CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
Иво (711)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
@komita@ (690)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
Ane (624)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
S0tE (547)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
Dimce* (431)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
Plavuska (394)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 
ivan4e (111)
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_lcapКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Voting_barКресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Vote_rcap 

 

 Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879)

Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Empty
ПишувањеПредмет: Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879)   Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879) Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 2:02 am

Одлуките од Берлинскиот конгрес македонскиот народ ги дочека со бран на разочарување, огорчување и експлозија на револт.

Востанието му претходи од едно собрание на 50-60 поистакнати Македонци, од македонската емиграција во Бугарија, кои се наоѓале во контакт со егзархиските кругови, се собрале за да побараат излез од новонастанатата ситуација. Меѓу нив се Васил Диамандиев, Методи Кусев, Димитар Карамфилович, Коста Шулев, Димитар Македонски и др. Под формата на добротворен комитет за потпомагање на бегалците од Македонија тие започнуваат да организират востание. Во текот на август кон нив се присоединува и епископ Натанаил Охридски.

Паралелно со ова собрание, во Пловдив, под раководството на Стефан Стамболиски, познат бугарски револуционер и иден претседател на бугарската влада, се формира комитетот „Единство“. Под негова контрола биле ставени сите други слични комитети во Бугарија.

Целата работа на организирањето на вооружените акции во Македонија му била доверена на Охридскиот митрополит Натанаил. Под негова команда се нашле голем број бивши доброволци Македонци. По обемните организациони подготовки, во септември 1878 година од реонот на Ќустендил бил направен и обид да се уфрли една чета во Македонија, но без успех.

Една од првите грижи на Натанаил била да воспостави контакт со водачите на внатрешното движење, особено со дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев-Беровски. По консултациите со нив, во Рилскиот манастир (08.09.1878), а потоа и со раководителите на локалните чети во Горна Џумаја, било решено да се обединат сите чети под командата на војводата Стојан Карастоилов од с.Старчишта, Неврокопско. Исто така, на овие советувања било решено со акциите да се почне во реонот на Кресненската Клисура.

Востанието започнало на 5 октомври (с.с.) 1878 година, со напад на околу 400 востаници врз турскиот гарнизон во Кресненската клисура. По 18-часовна борба, целиот состав на турскиот гарнизон од 119 војници и два офицери бил заробен, а заземени и селата Влахи, Оштава и Ново Село. По овој успех востанието брзо се проширили по левата и десната страна на р. Струма со заземање на селата Мораска, Брезница, Будилци и Сливница. Востаниците дошле во непосредна близина на Берово и Петрич, а друга група го блокирала гр. Мелник.

Кресненското востание во првите десет до петнаесет дена во рамките на Серскиот санџак активно опфатило пет околии: Џумајска (Благоевградска), Мелничка (Санданска), Петричка и делумно, Демир Хисарска и Пехчевска. Подоцна, во почетокот на ноември тоа се проширило и во Мехомиска (Разлошка) околија.

Џумајската околија, која практично била напуштена од турската војска поради присуството на руската војска во Горна Џумаја, фактички била оперативна зона на востаниците. Во неа се вршела концентрација на востаничките сили. Територијата што во првата половина на октомври ја ослободиле востаниците ги опфаќала Мелничка, Петричка и Пехчевска околија

Во Пехчевска околија, со сигурност може да се каже, било ослободено Берово.

Во целина во првиот налет востаниците само во наведените пет околии, а по проширувањето на борбите во Разлошко, каде што биле ослободени седум населени места вкупно ослободиле 54 населени места со околу 32 илјади души население.

Со успешното развивање на востанието, со неговото јакнење и израснување во реална борбена сила и востаничка власт сe повеќе се конкретизирале и неговите цели.

Во своите настојувања да ги одрази стремежите на македонскиот селанец за слобода и самостојност, раководството на востанието изработило „Правила на македонскиот востанички комитет“. Тоа е вистинска национално-политичка програма, во која се определени карактерот и суштината на Кресненското востание – борба за самостојност на востанието како услов за извојување на сопственото ослободување, за создавање на своја македонска држава.

Сето тоа влијаело востанието да биде прифатено со воодушевување од македонскиот народ – внатре и надвор од земјата. Приливот на востаниците бил толку голем што не можело да се наваса со оружје. Димитар Поп Георгиев барал 2-3.000 пушки, но секогаш добивал минимално количество, што довело и до првите конфликти меѓу месното раководство на востанието и комитетот „Единство“.

Меѓутоа, заедно со успесите, дошле и првите судрувања меѓу востаниците и претставниците на комитетот „Единство“, чии последици биле трагични.

Од раководството на востанието биле отстранети претставниците на Комитетот, и тоа целосно поминало во рацете на внатрешните. Не можејќи да допушти раководството на востанието да се отргне од неговите раце, Комитетот презел најенергични мерки неговите претставници да се вратат во раководството во Кресна. Оваа намера била спроведена со драстични средства. За да ја осигураат својата власт над востанието, претставниците на Комитетот го уапсиле Беровски и го ликвидирале војводата Стојан од Петрич. Настапила криза во востаничките редови. Ползувајќи се од настанатите сзудрувања меѓу востаниците, турската војска ја повратила ослободената територија од левата страна на Струма.

Следејќи ја својата тактика на повеќе места да се подигнат немири, Комитетот „Единство“ наредил на 8 ноември 1878 година да се нападне градот Банско во Разлошката котлина. Во првиот налет од Банско биле истерани турските војници, но востаниците не успеале да завладеат со целата котлина. И покрај храбриот отпор на месното население, по девет дена акцијата во Разлошко пропаднала.

Поради меѓусебните пресметки и опасноста востанието да пропадне, Натанаил повторно го вратил уапсениот Беровски во секторот на Кресна. Тој своето внимание го сконцентрирал на секторот на Каршијак, каде организирал востаничка селска власт.

Меѓутоа, Беровски не останал долго во востаничките редови. Тој бил повторно уапсен од агентите на Комитетот „Единство“ и засекогаш отстранет од востанието.

При крајот на април 1879 година османската војска ја завладеала слободната востаничка територија. Потоа, кон крајот на мај, истата година биле распуштени и четите што се наоѓале на бугарска територија.

По задушувањето на Кресненското востание, за што не мал придонес имаат големите сили, а во прв ред Англија, која и директно, преку давањето материјална помош на Османската империја, се ангажирала во неговата ликвидација, внатрешните немири не престанале.
Вратете се на почетокот Go down
 
Кресненско Разлошко востание (1878 - 1879)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: