CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Иван Хаџи Николов

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Иван Хаџи Николов   Саб Ное 22, 2008 12:52 am

Иван Хаџи Николов (24 декември 1861, Кукуш – 9 јули 1934, Софија) бил солунски книжар, трговец, еден од организаторите на ВМРО и член на ЦК на Организацијата.

Биографија

Иван Хаџи Николов добил основно образование во Кукуш, потоа продолжил во Пловдив и Свиштов, а вишо трговско образование завршил во градот Линц, Австрија. Бил учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и професор во Солунската гимназија. Во 1893 година бил принуден да се откаже од професијата. Во Солун отворил своја книжарница. Тој е познат македонски општественик во чија куќа, во Солун на 23 октомври 1893 година, е формиран ЦК на ВМРО. Бил учесник во основачкото собрание на Организацијата. Во јануари 1901 година е уапсен и осуден. Казната ја издржува во Подрум - Кале, Мала Азија.

По амнестијата 1903 година се преселува во Софија, кадешто се занимавал со издавачка дејност, книговодство и трговија. Се смета за поттикнувач за создавањето на знаменитата брошура на Петар Поп Арсов, „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”.

Иван Хаџи Николов е автор на ракописните мемоарски „Записки“, коишто се чуваат во Софија во архивот на македонските културно-просветни друштва во Бугарија.

Учествува во работата на Солунскиот Конгрес во 1903 година, кога во отсуство на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и други се донесува препорака за кревање на предвремено востание.

Тешко заболен и душевно растроен, се самоубива на 9 јули 1934 година. Иван Хаџи Николов се изjaснувал цел живот како бугарин.

Мисла на Иван Хаџи Николов

“ Имав околу 10 години, кога за прв пат почнав да учам бугарска историја од учебникот на Д.В. Манчов. При учењето од таа историја си велев: „Значи ние сме си имале царство ама ни го зеле Турците". Од истава историја дознав дека некогаш и Тесалија била населена со Бугари, кои Грците ги погрчиле. И тогаш пак си велев: „Значи и Грците се наши непријатели. Па, зошто нашите татковци не се дигнат да си го земат царството од Турците и да си ја вратат погрчената Тесалија? По средината на бугарските земји се протега Стара Планина. Тука можат да се соберат сите останали Бугари и од таму да тргнат кон Цариград, Солун и Тесалија". Од Библијата (Битиписанието) пак дознав, дека Мојсеј кога видел како еден Еегипќанин тепа еден Израелит, го оттргнал Израелитот и го убил Египќанинот. Тогаш си реков: „...ако видам некој од друг народ или друговерец да тепа Бугарин, ќе го одбранам последниот а првиот ќе го натепам“. И вистина, ми се случи тоа брзо да го применам. Еден ден во нашето маало видов како две Турчиња тепаат едно Бугарче, Се спуштив, го оттргнав Бугарчето и ги натепав Турчињата. Од тогаш тие Турчиња не ги напаѓаа Бугарчињата во нашето маало.

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Иван Хаџи Николов
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
Отиди до: