CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Публицистика, писма ... Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Публицистика, писма ... Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Публицистика, писма ... Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Публицистика, писма ... Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Публицистика, писма ... Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Публицистика, писма ... Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Публицистика, писма ... Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Публицистика, писма ... Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Публицистика, писма ... Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Публицистика, писма ... Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
Иво (711)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
@komita@ (690)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
Ane (624)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
S0tE (547)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
Dimce* (431)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
Plavuska (394)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 
ivan4e (111)
Публицистика, писма ... Vote_lcapПублицистика, писма ... Voting_barПублицистика, писма ... Vote_rcap 

 

 Публицистика, писма ...

Go down 
2 posters
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 1:57 pm

Писмо од Ѓорче Петров до деец на движењето од Ахчелебиско

Брате Бочуков,

Моето доаѓање во Чепеларе беше најповеќе, за да се видиме со тебе и со некој друг од Вас, внатрешните пријатели, како и за да ме запознаете вие со положбата на работите и условите по ваше гледање, така и јас да ви објаснам во духот и правецот на нашите работи. Посакуваното не се случи. Кој е прав, кој крив не знам, но мене ми е многу мака. Заслужува при првата можност да го земеш некогаш одморот и да дојдеш да се видиме. Твоето доаѓање тука е полесно, отколку моето таму. Пречка си имал од некои од селските великодостојници. Постави се како ти да ги владееш, со зло или со добро. Од твоето писмо до комитетот, од разговорите со некои момчиња од Софија и со пријателите од Чепеларе гледам, дека ти си слабо проникнат во суштината на нашите работи. Во секој случај ќе се користам со писма за да ја пополнам празнината. Не е пожелно да ги повторите нашите грешки со горчливите работи, кои досега нам ни ги донесе нашето искуство.

Еве ти сега некои упатства:

1. Суштествуваат две организации по ослободителното дело, една внатре, друга тука. Управните тела: ЦР М-О-К таму, „Врховен Мак. Комитет“ тука, се во сојуз, без да се мешаат во работите на другиот. Посредникот сум јас, како член на Ц. Комитет и како таков со полномоштво во ВМК.[1] Вие сигурно влегувате во реонот на Ц.К. (во кој округ уште не е определено) и треба да влезете во директни контакти со него [2].

Тука ќе се обраќате до мене само за брзи работи и што зависат исклучително од Бугарија. Посредници за тоа ќе бидат нашите чепеларски пријатели. Бидејќи соопштенијата со внатрешните уште не ви се уредени, засега контактите ќе се одвиваат остука. Надвор одовде никакви контакти со кого и да е во Бугарија не им се дозволуваат на одделните комитети. Тоа ја изискува како нуждата од целост во внатрешната организација, така и интересот на самите месни погранични комитети. Сто тојаги по туѓ грб се ништо. Тукашните луѓе се сигурни од било каква опасност, со своите намисли можат само пакости да ви предизвикаат. Имаме горчлив пример од овој вид. Пазете се од такви намисли на неканети патриоти, ако не сакате да ве стигне судбината на пограничните македонски комитети. Основното начело на нашата организација е — приготвување на едно општо востание со чисто народни средства и сили, кое што начело содржи во себеси едно друго — самоувереноста и верата во себеси. Тешко е спроведувањето на овај почеток, но е неопходно за успешното завршување докрај. Тешко е, затоа што нашите луѓе без кураж и силна воља и со многу зачувани ропски особини, сe однадвор очекуваат, сe другиму се надеваат, сe јака потпора бараат. Тоа е неопходно, затоа што не може да се нарече готов за востание оној народ, онај негов дел, па ако сакате и оној индивидум, кој не се надева на себеси и не верува во своите сили и затоа што без него (ова е почеток) ние ќе бидеме играчка на шарлатаните и бездушните политикани. Во духот на тој почеток, сетете се сам каков правец да им давате на работите во секој конкретен случај. Силата кај секој еден во нас треба да оди одозгора надолу. Работниците поодделно со својата готовност на материјални и морални жртви за општите потреби на местото, готови секој за себеси во морален и материјален поглед, да ја создаваат силата на месниот комитет, на одделните месни комитети — на ЦК. Заблуда или подобро слабост е на одделните лица да бараат сe од комитетот. Истото е и за месните комитети во однос на ЦК. Секој работник ќе се труди, да направи се што е неопходно за себе а истовремено да му послужи и на централното раководно тело за општите потреби, секој месен комитет ќе го прави истото и за себеси и за ЦК. Барањето од тебе оружје одовде, како што разбираш, не одговара на горното. Кога комитетите (Ц. и Врх.) најдат средства да достават оружје, тоа ќе биде на нивно располагање, во резерва — нема да го раздаваат. Доволно е толку теорија. За практичните работи. Во почетокот се полакомивме за луѓе. Горчливи резултати добивме. Не ја повторувај грешката — т.е. прави избор на луѓето.

Мачи се да создадеш количествено ограничена, но здрава организација во твојот крај; во прво време ќе треба главното управното тело кај вас да има полиција и курири со нужното оружје за нив. Здрави канали. Скривалишта за луѓе и материјал и извесен број на одбрани момчиња, готови да излезат со пушка во рака во било кој случај и секогаш, а не само во моментот на востанието и заедно со сите, како што обично зборуваат. Тоа е тоа, организацијата во вистинскиот смисол на зборот. Надвор од тоа, преку весниците и усните агитации се води широката агитација. Главно треба да се убедува населението, без разлика на членство или нечленство, да се вооружуваат.

2) Извршувајте го строго Правилникот. Пропуштањето на малите работи, со време ќе ве разглобат.

3) Од кај вас има гурбетчии работници, коишто мислат, дека и воените тука им помагаат. Штом ја минат границата, зборуваат како во својот дом. Да се предупредат за ова сите членови, ако не сакате да го знаат шпионите тука тоа, што вие го правите таму.

4) Да има членски влог, макар и малку. Тој има и морално значење. Со нив ќе ги покриваме неодложните потреби. Недостатокот ќе го дополнувате со слободна и доброволна помош, од добри работници или симпатизери, но не готови за смрт. За собраните и поарчените пари ќе треба насекаде да водите сметка. За сносување на крајните потреби на организацијата и месните комитети, посебно собирајте пари со потврда од ЦК и едно знај, дека потврдата не се дава за помалку од 5 т. лири. За таа цел да ми испратиш список на луѓето, за да се напишат потврдите. Ако сметаш на голем успех, пиши ми да ти испратиме човек од тука за другар.

Потврдите ќе се даваат на луѓе, коишто нема да ги издадат, затоа што самите вие не сте закрепнале, а и другите работи ќе пречат привремено на теророт. Добро ќе биде, ако гледаш да ангажираш луѓе за оружје, за да може потивко да се сврши планот со него.

Мојата постапка за Тошевото преместување беше доцна, па не можев да успеам. Го Викав во Чепеларе со вас, но не дојде. Крајни мерки спрема него ќе преземете, откако се доби писмо од ЦК, за којашто цел пишете, за да пишам и јас.

Петте револвери на братството нека останат комитетски, а вие и раководителите приватно ќе си купите по еден, затоа што и оние што се кај вас, ќе требаат за курирот на тајната пошта.

Два товари со пушки, наскоро ќе треба да заминат за Габрово. За таа цел договорете се со Влчев од Чепеларе.

Накрај ќе кажам, дека времето не дозволува да одиме полека, туку брзо, затоа што не знам на каква пролет ќе осамнеме.

Работете да не би некогаш да се каете.

Пловдив, 5. XI. 1899 г.
Марко [3]

Објаснување
[1]. Ѓ. Петров соопштува, дека има две организации: ВМОРО и ВМОК, коишто се во сојуз, без да претендираат за раководство. Ѓ. Петров и Г. Делчев се задгранични претставници на ЦК на ВМОРО и како такви влегуваат во составот на ВМОК.
[2]. Ахчелебискиот реон подоцна влегол во Одринскиот револ. округ на Внатрешната организација.
[3]. Псевдоним на Ѓорче Петров.
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 1:57 pm

Писмо од Главниот штаб на востанието до директорот на источните железници

Господине Директоре,

Главниот штаб на Македонско-Одринскиот Револуционерен Комитет има чест да им соопшти на Почитуваната дирекција на Источните железници, дека тој денес реши да го почне востанието во името на слободата на христијанското население во Македонија и Одринско против турскиот режим, кој пет века не само што не ги признава најелементарните човечки права, туку не покажува и не им дава ни најмала гаранција за животот, имотот и честа на христијанското население, кое што како резултат на тој режим дојде до последна крајност и се виде принудено да ја прокламира борбата на својот крвав непријател со извикот: „слобода илн смрт!“

Бидејќи востанието по апсолутна неопходност ќе биде придружено од некои атентати по железните патишта, наведениот Штаб, по човечки долг ја предупредува почитуваната дирекција да биде благоразумна и да не допушти во текот на тие денови жителите на државата да патуваат по источните железници, за да не станат невини жртви.

Дозволете да примете, Господине Директоре, уверение со наша длабока почит.

Членови на Главниот штаб: Даме Груев, Б. Сарафов, А.Лозанчев
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 1:58 pm

Писмо на војводата П.Кљашев испратено до внатрешниот деец, негов другар, Павле Христов

,,Бај Павле, одамна не сум ти пишал. Тоа не го направив едно поради тоа што нема што да ти пишам, а друго, тухашните неубавини не сакам да ти ги пренесувам за да не те тревожам. Добри сме сите со здравјето, но положбата е многу калпава од секоја страна. Овдешните раздвоенија немаат крај и нема да имаат, а добро знаеш дека нашата сила е во единството, коешто го немаме. Во резултат на тоа сите сме играчка во рацете на владата, која ползувајќи се од положбата ја плете својата кошница на сметка на минатогодишните жртви (жртвите од Илинденското востание - н.б.)

Лага е ако некој тврди дека не се влече по јажето тргано од бугарската влада, а последнава секој треба да ја признае дека има многу големи интереси што не се согласуваат со нашите и според тоа сe за неа, а ништо за нас. Од секој треба добро да се знае дека не е Фердинанд на чело на неговата армија тој што ќе не ослободи, а ако уште некој мисли така, тоа значи дека слепее пред блиското несреќно минато или подобро дека глупавее. Тукашните управници и скоро повеќето од Бугарите се безучесни кон нашето дело затоа што немаат формиран идеал што да ги тера напред. Интелигенцијата на која секој треба да се опира е бесчувствена. Има само едно - стремеж за кариери и материјализам. Е добро, таква е таа бугарска јавност и зборува преку устата на своите водители за македонското дело само кога е на работа за туркање и качување на влади. Тоа во своето срце секој деец го чувствува. Но како да се плаши да го искаже да не би да го наречат или земат за предавник. Таа положба е просто сосипателна за нашето дело, нашите непријатели не нe чекаат, ние треба да се поставиме на самостојна по можност почва и да врвиме пред која и да е влада, било бугарска или српска или каква и да е, а не да лазиме по нив, или со други зборови - да лазат владите по нас. Да ги натераме да не ни се мешаат. Тоа на прв поглед ми се гледа многу, но поставени на самостојна почва, лесно ќе можеме да го постишеме, зашто од нас ќе зависи застрашувањето на интересите и на едните и на другите. А таа самостојна почва не чекај, братко, оттука да се изработи, затоа што тука е се заразено, дури гангреносано. Однатре, Павле, треба да го сториме тоа, со два-три окружни центровни конгреси, та да го објаснат тоа поопстојно, та да го фатат добриот пат, одбегнувајќи ги досегашните грешки. За тоа се сакаат сили и време, и ќе речеш; боже, па што ми го пишуваш тоа оттаму, ја ела овде. Да, јас па и уште многу други треба да дојдат. За мене, за тебе, годините и 3 и 5 се многу, но за еден народ не. Нека не си ја претставиме крајната цел, дека сме имено избраниците што ќе го изнесат на своите плеќи тоа дело, затоа што е тоа толку големо што може да не смачка, но една од нашите цели е да го видиме нашето дело на самостојна почва и во неговиот правилен врвеж. Пак не мисли дека јас зборувам за некој период од 20 до 30 години или за некој револуционерен период. О, настрана тоа. Јас длабоко сум убеден дека револуцијата ќе не спаси и тоа колку што се може поскоро, но добро ќе е дури нашите непријатели не си ги поставиле целите.

Ако можеме (само да бевме готови), уште сега би било најдобро, но го знам и го знаеш тоа дека сме изнурени, затоа зборувам да брзаме да го закрепиме делото на здрава почва за да можеме да му попречиме на секој грабач. Грамадна работа ни претстои, многу сили се сакаат, а и времето е така брзо што не останува ништо освен да ги впрегнеме сите сили и да се бориме повеќе од секој друг пат, та ако паднеме под тој товар, прави да паднеме, така како што сме се ангажирале и сме одговорни пред народот. Можеби ќе ти дотегнам, но проштевај, Павле, јас испратив двајца во Костурско - Нуне Митушев и Јото Вишински, и со пасоши, а петмина под војводството на познатиот Крашков, вооружени одовде. Тргнаа уште на 16 овој месец и сега може да се околу Вардар. Те молам олесни им, откако ќе наредиш да им отворат канал низ Прилепско или Воденско и Леринско за да минат среќно. Нека не им се прават пречки, ако и да има од некаде претписание, ако веруваш барем малку во мене, верувај и во нив. Затоа не треба само да се водиме слепечки. Запрашај ги и распореди ги да минат и пиши ми за нив само нешто вистинско. Јас ќе дојдам после кога ќе се научам за нив и верувам дека ќе го оправдам моето настојување овдека. Поздрави го г. П. Христов, кој треба веќе да е таму, и пријателите. Пиши и окуражи го Митрета.

Толку за сега.

Со поздрав Пандо Клјашев
Пиши ми на адреса: улица „Љулин“ 33 - г-жа Елена Димитрова"
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 1:59 pm

Писмо од Апостол војвода до беговите во Солун - Изет и Хикмет

Апостол Петков војвода

Преку г-н Саул,
за Изет -ефенди и Хикмет-ефенди во гр. Солун

11 септември 1904 г.

Селаните од вашите чифлици Лицариново и Свети Георги нема минута да не се поплачат од поставените субашии и падари Арнаути. Tоа што тие го прават со населението и нивните постапки воопшто се веќе неподносливи и гласот на тоа бедно население е така очаен, да не знаат кој пат да го фатат. Ќе ви се поплачат и вам, но со оглед на заплашувањата на падарите и субашиите, тие молчат и сe поднесуваат со трпение до моментот на одмаздата. Којзнае дали вам ви се познати тие маки на вашата раја. И зошто да ви се поплакуваат вам, кога нивните жалби остануваат како глас впиен во пустината. Тие нивни поплаки дојдоа до нашите уши и како заштитници на населението ја имаме смелоста да го упатиме до вас сегашното писмо и да ве замолиме, час побргу да ги истерате од вашите чифлици субашиите и падарите, и да ги замените со христијани. Ако ова не се направи во рок од десет дена, треба да ви е познато дека ние ќе ги избркаме, кога ќе ги казниме со смрт, а вашите конаци и чифлици ќе ги запалиме. Ќе сакаме уште и да го ослободите населението од несправедливите грабежи на падарите и субашиите, затоа што ништо не им дааат да внесуваат во куќите на рајата, додека најнапред не се однесе во конакот кај субашиите, било грав, било мисир и др. и кога ќе им падне на памет, тогаш ги повикуваат селаните да си го земат делот, но дури откога ќе си задржат во конакот колку што си сакаат. Треба да знаете дека ако вие сте бегови и располагате со милиони, тоа е сe од грбот на тоа бедно население; од нивните маки вие живеете како вистински лордови и се шетате со пајтони и се движите кадешто сакате. Тоа многу добро го знаете, но се чудите на каков начин да им дадете некои права за посамостоен живот на таа ваша раја. Сте поставиле едни голи Арнаути, грабачи, коишто станале поголеми од самите вас. Тие дојдоа голи, но сега се облечени и располагаат со ќемери. Досега ќе ги казневме вашите субашии и падари, но кога разбравме дека се ваши чифлиците, си рековме најнапред да ве потсетиме со едно писмо и ако не нe послушате, после ова наше писмо веќе ќе не чуете на дело.

Луѓето, коишто ви го предаваат нашето писмо, нема зошто да ги казнувате, затоа што се со сила натерани.

Уште еднаш ќе ве потсетиме да ги истерате субашиите и падарите - Арнаути од чифлиците и да ги замените со христијани за брзо време, за да не пострадаат.

Ќе сакаме уште и ливадите да не им се даваат оваа година на Арнаути - ќаји, затоа што ако тоа го направите, по ред ќе ги казнуваме. Вие сте разумен човек и веруваме дека не разбравте што сакаме да ви кажеме и веднаш да се зафатите со исполнувањето на нашето писмо.

Од Горската управа
Апостол Петков, војвода.
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 2:00 pm

Писмото на Христо Узунов до неговата мајка

„Мила ми мајко,

Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите неволи и сраданија, за безбројните бессони и машителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело?

- Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.

Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги“.
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 2:01 pm

Писмото на Христо Узунов упатено до сите чесни револуционери на Внатрешната организација

„Браќа,

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и три четврти раното, а исто така и четникот Јонче од Дворци (Кичееско), кој беше со Пецо.

Мојата архива е распрсната низ целото село. Им ја доверив на три жени, кои не ги познавам. Ванчо исто така ја оставил архивата кај една жена, но не ја знам. Побарајте ја, ќе ја најдете.

Причината зошто не ризикуваме да удриме утринава беше во тоа што од 7 - 8 страни ни отворија оган, па мислејќи дека се мнозина, решивме да се бориме, макар и против поголеми сили, кои што ги очекуваме да дојдат.

Уверен дека не ќе бидеме спасени, за последен пат Ви испраќам братски поздрави на сите другари и пријатели.

Спроти карпата каде што сме сега, го оставив во една дупка на ѕидот моето кесе со четири и пол наполеони, една лира и околу 40 гроша. Тоа се Охридски пари.

Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари.

Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние досега раководни сили во Организацијата, кои му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници.

Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата св. Организација.

Досега намерно со ништо не сум му напакостил на Делото, а ако сте забележале во мене некои грешки, бидете уверени дека тие станале против мојата волја. Молам извинување.

Молам особено да ја поздравите мојата љубезна мајка, којашто никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков. Нека ме извини и таа дека со ништо не се зарадувала од мене. Особено го поздравувам брат ми Ангеле. Го добив неговото последно писмо и останав задоволен. Да оди во истиот пат што ми го соопшти во писмото. Го советувам да не се одделува од мајка ми. Поздравете ги и роднините.

За последен пат ќе ви повторам. Бидете искрени и чувајте ги основните закони на Орган.устав.

Останувам со братски бакнежи.

Х.Д.У
...“

Давајќи и го писмото на Спировица (која при земањето бил ранета) й подвикнал:

„Последен пат збогум сестро, кажи им на другарите дека славно ќе умрам, смртта е последна кога нема слобода. Нека бидат уверени дека делото ќе победи. Македонија ќе роди нови борци, ние ќе живееме во спомените ваши. Кажете им дека сме предадени.“
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 2:01 pm

I Писмо на Сониксен по повод опожарувањето на Ниси

„До британскиот конзул,
Солун, Турција.

Господине,

Вие веројатно ќе го препознаете името на американскиот граѓанин во долупотпишаното писмо, кој исчезна од Воден на 16 фебруари. На тој начин ќе разберете дека јас сум бил со револуционерите точно еден месец и да додадам, дека имав можност да ги набљудувам сите инциденти, кои се случија во тоа време меѓу македонските револуционери од таа околија и вооружените чети на грчките владици.

Во интерес на делото, кое што верувам дека е едно од најсправедливите, за што некогаш се бореле луѓето, јас посакав како вас да ги соберам фактите, коишто доведоа до опожарувањето на грчкото село Ниси во ноќта на 14 март од револуционерите под раководството на Лука Иванов и Апостол, при што ќе откриете дека е секој потврден со непристрасно проучување. Јас бев очевидец на повеќето од овие настани и имав можност внимателно да ги проучам. Како Американец, вие можете да знаете дека предубедувањата, коишто ги имам, не се засновани на расна или религиозна омраза. Природно, јас сум предубеден, но моите предубедувања се засновани на тврдата увереност во справедливоста на едната страна во оваа борба и егоистичките мотиви на водачите на другата страна. Но дури и таква пристрастност не би можела да повлијае на фактите, коишто ги поднесувам.

На 7 фебруари (стар стил) селаните од Марина, Карафериска околија, добиле писмо од Коста Акритас, војвода на чета од грчките „војници на Христа“, предупредувајќи ги дека ако се жалат пред Европејците или Турците од грчките чети и ако веднаш не се објават за приврзаници на грчката црква, нивните куќи ќе бидат изгорени, а тие, нивните жени и деца и целиот нивни род ќе бидат убиени и исечени на мали парчиња. Тие треба исто така да одат да пазарат во градот Негуш. Селаните го одбегнуваа овој град како познато сврталиште на грчките чети.

Писмото веднаш му беше испратено на Лука Иванов, револуционерен раководител на таа околија, по што јас му го испратив на Лондонскиот Балкански комитет, заедно со друго слично.

Никаква оценка не беше земена од таа закана. Во ноќта на 10 март (н. ст.) во селото ненадејно навлегла грчка чета, којашто влегла во една куќа и започнала со насилие врз станарите. Некои од селаните, со стари пушки и револвери, зазеле позиции и отвориле оган. Грците одвратиле на огнот и вревата довела на помош мажи од едно соседно село, кои му помогнале на овие од Марина да ги одбијат Грците. Тие отстапиле, оставајќи зад себеси петмина убиени. Од селаните бил убиен еден. При светла месечина Грците биле видени како отстапуваат едни кон Негуш, други кон Ниси. Во исто време, додека тоа се случувало, турски војници влегле во соседното село Јанчиша и бидејќи селаните се враќале од борбата во Марина, тие фатиле еден од нив и го подложиле на мачења, за да признае каде е скриено оружјето. Подоцна јас го видов; грбот му беше една незарастена рана. На половината му се гледаше исто така рана од бајонет.

Изутрината на 13 март Грците одново нападнале едно село Голо, изгориле две куќи и раниле еден селанец, но на крај биле одбиени од селаните. Било забележано дека Грците отстапуваат преку блатата накај Ниси.

Лука Иванов и Апостол со своите подвојводи се сретнаа и зедоа решение за брза казнена мерка против Ниси, кое што беше познато како главен центар на грчката чета. Претходниот ден тие беа приготвиле обраќања кон конзулите дека по две години на воздржување, тие не можат повеќе да ги трпат грчките дејствија и во иднина Бугарите треба да ја заштитуваат својата кауза пред европското мислење, кое што досега не обрнало внимание на безбројните влашки и бугарски села, изгорени од грчки чети. Тие документи беа зафрлени настрана, луѓето беа собрани заедно и преку ноќта се упатија кон Ниси.

Како очевидец на настанот, давам подробности. Иванов со 20 души влезе во горниот крај на селото, Апостол со 20 – во долниот крај. Десет души беа оставени однадвор како заштита. Два плотуни беа истрелани над покривите, за да ги предупредат жителите да избегаат. Тогаш куќите во центарот на селото беа потпалувани една по една, откако прво се проверуваше да не останало назад некое дете. Во неколку куќи, особено во куќата на попот, имаше големи складови од бојни резерви за пушки „Гра“, коишто избувнаа, кога оганот стигна до нив.

Беа давани чести плотуни, за да се предупредат евентуално дојдените на помош дека силите се големи. За да се засили тој впечаток, надвор од селото беше запален еден врзоп динамит. Беа случајно убиени двајца Албанци и еден Грк, а друг намерно, бидејќи беше познат како голем шпион. Дали пострадале и други, ние не знаеме.

Еден маж и жена со две деца беа останати во селото и беа земени под лична закрила на Иванов и подоцна им беше дадено писмо, адресирано до кметот на селото, во кое што се објаснуваше зошто беше изгорено селото. Ништо не беше ограбено, дури и резервите од опинци, најдени во анот, беа оставени да изгорат.

Во меѓувреме „војниците на Христа“ не беа далеку и отворија оган од блатата. Отпрвин револуционерите одвратија, но откако се виде дека тие се надвор од опсегот и останаа така преку целото време додека ние бевме таму, повеќе не им се обрна внимание. Селото беше окупирано два часа, од 3 до 5 (по турски). Победните куќи од горниот крај на селото не беа изгорени.

Од моето искуство со полегално војување, јас преценив дека би можело да има опасност од беззаконие. Но луѓето на Иванов и Апостол сите до еден постапуваа со поголема воздржаност и спокојство, отколку што сум набљудувал да пројавува американската војска на Филипините. Вие можеби знаете од инцидентите од вашата сопствена војна со бурите, дека дури и дисциплинирани војници е тешко да се управуваат во дела од овој вид. Сите правила, почитувани од цивилизираните армии, беа спазени во Ниси против луѓето, кои од своја страна не постапуваат така.

Отсега натаму секој напад, извршен од Грците врз непатријаршиско село, ќе биде следен од казнена мерка врз патријаршиско село. Тоа е решението, донесено од војводите на овие два реони. Друга тактика беше безуспешно спроведувана веќе две години; грчките чети сериозно откажуваат да се сретнуваат со вооружените револуционери и само тероризираат невооружени општини и одделни личности. Тоа сум замолен да ви соопштам со посочените причини. Слична декларација е испратена до кајмакамот на Караферија. Не се помисли за потребно да се беспокојат другите конзули и цивилните агенти, бидејќи досега немало никакви резултати од поплаките до нив.

Не знам какви се вашите средства за добивање на информации и точни податоци за положбата на населението во внатрешните околии на Македонија. Ако можам да ви бидам на услуга во тој однос, ќе ми биде драго да ве снабдувам со резултатите од моите набљудувања, бидејќи знам дека ќе ги исползувате чесно во вашите извештаи. Ако решите да одговорите на ова писмо, донесувачот ќе го земе вашиот одговор. Се разбира, јас ќе го сметам секое соопштение од вас како апсолутно доверливо.

Искрено ваш
(потпишал) Алберт Сониксен.“
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 2:03 pm

II Писмо на Сониксен по повод опожарувањето на Ниси

„До британскиот конзул,
Солун 5 април 1906 г.

Почитуван господине,

На последниот конгрес на Бугарскиот револуционерен комитет, што се одржал во текот на минатиот октомври, беше решено во иднина сите поплаки или молби од населението до странските претставници да се упатуваат директно до конзулите. Бидејќи цивилните агенти досега се оѕвивале на поплаките на населението како бездушни ѕидови, во иднина тие ќе бидат по истиот начин пренебрегнувани. Војводите на Воденскиот, Караферискиот и Пазарскиот револуционерен реон се единодушни во верата, дека од сите странски конзули во Солун само вие, претставникот на Велика Британија, би сте пројавиле човечки интерес за положбата на населението во Македонија. Бар се верува дека вие ќе направите сe што зависи од вас, за да му ги претставите на вашата влада фактите такви, какви што се. Поради оваа причина јас ова писмо го испраќам само до вас.

Пред неколку недели ви напишав и ви објаснив зошто револуционерните сили од тие реони го изгорија Ниси. Ви кажав дека било заземено месно решение за секое бугарско село, нападнато од четите на грчкиот владика, да се изгори едно грчко село. Преку ноќта, откако беше изгорено Ниси, Грците одново ги нападнаа Бугарите, кога изгорија три куќи во селото Голишани, убија еден селанец, ранија друг и исклаа 17 вола. Наспроти заземеното решение, земајќи предвид исто така дека Ниси тешко настрада и со надеж за мир, не беше преземена никаква казнена мерка. Инцидентот беше надминат.

Меѓутоа и покрај тоа што го дале последниот истрел, тоа не ги задоволи Грците. Во следната војна во текот на неделата тие беа тешко поразените, бидејќи нивните напади на селата во секој случај беа одбивани. Сега тие прибегнуваат кон друга тактика.

Таа изутрина ја добивме веста, дека минатата ноќ, кога селаните се враќале од пазар во Караферија, Грците ги нападнале и убиле 4 и раниле 2. Убиените се Доне Париш од Миноспата, Ангел Гешов, ранет, од истото село, Џоџа Трпчок и Трпо Поп Иванов од Долно Купаново и Георги Лутак од Голишани, убиени. Ранет Паско Пешов од Царбор.

Веројатно ќе си спомните дека на 24 септември м. г. невооружени селани беа убиени од грчка чета на враќање од пазар во Воден. Единствензата одмазда од страна на револуционерите беше да ги посоветуваат селаните да го бојкотираат градот Негуш, познатото сврталиште на војниците на грчката црква. Други слични инциденти во помал размер се случуваа често, но тие беа надминувани.

Меѓутоа последниот инцидент не може да биде пренебрегнат. Убијците се јасно разпознати како жители на Негуш. Бидејќи турската влада, наспроти фактот што нивниот идентитет може да биде докажан, не презема никакви мерки против нив, револуционерните раководители ќе треба да го направат тоа самите. Тоа е очигледно дело на терористите на грчката црква. Бидејќи сегашните убијци ќе бидат веројатно исто добро заштитени од турските војници, за да не бидат заробени, ќе се преземат други казнени мерки. Желбата на војводите тука е да ги казнат виновниците, но бидејќи тоа е невозможно, ќе бидат гонети тие коишто им даваат поддршка. Кога сите други средства за одбрана ќе пропадат, треба да се прибегне кон убиство за убиство.

Ние ви пишеме со надеж дека вашата влада може на некаков начин да го употреби своето влијание, за да му се стави крај на овој грчки тероризам, и на тој начин да не се допушти да револуционерите бидат принудени да започнат слични дејствија на тероризам за заштита на населението. Во власта на вашата влада е тоа да го направи, затоа што без поткрепата на турските владини чиновници, Грците не би можеле да ја продолжуваат таа игра ниту една седмица повеќе. Султанот, како и грчкиот патријарх, се вистинските фактори, на коишто треба да се влијае. Тоа во секој случај вие веројатно го знаете толку добро, колку и ние.

Искрено ваш
(потпишал) Алберт Сониксен.“
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 2:05 pm

Разговор со Христо Матов по отвореното писмо на Сандански

Од писмото[1] јасно се гледа, дека серчани истакнуваат три битни точки како идејни разлики меѓу нив и нас.

1. Ние сме биле пионери на една брза „револуционерна" ликвидација со движењето, додека тие се бавната „еволуциона" дејност.

„Еволуционата дејност во Македонија - тоа е еден вистински апсурд. Има ли потреба да ви нагласувам, дека во таа несреќна земја недостасуваат најелементарните слободи - основа на секоја еволуциска активност? Имено, за таа основа, за политичката слобода, ние ратуваме, и откако таа ќе се извојува, организацијата веќе го губи своето право на суштествување”.

2. Ние сме биле националисти, додека тие ратувале за општата солидарна борба меѓу сите поробени нации.

„Соучеството на другите христијански нации во делото на револуцијата ние никогаш не сме го исклучувале. Напротив, ние бевме првите, коишто го прокламиравме и применивме бар по однос на куцовлашкиот елемент - уште тогаш, кога серските револуционери не беа дури во редовите на организацијата. За жал ние ја констатираме практичната невозможност за применувањето на тој иначе одличен принцип по однос на Грците и србоманите и поради тоа ние не го поставуваме како неопходен предуслов на нашата непосредна револуционерната дејност”.

3. Серчани ни фрлаат укор, дека не сме друго, освен бугарска пропаганда.

„Сличен укор е повеќе од смешен. Ние навистина не можеме да й го одземеме правото на Бугарија да се грижи за своите сопствени собраќа зад Рила, но ние ја сакаме хармонијата на нејзината политика со нашата. Особено, по таа точка не можат да се изнесат никакви конкретни обвинувања, освен земањето или неземањето на средства од официјални извори, кое што не ја условува самостојноста. Тука серчани јавно ги фалсификуваат фактите. Во циркуларите по однос на средствата нема никакви клаузули, како што тврди писмото. Впрочем, фалсификувањето на фактите во ова лошо крпено писмо се пројавува и во други случаи. Не е точно, на пример, дека Гарванов присуствувал на првиот конгрес по востанието, како што не е точно, дека нашиот компромис со Сарафов се направи пред вториот конгрес; не е точно и тоа, дека последниот е растурен од мнозинството. Гарванов на првиот конгрес не беше делегат; нашиот компромис се случи приближно два месеци по вториот конгрес (во фебруари м.г.), а последниот се растури поради демонстративното напуштање на заседанието од страна на серчани и на некои нивни другари.

Интересно е, што оние, кои обвинуваат, тоа истото го правеле. Нам ни е неудобно да говориме отворено по прашањето за средствата, но пред едно ограничено собрание ние би биле во состојба да изнесеме факти и документи.

За жал, а можеби и за среќа на организацијата истовремено, истакнатите разлики не се повеќе од една етикета. Практиката кај Пелистер и на Пирин е еднаква. Ако сакате, примената на револуционизмот и интернационализмот во границите на можноста ќе ја сретнете секаде на друго место, но не и на Пирин. Таму владее еден грозен терор од цели 5 години и таму организацијата се крепи предимно на играта на мечот. Да се убиваат секоја година со десетици невини селани и истовремено да се врши мирна куртурна работа, - тоа е противречно. Сандански вешто ги крие под маската на тие идеи своите амбиции да ја игра рољата на Делчев и Груев, но за несреќа, тој е мошне малечок и по ум, и по срце за слична улога. Посебно за неговите другари. Тие можеби се вдахновуваат од поискрени намери, но голем дел од нив се робови не на реалноста, туку на своите доктринерски апстракции. Тие прават обиди на грбот на македонското население.

Имено, убиството е акт на амбицијата на Сандански да ја завземе организацијата. Покојните му беа пречка на неговиот пат и тој требаше да ја отстрани. Сандански залудно се обиде да се наложи по легален начин. На вториот конгрес Сарафов дејствуваше самостојно и Сандански откако се виде во незначително малцинство, го осуети конгресот. Оттогаш датира неговото фактичко отцепување и неговото завршно решение да ги убие своите противници."

По „Заговорот"

„- По принцип, ние го бевме усвоиле гледиштето да не објавуваме некаква борба до општиот конгрес, како единствено компетентен по тоа прашање. Водени од тоа наше гледиште, ние откажавме да му ја исполниме желбата на дедо Илија, на неврокопчани и на други, коишто ни бараа оружје, за да навлезат во Серско, му откажавме исто така да му дадеме оружје за формирање голема чета и на Даев, кој, плашејќи се од гонењето на Сандански, сакаше да го држи во респект со својата сила. Впрочем, ако ние го сакавме убивањето на Сандански, тој беше не еднаш тука во нашите раце и ние можевме и без голем скроен заговор да завршиме со него."

(Од писмото на Г. Занков и др.)

„Гарванов ни соопшти, дека нивното решение е да го остават Серскиот округ слободен до општиот конгрес. Таму да се направи последен обид за разбирање, а во спротивен случај да се постапи како што ќе реши мнозинството.

Секоја година само во Мелничко се убиваат по 50-60 души невини селани, се разбира, сите како шпиони. Цели села како Џене, Сугарево, Капина се останати речиси без мажи, ретко е село во реонот, кое што не му дало бар по 10 жртви на овој крволак. Така всушност тој уби 8 души одеднаш божем како предавници на неговиот непријатен полк. Јанков.

Сите комитети се против Сандански - дури и окружниот, кого што сам го избира. Така покојниот Трендафилов негодуваше. Негодуваа и другите окружни членови Алабак Венко и К... На последниот конгрес, за да се спаси од таа пречка, тој го спроведе решението да нема легални во комитетот. И сега округот се управува само од него.“

В. „Ден", с., 21 фебруари 1908 г., бр. 1473.

Објаснување
[1]. Интервјуто е по повод отвореното писмо на Серскиот револуционерен округ од декември 1907 г. за причините за убиството на задграничните претставници на ВМОРО во Софија – Борис Сарафов и Иван Гарванов и драмскиот војвода Михаил Даев. Во мај 1908 г. серчани излегуваат со второ отворено писмо.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:13 pm

Многу има за читање...не можев се’ да прочитам.
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 5:55 pm

АЛБАНЦИТЕ И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Веќе споделив со читателот каков бил односот на албанските првенци кон македонското движење и неговата политичка цел. Тие, бар на книга, сакале соработка во борбата против заедничкиот угнетувач; ја прифатија нашата цел – независна Македонија; и не претендираа со територијални претензии врз македонската земја, освен за градот Дебар, чијашто судбина би била решена со плебисцит. Во такви услови потпишаа и протокол во 1923 година.

Дванаесет или тринаесет години покасно имав случај да се сретнам со еден од тие видни Албанци, може да се каже најпопуларниот меѓу нив – Хасан Беј Приштина. Тој бил – како што сум веќе посочил – претседател на Косовскиот Комитет; познат е како општественик уште од турскиот режим; бил и премиер во Албанија и сл.

Беше пристигнат во Софија, ако добро помнам, во 1933 година; побарал наши пријатели, кои ме известија, дека сакал да се сретнеме. Придружуван од преведувач, дојде во едно македонско село и останавме заедно неколку часа. Ми остави одличен впечаток како соговорник. Имаше нешто многу пријатно во таа мудрост, измерена шеговитост, спокојство и специјален такт, така видливо препознатлив, дека тој е формиран во турско-ориентална политичка атмосфера. Го испратив далеку од селската куќа во којашто разговаравме. Додека го снема од мојот поглед постојано ми мафташе со раката за поздрав, јавнувајќи едно оседлано коњче и придружуван од еден наш другар. Откако се прибрав во куќата видов дерка си го заборавил бастунот. Испратив друг другар да ги пристигне и да му го предаде. Го пристигнал, но љубезниот Хасан-беј не го зел бастунот, и нарочно го замолил другарот да ми го предаде како спомен од нашата средба.

По најважното прашање, кое што ме интересираше, тој ми кажа:

- Што се однесува до обединување на Македонија со Бугарија, ние Албанците ќе настојуваме да влезат во албанската држава оние места од македонските околии, каде мнозинството од населението е албанско. Но ако се создава независна Македонија, тие области треба да останат во нејзините граници; т.е., ќе постапиме сите така, како што се сдлучило во Швајцарија.

- Тогаш, може би, во Македонија ќе влезат и оние неколку стотина квадратни километри македонска земја, која што сега се наоѓа во Албанија, - додадов јас.

- Тоа не е многу трагично прапшање, одговори Хасан-Беј насмевнато. Заради добрите односи меѓу Албанија и утрешна слободна Македонија тие неколку села еднакво спокојно можат да бидат во албанската, било во македонската држава ...

Тој настојуваше да се постигне потесна соработка меѓу трите најзастрашени народности во Југославија – македонските Бугари, Хрватите и Албанците. Ми говорерше во духот на следниот споразум, кој и хрватите настојуваа да го прифатат како база за една заедничка поефикасна борба:

„Меѓу Албанците, Хрватите и Македонците, претставувани соодветно од г.г.Хасан беј Приштина, д-р Анте Павелич и Иван Михајлов, се договори следното:

1. Албанците, Хрватите и Македонците ќе ги концентрираат сите свои напори во една заедничка акција, насочена не само против сегашниот режим во Југославија, туку исто така и против пансрпските е хегемонистички тенденции на Балканот, имајќи како крајна задача ослободување на на сите националности, кои што се наоѓаат под сегашното српско владеење, како и создавањето и зголемувањето на независна Хрватска, Албанија и Македонија во нивните историски и географски граници.

2. Помеѓу тие држави ќе ги има долупосочените граници:

а) Границата на Албанија од кај Косово ќе биде турската граница од пред Балканската војна. Градот Нови Пазар ќе остане во албанска територија, како последица на тоа ќе се определи хрватско-албанската граница преку еден стратегиски пункт.

б) Северната граница на Македонија почнува од планините Рила и Осогово до врвот Патерица; од таму на запад следува вододелот меѓу реките Вардар и бугарска Морава до Скопска Црна Гора кај Скопје; после оди по сртот до клисурата Качаник, продолжува по главниот венец на Шар до Црниот Дрим и Охридското езеро, вклучувајќи ги басените на Охридското езеро и Преспа, оди по вододелот на реките Девол и Бистрица и завршува кај планината Грамос.

3. Се разбира, само од себе си, дека независните држави Албанија, Хрватска и Македонија, во своите граници ќе гарантираат, преку своите устави и закони, полна слобода на јазикот, религијата и совеста, како за своите граѓани, така и за граѓаните на сојузничките држави.

4. Трите договорени страни взаемно ја гарантираат ненарушливоста на сегашната согласност и свечено се задолжуваат да го преследат заедно остварувањето на идеалот за независност, помагајќи си заемно по сите возможни начини и во случај на една либерална промена на режимот во Југославија.

5. Трите договорени страни се задолжуваат да установат една заедничка линија на односи со државите, кои ќе се однесуваат благонаклоно кон сегашната согласност.

6. Трите договорени страни се задолжуваат да бидат во тесна врска и да направат сe возможно, за да се олесни успехот на акцијата.

7. Сегашната согласност може да се рашири и со други потиснати националности во Југославија, кои би се присоединиле кон заедничката акција , како на пр. Словенците, Црногорците, Унгарците и др. Се разбира, меѓутоа, дека трите основни договорени страни ќе ја определат заедно линијата на поведение, која што треба да се следи со новите придружнички.

Склучен и потпишан во три примероци на дваесет и четврти април илјада и деветстотини и триесет и третата година.“

Се имаше појавено и еден проект за заедничка граница меѓу слободните Македонија и Хрватска. Јас се спротивставив на тоа. Ги истакнав овие причини пред другарите: а) Силата на нашата борба е токму во слободата на народностите, која што таа ја предвидува; така што – не можеме да ги повредуваме правата на Албанците во Косово; б) Македонија и без тоа се состои од различни народности; нема полза ако – против нивната воља – би грабнала други народности вон од нејзините историски граници, кој што светот ги прифаќа, а и населението во Македонија по традиција ги означува в) Нашата борба против Југославија е борба на потиснатите народности; неразумно би било во исто време да си создаваме борба меѓу самите поитиснати народности. Накратко, кога се бориме за слобода, не можеме и не бива да минеме самите ние како поробувачи. Не бива косовските Албанци да помислат, дека ние сакаме да ја замениме српската власт во нивната татковина; и тие така ќе помислат.

Хасан-Беј Приштина беше уверен, дека наскоро ќе игра голема роља во општоалбанските работи. Бев до негде изненаден, што тој така брзо, ушти при нашето прво познаство, ми поивери една своја голема тајна: ќе немало да мине многу време и Ахмед Зогу, албанскиот крал, ќе бил соборен. Ми се чини, дека неговата недоискажана мисла беше оваа: Хасан-Беј, ќе го заземе – под една или друга форма – местото и рољата на Зогу.

Природно, јас со никого не споделив што чув од гостинот. Но мина сосем малку време и весниците соопштија, дека од некој Албанец во Солун бил убиен Хасан-Беј Приштина.
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 5:58 pm

ВМРО како реална суштина и легендарна моќ - Христо Татарчев

Идејата за слободата на Македонија се појави кај македонско-бугарскиот народ по силата на оној неминовен универзален закон во животот на народите, за развивање и конкретизација на мислата и вољата како народносно самосознание и историска реалност. Македонско-бугарскиот народ, откако се ослободи од духовно-културниот терор, за што тој дал најсветли фигури, како бр. Миладиновци, Жинзифов и др. не можеше да остане повеќе индеферентен спрема господарите на неговата родна земја при такви политичко-социјални услови. Затоа идејата за слобода за него беше една насушна неопходност за непречена пројава на неговиот дух и воља во животот. Имено, таа неопходност го принуди да ја напушти вековната пасивност и да прибегне со оние методи и дејствија за слобода, коишто беа одобрувани од светската историја и од самиот живот. Таа негова фантазија најпосле се обејективизира во почетокот на 1893 год. во форма на конспиративна организација - ВМОРО. Солун пак стана не само нејзино седиште, туку и центар на нејзината револуционерна дејност.
Нејзините основачи Даме Груев од Смилево, Петар П. Арсов од Богомила, Велешко, Хр. Батанџиев од Гуменџе, Андон Димитров од Ајватово, Солунско, Иван Д. Николов од Кукуш и д-р Хр. Татарчев од Ресен. Целта на ВМОРО, се состоеше во извојување слободата на Македонија во духот на автономијата - принцип кој подеднакво ги задоволуваше сите нејзини етнички единици, како и интересите на соседните држави, а за постигнување на таа цел беше прифатена револуцијата, како единствено испитано историско средство во борбата за слобода. Револуционерната борба беше прифатена и водена главно од бугарскиот елемент, но таа содржеше повеќе универзален мотив отколку егоистичко-националистички. Нејзината универзалност беше најкатегорично потцртана со девизата: „Автономна Македонија“, после со допуштањето на инородните народи да стапат во редовите на борците, инспирирајќи се од нејзините принципи и најпосле со забраната на гркоманските села да минуваат под ресорот на Егзархијата, услов, кој што создаде не мал конфликт меѓу ВМОРО и Егзархијата.
Револуционерната идеја се распространи неочекувано брзо по целата земја и за кратко време се создадоа моќни комитети. Тој брз успех на револуционерната идеја се должеше на фактот, што таа беше синтеза и израз на истите реални потреби на македонскиот народ и се јави истовремено пред неговите очи не само како мистериозна, туку и како конкретна моќна сила, којашто ја воодушевуваше неговата имагинација. Тој виде реална сила во четата на Гоце Делчев, којашто талкаше нестрашливо по планините и селата, за да го организира населението и веќе можеше, под закрилата на организацијата, да оди на својата нива без ризик за неговиот живот и да биде господар на својот труд и семејна чест. Исто така во социјално-културниот и стопанскиот живот, ВМРО внесе нова насока на сфаќања и дејствија со цел, да се создаде интимност, слога и соработка меѓу општеството и отделната индивидуа. Заради тоа се отворија вечерни училишта, се држеа неделни предавања, се воведоа судии за разгледување граѓански спорови и расправии, се забранија претераните свадбени богати гозби, што материјално ги истоштуваше новите семејства, се нареди да се престане со откупувањето на чифлиците солидарно од сите чифлигари на селото; се даваа упатства за градбата на хигиенски училишта, живеалишта и др. Таа сестрана рационална дејност на ВМОРО не можеше да не биде вреднувана и сфатена од народот што се однесува до отворените цели и причини, кои што ја условуваа. Таа сестрана дејност ја издигна пред неговите очи, во вистински култ, кому тој со задоволство ги принесуваше сите морални и материјални жртви за прославата на идеалот за слобода. И само при таква нефантастично спонтана, но свесно оформена и определена апотеоза, беа возможни оние возвишени легендарни подвизи на храброст и саможртва на македонскиот борец, импулсиран од воља на натчовечко суштество, кога тој во борбата со непријателот, го задржуваше последниот куршум, за да си го забие во својот череп или пак се искачуваше на бесилката со песна на уста, „да живее слободна Македонија" и со тоа борците ја крунисаа својата родна земја со ореолот на вечна слава и духовна сила. Само во такво сознание на долг и сваќање кон задачите на ослободителното дело, беа возможни движењата на четите по целата земја, како и пренесувањето на оружје од едниот до другиот крај без предавства. Исто така голем дел од народот помина низ какви не морални и физички мачења и лежеше по затворите, без да се издаде револуционерната тајна. Четите своите проповеди ги држеа во црквите пред мало и големо. Жената ја извршуваше стражата и службата на курир и др. Таа ретка појава во историјата, беше плод на возвишен идеализам, пројавен од самиот почеток и до крај, со нескршлива тврдост и доследност во историската борба и особено врз тој идеализам, се изгради духовната сила и моќта на ВМОРО. И по силата на нештата организацијата веќе требаше да премине од таа подготвителна фаза кон борбена - и затоа се фати со вооружување на населението и создавањето на борбени кадри - чети. Прашањето за вооружувањето беше предмет уште на првиот револуционерен конгрес, кој се одржа на 15-ти август 1894 год. во Ресен, меѓутоа неговото реализирање почна да се случува во голем размер одвај кон крајот на 1896 год. Тоа се одржуваше главно со средствата на населението и тука жената пројави еден редок патриотизам, кога за таа цел ги даваше и своите ѓердани. Притоа, целата земја наскоро се покри со добро организирани чети, на чело на коишто застанаа храбри и интелигентни сили и последователно се создаде институтот на селската полиција, во лицето на којшто, четите наидоа на силна материјална поткрепа, како што беше случајот со Давидов и со Пиперката во Кичево. Кога тие беа заобиколени од воени единици, - цели села им притекнаа на помош. Тој услов на ВМОРО му го одзеде нејзиниот таен конспиративен карактер и таа стана држава во држава, со соодветни државни функции и од 1897 г. натаму, зачестија апсењата во селата и градовите и средбите на четите со редовните воени единици. Таа револуционерна борба, којашто Високата порта и европската дипломатија ја фрли во една крајно критична напнатост, изнесе 46 борби во Солунско, 55 борби во Битолско, 21 борби во
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 5:58 pm

П Р О Д О Л Ж У В А



Скопско и 18 борби во Џумајско.
Таа заслужено го носи името „предилинденска епопеја“, - акт на возвишен индивидуален и колективен подем, полет на енергија, насочени со цената на смртта за постигнување идеалот на слободата; и тоа е реткост во историјата на континентот, како и по нејзината опширност. Предилинденската епопеја беше прелудиумот и ореолот на една логичка историска разврска - Илинденското востание. Неговото објавување се случи на 20 јули 1903 г. согласно донесеното решение на тајниот револуционерен конгрес во Солун од 2-ри јануари 1903 г. Илинденското востание беше и останува засекогаш еден голем настан од животот на македонските Бугари. Неговото историско значење не се мери само со грандиозната масовна форма и егзалтираната стихијност, туку исто така и со оној легендарен боречки дух и голема воља, - во којшто изумира се земно и суетно кај еден народ, кој се решил да умира за својата слобода. Илинденското востание беше и еден енергичен вооружен протест против големите сили за нивното толерирање на бесправната состојба во Македонија. Тоа изнесе необични и возвишени квалитети на карактери, на нескршлива енергија и воља, кога робот востана, наспроти своето примитивно вооружување, гради во гради против својот вековен непријател, за да ја извлече од неговите нокти слободата на својата родна земја. Неговото знаме со паролата „слобода или смрт“, се развиваше гордо во продолжение на 10 дена во убавото Крушево.
Општо земено, борбата се водеше со редок ентузијазам и пожртвуваност де масово, како во битолскиот вилает, де делимочно-партизански со атентати, четнички дејствија и др. Во таа борба македонскиот народ исфрли околу 20 000 борци, наспроти една армија од 350 000 души и даде околу 172 борби. Сигурно турската моќ победи и борбата требаше да се прекине поради зимата. Но таа борба за него беше од огромно историско значење, во смисол, што тој со цената на својата крв, најпластично ја оформи архитипичната бугарска народносна индивидуалност и стоички ги понесе консеквенциите од разрушителната акција од страна на турските орди, кога настрадаа околу 200 села и населби и беа испотепани и исклани околу 4 866 затвореници, од кои политички 1500 и др., без да биде уништена во него верата и надежта за продолжението на борбата до крајниот успех на делото. Воопшто, Илинденското востание беше кулминација на еден моќен народен подвиг, јуриш и акција, пројавени во името на слободата. Неговиот прекрасен блесок нема да угасне од никакво угнетување. Тоа ќе биде светулката на летечкиот македонски борец по стрмните тајни патеки во неговата татковина, за смртоносно да го собори нејзиниот грабач и ќе го стимулира секогаш за големи и бесмртни подвизи до изгревот на слободата. Илинден ќе остане легенда за идните поколенија и идол за нивните дејствија.
Д-р Хр. Татарчев
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 5:59 pm

ВИлинден - симбол на слобода и сплотеност - Христо Татарчев

Илинденското востание, на кое што македонскиот Бугарин ќе му ја празнува триесетгодишнината, беше сеопшта сенародна фантазија, под чиј што импулс и вера Македонија се подготвуваше редица години и ги даде сите возможни морални и материјални жртви за овој голем момент. Тоа требаше да дојде после една долгогодишна револуционерна дејност.

Овај настан е колку грандиозен, толку и величествен во историјата на повторното враќање на слободата, по замислата, целите и планомерноста во неговата примена, како и по ентузијазмот, реткиот подем и самопожртвувањето на робот против многувековниот угнетувач на неговата татковина. Македонскиот Бугарин тука се истакнува со својот возвишен дух, силен карактер и нескршлива воља, и со тоа се издигна себеси во таа борба за постигнување на својот идеал - слободата на Македонија, како силен народ со јасно оцртана народносна физиономија, чувство и сознание. Воопшто, неговото историско значење се состои не само во онаа масовна интензивна стихијност, со којашто со месеци се водеше востанието по целата земја и со кое што на еден најсугестивен начин, можеше да се протестира против европската дипломатија, што ја поддржуваше тиранијата во Македонија, - туку предимно во личната и колективната пожртвуваност, во онаа нескршлива воља, којашто го издигна Македонецот во бескрајна висина, со акцијата за конкретизирање на потпалувачката и движечка идеја за слободата. Тој со својот храбар замав ги раскина синџирите на многувековното ропство, на она кое со векови претставуваше поим за малодушност и немоќност на робот против моќната турска империја, и за брзо време стана господар не само на шуми и полјани, туку и на цели населби. Неговото знаме „слобода или смрт“ долго време гордо се веело во убавиот град Крушево. Дваесет и пет илјади македонски борци, најпримитивно вооружени, со ретка енергија и пожртвуваност ја бранеа каузата на слободата, наспроти 350 000 редовна турска војска, додека најпосле зимата не му стави крај на борбата. Устремот на македонскиот борец во таа нерамна но голема борба, беше дело проткаено од возвишен идеализам и безгранична синовска љубов кон родната земја, како и од длабоко сознание и вера за создавање на слободата на Македонија. Таа борба особено, ја создаде илинденската епопеја и ја покри нашата татковина со вечна слава и духовна сила, којашто ќе блеска на вечни времиња во тој крај. Воопшто, Илинденското востание е ореолот на една моќна и свесна народна воља, на натприродна човечка акција, пројавена во името на еден светол идеал - слободата. Таа беспримерна акција на живот и смрт, на безбројните идејни родољуби за слободата на родот и татковина, подеднакво ја полни душата на Македонецот со почит пред скапите жртви и со гордост и восхитување пред епските херојски подвизи што го овековечија ослободителното дело.

Борбите понесени од македонскиот бугарски народ пред и за време на востанието за слободата на Македонија, го зајакнаа и раширија неговиот мироглед по разбирањето на животот и создадоа една неразделна врска меѓу него и делото, - успех, кој не може да биде никогаш избришан. Воопшто, магичниот ефект на Илинденското востание и неговиот прекрасен блесок, ќе се засилува со текот на времето и ќе биде светилник – водечка звезда на македонските борци наспроти стрмната Голгота во нивната борба; динамизам, - кој секогаш ќе го стимулира и ќе ја зацврстува нивната воља и енергија, за создавање на нови легендарни подвизи во ослободителната македонска историја.

Вечен спомен за паднатите! Нека живее вечно нивното големо дело!

Торино, 12 јули 1933 г.

В. Македонија, бр. 202, Софија, 18 јули 1933 год.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Публицистика, писма ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Публицистика, писма ...   Публицистика, писма ... Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Публицистика, писма ...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: