Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Харалампие - Рампо Пешков Саб Ное 22, 2008 1:50 pm | |
| Роден е во Прилеп, во познато трговско семејство. На 17-годишна возраст стапил во редовите на Организацијата. Со пројавената храброст, станал нејзин терорист и познат агитатор. Рампо ја извршил смртната казна врз шпионот Ташко Филипов во 1897 година. Како трговец со ортоми, Рампо ја крстосувал цела Македонија и секаде ги ширел идеите на Македонската револуционерна организација. Во 1901 година бил откриен, фатен од турската власт, затворен и подложен на тортура. Умрел во турскиот затвор во 1902 година. | |
|