Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Јордан Силјанов, Пиперков (Пиперката) Саб Ное 22, 2008 1:07 am | |
| Роден е на 23.06.1870 год. во село Козица, Кичевско. По завршувањето на фурнаџискиот занает во Софија, и по повеќегодишно ајдукување низ Бугарија, во 1897 се враќа во Кичевско каде воспоставува контакт со Организацијата. Во 1901 год. бил комита во четата на Никола Русински, а истата година е наименуван за војвода на Демуирхисарскиот реон. Дејствувал и во Крушевско и Кичевско. Како војвода со чета зел учество во Илинденското востание во борбите против турскиот аскер и башибозук во Кичевско и Демирхисарско. Во 1903 година, во селото Цер, Битолско, попаднал во турска заседа и загинал во нерамна борба како голем јунак | |
|