Пет работи кои можеби не сте ги знаеле за Апокалипсата Низ човечката свест постојано се провлекувала идејата за судниот ден и крајот на светот. Иако сценариото секој пат е различно, идејата е иста. Но едно е факт. Секое предвидување за пропаста на светот до сега се покажало неточно. Еве пет факти кои можеби не сте ги знаеле за Апокалипсата.
1. Јеховините сведоци до сега најмногу пати погрешиле
Движењето на Јеховините сведоици започнало во 1876 година. До сега пропаста на светот ја предвидувале во 1874, 1878, 1881, 1910, 1914, 1915, 1918, 1925, 1932, 1941, 1975, 1994 и 2004 година. Во случај да не сте забележиле тоа е 0:13 погрешни тврдења за пропаста на светот.
2. 2012 година се чини како клучна година за Апкалипсата
Tврдења кои ја потпираат оваа теорија
-еден аспект од теоријата е оној кој вели дека на 21 декември 2012 година ќе се промени положбата на земјината оска и ротацијата на планетата ќе предизвика големи природни катастрофи
-во книгата “Орионово пророштво“ се тврди дека магнетското поле на Земјата ќе се промени во 2012 година предизвикувајќи огромни катастрофи. Факт е дека се менува магнетското поле до некоја точка (како и многу пати до сега) но сето тоа се случува преку ноќ
-судејќи според алгоритмите кои се извлечени од библијата и книгата “Библиски код“ во 2012 година Земјата ќе ја погоди голем атероид
-и Хидусите 2012 година ја сметаат како клучна година кога ќе се појави автарот (Бог во човечки облик) и ќе започне нова доба исто како и оние кои сметаат дека потекнуваме од вонземјани кои таа година би требало да се спуштат на Земјата и да го уредат нашиот свет
-дали заборавивме да споменеме дека древниот ацтешки календар престанува во 2012 година?
3. Нострадамус никогаш точно не предвидел
Нострадамус аптекар од 16 век во последно време постојано е во средиштето на вниманието поради своите предвидувања кои наводно се покажале точни. Но неговите следбеници често прават три грешки: Првата е дека се потпираат на лош француски превод на оригиналните текстови по кои подоцна се имаат испечатено многу книги; Втората грешка лежи во интерпретацијата на неговите стихови кои се толку повеќезначни што не може да се сфати буквално секој важен дел;
Третата и можеби најважна грешка е ефектот на ретроактивно предвидување, кога после некој голем настан почнува да се препознаваат во него предвидувачките елементи, а до тогаш немало никаква основа.
4. Многу религиски сценарија вклучуваат зли духови
Иако оригинално се појавуваат во хебрејските свети списи, Гог и Магог се појавуваат во Новиот Завет. Во откровението се дефинираат као нација на четирите страни на светот кои Сатаната ги испратил да ја нападанат и уништат Земјата.
5. Крајот ќе дојде кога ќе се појават влакнести животни
Во Исламот има многу предвидувања за крајот на светот. Една од главните претпоставки е дека крајот на светот ќе настапи кога ќе се појават животни кои ќе бидат толку влакнести што нема да се знае дали тие доаѓаат или заминуваат. Нивната појава коинцидира со големиот број муслимани кои се одвојуваат од Исламот, а тие животни според верувањето ги враќаат на правиот пат.
__________________________________________________
Не знаев каде му е местото на ова, па го ставив тука, мислам дека тука најмногу припаѓа. Инаку навистина интересни факти!