CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
Иво (711)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
@komita@ (690)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
Ane (624)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
S0tE (547)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
Dimce* (431)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
Plavuska (394)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 
ivan4e (111)
Солунска афера - 1901 година Vote_lcapСолунска афера - 1901 година Voting_barСолунска афера - 1901 година Vote_rcap 

 

 Солунска афера - 1901 година

Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Солунска афера - 1901 година Empty
ПишувањеПредмет: Солунска афера - 1901 година   Солунска афера - 1901 година Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 2:08 am

„Во 1901 година се откри една од најкрупните и најгласните афери – Солунската, – којашто е предвесник на многу други афери во сите вилаети, на откривања и на зачестени судири.

Повод за солунската афера даде затворањето (23 јануари 1901) на двајца луѓе на Организацијата, Александар Ников – секретар на Централниот комитет и Милан Михајлов, кај кои се најдоа револвери. Ников успева да избега, а Милан Михајлов, подложен на мачења, започнува да издава што знае. Како резултат на неговото говорење, полицијата изврши претрес во станот на ученикот од VII клас Коне Лазаров и го најде списокот со имиња на работници, хектограф и др. компромитирачки документи. Следува затворањето на редица други видни луѓе на комитетот: Хр. Матов, д-р Хр. Татарчев, свештеникот Стамат Танчев, Диме Палашев, трговецот Васил Мончев, сопственик на „Бошнак-ан“ и др. Неколку дена подоцна Милан Михајлов, преоблечен во жандармериски алишта, ја посочува куќата, каде што се криеше ранетиот четник на Хр. Чернопеев Кочо Карловалијата, лекуван од д-р Христо Татарчев. Една ноќ полицијата на излегување од Солун ја фаќа колата на кукушанецот Анго Арабаџијата, со којашто бегаа неколку барани луѓе на комитетот: секретарот Ников, ученикот Милан Ризов, четникот Тодорчо од с. Серменин, Гевгелиско. Секретарот Ников се самоубива, а Милан Ризов го издава членот на месниот комитет Атанас Ангелов, трговец, во куќата каде што се криел.

Ретко турската власт наидувала на такви видни луѓе и крупни комитетски тајни.

Никој во Солун и во околините центри на вилаетот не се чувствуваше сигурен. Очекувајќи секој момент да биде уапсен, книжарот Ив.Х.Николов, единствениот член на Централниот комитет кој бил неуапсен, побрза да им предаде на учителите Ив.Гарванов и Спас Мартинов адреси и сe неопходно за влегување во врска со провинциските организации и со Софискиот комитет.

Меѓу другите документи, кои паднале во турски раце, беше и опширниот шифрован цариградски рапорт на Александар Кипров за раскопаниот канал под темелите на Отоманската банка во Галата од анархотерористичката група на Сл. Мерџанов. На Милан Михајлов значи се должи и тоа, што централата на Отоманската банка не полета во воздухот.

Поттикнати од солунските резултати, турците започнаа да употребуваат со повод и без повод инквизициони методи и во соседните околии (каази).

Кукушко пламнува истовремено по предавството од Солун и поради судирот на Чернопеевата чета во с. Бајалци. Во таа прочуена борба опкружената чета си проби пат со напад и после целиот ден се бори на отворено поле, кога даде седум убиени момчиња (од 13) и двајца ранети. Едниот од ранетите беше однесен од своите другари, а другиот остана во рацете на турците.

Предавството и борбата го чинеа градот Кукуш и четирите села (Морарци, Капиново, Гавалјанци и Крецово) такви маки, што од затворените и измачувани (42 и 45) двајца умреа, двајца осакатија, а еден (Хр. Хаџи Попов) полуде.

Во Гевгелиско по повод борбата во Бајалци и на двете убиства од измачуваните (51, меѓу нив и жени) умреа двајца. Во Воденско пострадаа 45 души.

Така, во настанатата афера по повод солунските малтретирања, во бајалската борба беа затворени 44 души револуционери, заробени на разни дати во месеците фебруари и март 1901 г. До јули т.г. судбината на секој од затворените беше определена: на 6 јули 1904 год. една група од 101 човек, меѓу кои имаше 8 души гевгеличани, била испратена на заточение во Мала Азија, тврдината "Подрум кале"; на 8 јули т.г. друга група од 40 луѓе, меѓу кои 17 гевгеличани била испратена пак во Мала Азија – Акија. Или, само гевгеличани дадоа 25 луѓе заточеници во врска со бајалската борба и солунската афера.

Тоа се случи по повод барањето на оружје и фаќање на работници од Организацијата, набележани по списоци и документи, пронајдени во Солун. Бајалската афера беше само дополнителна последица на Солунските откритија. Многу наши луѓе го припишуваат затворањето на организационите работници во Гевгелиско на бајалската афера. Всушност чорапот на аферата се расплетуваше не од Бајалци, туку од Солун." [Динев, Ангел. Од минатото на Гевгелија - ("Македонија"), бр. 1772, 10.IX.1932 г.]

Во Тиквешко настрадаа девет села. За преживеаните ужаси зборува фактот, што од стотици измачувани еден од с. Ресово и двајца од Мрзен-Ореховец умираат во страшни маки, а еден од с. Борово, за да го избегне затворот и мачењето, се самоубива. Во Тиквешко, учителот Александар Станоев една богато надарена, кристално чиста поетска душа, преживува една потресна трагедија. За да го избегне затворањето, Станоев пука во себе, но куршумот минува над клепката. Паднат во бесвест, несреќникот беше пренесен во Неготино, лекуван, испратен во Солун, осуден и заточен во „Подрум кале“.

Не остана незасегнат од одразите на солунската афера и скопскиот округ – главно Радовишката кааза.

Рекапитулацијата на сите тие афери – последица на солунската – е страшна и по број и по својството на настраданите. Од затворените 188 беа осудени 101 (9 души на смрт). Една група од 40 души беше испратена на 6 јули во малоазијатската тврдина „Подрум кале“. Друга група од 44 души беше испратена на 8 август во Акција, исто малоазијатска тврдина.“

Како резултат на Солунската аферата, било одржано судење од 26 февруари до 14 март 1901 год. на кое биле изведени 19 души, членови на Организацијата. Од нив тројца беа осудени на смрт, седум, меѓу кои и Христо Матов и Пере Тошев, на вечен затвор, тројца, меѓу кои и Христо Татарчев и поп Стамат, на петгодишен затвор со синџири, еден на затвор во траење од две години и петмина обвинети биле ослободени. Сите осудени биле испратени на издржување на казната во Мала Азија, во тврдината Подрум-кале (некогашниот Халикарнас). РСите биле амнестирани во втората половина на 1902 година.
Вратете се на почетокот Go down
 
Солунска афера - 1901 година
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Стара Нова Година
» ЛУЃЕ КАЈ ЗА НОВА ГОДИНА
» Како си поминавте за Нова Година?
» Солунските атентати - април 1903 година
» За една година 15.000 Македонци заминале на работа во Италија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: