ИЗУМИРА ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ЗАНАЕТИ ВО ВРАНЕшНИЦА
Грнчарство од немајкаде
Да ја ископаш глината, да се глетува, да се донесе дома, да се
складира, да ја потиснеШ, да ја изработиШ убаво како пластелин, да ја
поминеШ на маШина, обликуваниот предмет да се потсуШи , да се иШара, да
се глазира, па да се испече. Ова е макотрпната постапка на изработката
на грнците. Но најтеШкиот дел од грнчарството, велат мајсторите од
ВранеШница, сепак, е готовиот производ да се продаде.
Грнчарството во ОпШтина ВранеШница останато од памтивек и денес е
главна егзистенција за дваесетина семејства. Не оти е толку доходовно
како на времето кога секоја куЌа во прилепско и битолско Мариово
купуваШе барде , туку поради немањето друг извор на егзистенција, велат
во ВранеШница.
Ресурси за развој на грнчарството во ОпШтина ВранеШница со 15
населени места и околу 1300 жители има, заШто околината располага со
ретко квалитетна глина. Но, потребна е поддрШка од државата за
стимулирање и осовременување на грнчарството и трајно зачувување на
традицијата во овој регион.
- Занаетот е тежок и младите не го прифаЌаат. На времето во
ВранеШница имаШе над 250 грнчари. Дел заминаа во странство, некои се
вработија во Кичево и сега дваесетина од немајкаде се занимаваме со
грнчарство. Останав без работа откако го затворија керамичкиот комбинат
и сега на 56 години сакам- нејЌам, теШко -лесно, мора да се работи за
живот. Занаетот го наследив од татко ми, тој од дедо ми и така се
пренесува на генерациите. Но, мојот син се вработи и помалку го
интересира грнчарството. Можеби со право , заШто покрај работата која
бара повеЌе луЃе, изложени сме на праШина, чад, нечистотија. Јас
работам сам, оти уШте да плаЌаШ и друг вработен, дрва, струја,
верувајте нема да остане ни за леб -, вели Велко Милоски.
Дрвата од 800 денари сега се плаЌаат по 1800 , а грнчето петнаесетина
години се продава 50 денари. Народот остана без пари и не може да купи
ни мало украсче Што сме го направиле. Кога во Прилеп вртеа безброј
работнички автобуси се продаваШе, сега сите се без работа и ретко кој
купува. Сопругата денеска е на пазар в град, ама не знам дали Ќе извади
за превозот, вели Велко.
Радослав МитраШкоски педесетина години е грнчар. Успеал да му го пренесе занаетот на својот син Марко.
Во времето на поранеШна Југославија, Словенци купуваа по цели
фурни. А една фурна собира и до 400 парчиња .Убави беа тие времиња ,
кога за Духовден продававме и по 6000 бардиња. Деновиве беа
претставници од јапонската амбасада, купија и убаво платија, но такви
прилики се ретки, вели МитраШковски.
Сега земјените грнци и тави ги продаваат во Куманово, на прекупци
од Скопје и во Прилеп. СедумдесетгодиШната Кираца , сопруга на
Радослав, 40 години е по пазарите.
За организиран извоз на мајсторски сработените грнчарски производи
преку соодветно здружение не станува збор. Нема кој тоа да го
организира оти од дваесетината грнчари, половината се стари над Шеесет
години. Во отсуство на државна поддрШка, секој се снаоЃа како знае и
умее.
Вест