Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Јосиф Даскалов Саб Ное 22, 2008 1:08 am | |
| Роден е во 1868 година во Кратово. По занимање бил учител. Во Организацијата стапува многу рано и бил еден од главните организатори во Кратовско. За време на Виничката афера (1897) бил затворен од турската власт и во затворот подложен на инквизиторско мачење. За да ги заведе, на турската власт и посочил лажно место, каде божем се наоѓала скриена архивата на Организацијата од Кратовскиот реон. Кога ја одвел полицијата на тоа место, се прекрстил и скокнал од една висока карпа во бездната. По некое чудо останал жив. Умрел во 1909 година, отруен од Турците. | |
|