с. Ношпал, Битолско, попаднал во турска заседа. За да не им падне жив во рацете на Турците, се самоубил, пукајќи си во устата со револвер. | |
|