CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Никола Карев

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Никола Карев   Саб Ное 22, 2008 1:25 am

Никола Јанакиев Карев (Крушево, 23 ноември 1877 - Рајчани, Кочанско, 27 април 1905) е истакнат македонски социјалист и револуционер. Учесник во Илинденското востание и раководител („Претседател“) на Крушевската република.

Школување и заминување на печалба

Никола Карев е роден како четврто дете во сиромашното јагленарско семејство Кареви. Во 1892 година е принуден да го прекине школувањето и да се вработи како столарски чирак. Во 1895 година го напушта своето родно огниште и како 16-годишно момче заминува на печалба во Бугарија. Во прво време работи како помошник ѕидар, а потоа станува столарски работник во работилницата на велешкиот столар и основач на Македонската работничка социјалистичка група во Софија, Васил Главинов.

Влегување во редовите на ТМОРО

Во Крушево се враќа во септември 1899 година и се зафаќа со докомплетирање на своето образование. Поради полагањето на завршниот испит во јуни 1900 година, Карев не учествува на Првата социјалистичка конференција. Сепак ги прифаќа нејзините одлуки, во прв ред одлуката за влегување на македонските социјалисти во редовите на ТМОРО. Социјалистите во ТМОРО се примени во февруари 1901 година, а со тоа и Карев станува дел од ТМОРО.

Во јуни 1901 година завршува четврти клас во Битолската гимназија и во учебната 1901/1902 станува учител во крушевското село Горно Дивјаци. Следната учебна година е префрлен на работа во Крушевската прогимназија.

Водач на Крушевската република


На чело на Крушевскиот револуционерен комитет застанува во јануари 1903 година. На Смилевскиот конгрес во мај истата година се спротивставува на решението за кревање на Илинденското востание, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен да се крене на востание. Сепак, по одлуката за кревање востание, во својство на началник на Горскиот крушевски штаб, Карев активно учествува во подготовка и организација на востанието. Спроти Востанието, тој, во име на Штабот, објавува Проглас во кој го повикува народот на востание. Ноќта на 2 август 1903 година околу 750 востаници, предводени од горскиот начелник Никола Карев, го нападнале и го ослободиле Крушево.

За време на востаничката власт во Крушево, Карев е на чело на Штабот на крушевските востаници и не врши ниту една од функциите во новоизбраните цивилни органи на востаничката власт. Сепак, фактички, тој бил на чело на новата востаничка власт во Крушево, поради што обично му се припишува функцијата претседател на Крушевската република, иако за тоа нема формална основа. Како што напиша Кочо Топузоски:

„Беспредметни се сите дискусии, дури и во научната јавност за тоа дали Никола Карев бил или не бил 'избран' за 'Претседател на Крушевската република'. Тоа прашање воопшто не соодветствува на тогашните прилики, зашто таква 'функција' во деновите на крушевската слобода воопшто не постоела и не можела да постои.“ (Топузоски, 126 стр.).

Помеѓу поважните одлуки што ги донесе Карев е упатувањето на Крушевскиот манифест до околното муслиманско население го кое братски се повикуваше да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија.

Под негово водство востанието во Крушево станало најголемиот успех на Илинденското востание.

Повлекување во Бугарија и убиство


Со паѓањето на градот во турски раце, тој со своите соработници се повлекува во околните планини на Крушево, а кон средината на ноември 1903 година се префрла во Белград, а оттаму во Софија. Во Софија ја обновува својата активност и учествува во формирањето на Македонско-одринската социјалистичка група во 1905 година, како огранок на Бугарската работничка социјалдемократска партија.

По неуспешните обиди легално да се врати во Македонија, Карев во пролетта 1905 година решава да го стори тоа нелегално. На 26 април неговата чета на пат за Крушево преноќува во селото Рајчани, помеѓу Кочани и Пробиштип. Но, тука се предадени и веднаш сардисани од турската војска. Следниот ден, на 27 април во нерамна борба со турскиот аскер кај месноста Свиланово загинува Никола Карев, заедно со многу борци од неговата чета.

Посмртните останки на Карев

Посмртните останки на Карев во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, се пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година тие се пренесени во Македониумот.

Во негова чест се именувани неколку основни и средни училишта во земјата.

* Гимназија "Никола Карев" - Скопје
* СУ "Никола Карев" - Струмица
* ОУ "Никола Карев" - Кочани
* ОУ "Никола Карев" - Крушево
* ОУ "Никола Карев" - Пробиштип
* ОУ "Никола Карев" - Радовиш



Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Никола Карев
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
Отиди до: