CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Македонски обичаи Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Македонски обичаи Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Македонски обичаи Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Македонски обичаи Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Македонски обичаи Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Македонски обичаи Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Македонски обичаи Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Македонски обичаи Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Македонски обичаи Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Македонски обичаи Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
Иво (711)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
@komita@ (690)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
Ane (624)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
S0tE (547)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
Dimce* (431)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
Plavuska (394)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 
ivan4e (111)
Македонски обичаи Vote_lcapМакедонски обичаи Voting_barМакедонски обичаи Vote_rcap 

 

 Македонски обичаи

Go down 
АвторПорака
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:40 pm

Нашиов народ има мнооогу обичаи. Овде да си ги споделиме и да кажеме дали се разликуваат од едно место во друго, од еден град во друг.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:41 pm

ЧЕСТИТАЊЕ СО ПОЗДРАВУВАЊЕ И БАКНУВАЊЕ



Личното честитање на поединци и поздравувањето со блиските (посебно
со оние со кои одамна се немаме видено), кај нас Македонците денес
обично се врши со ракување со десната рака, проследено со меѓусебно
бакнување трипати во образите, почнувајќи од левиот образ. Ова се врши
подеднакво кај обата пола. Можеби некој ќе забележи дека ова е банално
да се опишува и дека така прават сите народи во светот, но тоа воопшто
не е точно или, подобро речено, само делумно е точно. Така, на пример,
западните народи (Англичани, Германци, Холанѓани...), за време на
личното честитање, само се поздравуваат (ракуваат) со десната рака или
евентуално се прегрнуваат, но никогаш не се бакнуваат. Хрватите се
ракуваат и се бакнуваат, но само двапати. Арапите и Турците се ракуваат
и се бакнуваат најмалку трипати (а честопати и повеќепати), но
бакнувањето го почнуваат од десниот образ. Источноазиските народи
(Кинези, Јапонци, Кореанци...), за време на личното честитање, воопшто
не се ни поздравуваат, т.е. тие воопшто не се ракуваат, а за бакнување
не станува ни збор. Наместо тоа ти си прават метании (поклонувања) во
знак на радост и почит. Колку побројни и подлабоки се овие метании
(поклонувања), толку поголема е искажаната радост и почит. Што се
однесува до античките Македонци, се знае дека тие исто така си ги
честитале личните успеси со ракување и со бакнување.Кај Плутарх (67
глава), е забележано честитањето што Александар Македонски му го упатил
на танцувачот Баго, кој освоил прво место на еден натпревар во
танцување, што се одиграл во Гедросија, на патот назад од Индија. Овде
читаме:



"Неговиот миленик Баго, кој победил во танцување, откако поминал
преку сцената во свечена облека, седнал до него. Кога Македонците го
виделе тоа, почнале да ракоплескаат и да извикуваат, барајќи од него да
го бакне, и не престанале се додека не го изгушкал и избакнал."



Значи, од овде гледаме дека и античките Македонци (машки со машки)
си честитале со бакнување, исто како што правиме и ние денес. Дека
притоа и се ракувале со десната рака, сведочи Вилкен, кој ја опишува
трогателната средба помеѓу Александар Македонски и неговиот пријател
Неарх, за кого се сметало дека се изгубил за време на патувањето со
бродови. Овде читаме:



Александар му ја пружил десната рака на својот пријател Неарх, го фатил отстрана и долго плачел.



Значи, факт е дека и денешните и античките Македонци личното
честитање и поздравување со блиските го вршеле со ракување со десната
рака проследено со бакнување. Единствено останува непознат бројот на
бакнежите кај античките Македонци, но тоа и не е толку важно, поради
фактот што денешните три бакнежи кај Македонците се поврзани со
христијанската вероисповед, која на античките Македонци им била
непозната. Сепак, од описот на Плутарх гледаме дека и кај античките
Македонци се работи за неколку бакнежи.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:42 pm

Галичка свадба





Македонски обичаи 2a7g5z6



Носење на Бајракот



Галичката Свадба или Петровденската Галичка (Се оддржува секоја година
на Петровден 12 Јули) свадба е богата со многу оригинални, единствени и
неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата,
пиштат зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен
и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници
на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат
Галичката свадба која е со најмногу сватови. Галичката Свадба во своето
опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и
ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни,
ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска
прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира
двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од
предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.

Македонски обичаи 29foyew



Обичаи



Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем
број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чекањето на
тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето
на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот,
земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата
„Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во
себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во
минатото.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:42 pm

Обичајот на кршењето или сечењето леб (погача)
од страна на младоженецот за време на свадбените веселби апсолутно го
има во сите краеви на Македонија. Дури и денес, речиси нема македонска
свадба (во која учесниците барем малку држат до традицијата) на која не
се прави овој обичај. Меѓутоа, малку е познато дека овој обичај
претставува чист античко-македонски обичај. За античко-македонското
потекло на овој обичај, имаме сведоштво кај латинскиот хроничар Куртиус
Руф. Овој хроничар е дециден во тврдењето дека кршењето леб за време на
свадбената церемонија претставува чист македонски обичај, кој дури го
одразувал и најсвечениот миг во свадбените ритуали на Македонците.
Конкретно Куртиус Руф го споменува овој обичај во својот опис на
свадбата на Александар Македонски со убавата Персијанка Роксана. Иако,
за да им угоди на Персијанците, Александар се согласил свадбата да биде
извршена според персиските обичаи, во еден миг, тој не можел да се
воздржи, а да не го направи овој најсвечен македонски обичај. Во врска
со ова Куртиус Руф пишува:



"Татко и на Роксана беше пријатно изненаден и неочекувано восхитен
кога ги слушна зборовите на Александар, кој тогаш, во мигови на страст,
нареди лебот да се скрши, во склад со сопствената традиција. Тоа беше
најсвечениот ритуал за време на веридбата меѓу Македонците."



И добриот познавач на животот и делото на Александар Македонски,
германскиот историчар Урлих Вилкен, во своето дело "Александар
Македонски", опишувајќи ја свадбата на Александар и Роксана, пишува:



"Александар и Роксана јадеа од еден сомун леб што тој го пресече на
два дела со својата сабја, што бездруго беше стихиен додаток на
Александар во ритуалот, а тоа токму нему му прилегаше. "



Значи, суштината на овој обичај е кршењето, т.е. сечењето на
погачата (лебот) за време на свадбениот ритуал. Симболиката на овој
обичај тешко дека може да биде протолкувана, но факт е дека станува
збор за автохтон античко-македонски обичај. Иако рековме дека овој
обичај се применува до денес меѓу Македонците, нема да го одбегнеме
неговото одбележување и од страна на запишувачите на народни умотворби
од 19.век.



Стефан Верковиќ, опишувајќи ги свадбените обичаи во серското село Брод, пишува:



"Тогаш носат баница и еден кравај што младоженецот го сече на мали парчиња."



Значи, во ова село во 19. век се задржал потполно истиот обичај, кога младоженецот е тој што го сече лебот (кравајот, сомунот).



Христодул Божиков во својот труд: "Свадбени обичаи во селото Висока
и околните села", објавен во неговиот зборник: Lidove povidky
jihomakedonske, исто така опишува една варијанта на овој
античко-македонски обичај. Овде читаме:



"Потоа во една одаја ставаат трпеза со леб, сол и друго јадење.
Таму го земаат зетот и го гостат. Зетот кога ќе седне на стол, му
даваат нож, чопнува три хупки леб, става внатре сол и тој јаде тамо
некоја мрва."



Во својот опис на свадбените обичаи од Серез и Неврокоп, Стефан Верковиќ пишува:



"Тогаш мајката на невестата му донесува на младоженецот две големи
чинии баница; младоженецот ја сече баницата и откако врз неа ќе истури
една чаша вино, зема едно парче и чаша со вино и и ги дава на
невестата."



Значи, овде станува збор за варијанта на овој обичај, каде, наместо леб, момчето сече баница.



Во описите на свадбените обичаи во Кукуш и браќата Миладиновци, спомнуваат варијанта на овој обичај. Во нивниот Зборник, читаме:



"По ним момчевиот татко земват погачата, шчо месиха раното... и
ходит у момата. Тамо им давает да јадет и таткото скршвит погачата на
винено грне."



Во вака опишаната варијанта на овој обичај гледаме дека таткото на
невестата (а не младоженецот) ја крши погачата, но и овде елементот
"кршење (сечење) на лебот" се задржал.



Општ заклучок од ова компарирање е фактот дека античко-македонскиот
обичај за сечење (кршење) леб (погача) за време на свадбената
церемонија, целосно или делумно, од древните времиња на антиката,
останал до денес меѓу Македонците.



МАШКИОТ ПОЈАС - СИМБОЛ ЗА МАШКОСТ



Појасот,како дел од машката облека,бил присутен и кај античките
Македонци, а добро е познато дека е присутен и во денешната македонска
машка народна носија. Меѓутоа, малку е познато дека токму појасот кај
античките Македонци претставувал симбол на машкоста. Младите момчиња не
смееле да носат појас додека не се докажат како мажи. Ова го опишуваат
повеќе истражувачи на античко-македонската историја. Така, на пример,
Џ. Елис, во врска со овој обичај кај античките Македонци, во својата
книга "Македонскиот империјализам", пишува:



"Во поранешно време, кога имало помала префинетост, оној што не го
убил својот прв непријател, морал да носи улар (еден вид презрамки,
з.м.) наместо појас."



Хамонд пишува дека прв овој македонски обичај го опишал Аристотел:



"Аристотел... споменува само еден македонски обичај во својата
'Политика', кој се однесувал на носењето презрамки, наместо појас, од
страна на секој Македонец, кој се уште немал убиено непријател."



Значи, овде станува збор за еден постар автентичен
античко-македонски обичај, поврзан со суровите дамнешни времиња, кога
убиството на човекот било единствениот "доказ" за машкоста. Оној
антички Македонец што ќе убиел непријател, станувал "маж", и добивал
право да носи појас. Секако дека со текот на времето овој суров обичај
се модифицирал, но не исчезнал сосема.Со текот на цивилискиот напредок
во Македонија исчезнала суровата причина за докажување на машкоста
преку убиството на непријателот, но останал симболот на машкоста
олицетворен преку машкиот појас. Знаеме дека во мирните и
поцивилизирани подоцнежни времиња, момчињата машкоста ја докажувале
оној миг кога стапувале во брак. Тогаш тие се "докажувале", не само
преку (најчесто) првиот сексуален акт, туку и како глави на своето
новоформирано семејство, што значи дека дури во бракот тие за првпат
станувале"вистински мажи". Во ваквото "докажување" и натаму останал
појасот како симболичен показател за"преобразувањето" на момчињата во
мажи. Во некои македонски села,за време на свадбените обичаи, на
младоженецот му врзувале појас како симбол дека станал маж. Кај Стефан
Верковиќ, во описот на свадбените обичаи од југозападна Македонија,
читаме:



"Во домот на невестата брат и му опашува на свршеникот појас."



Повеќе од јасно е дека симболот на појасот, како симбол за машкост,
уште од античко време останал меѓу Македонците. Доказ за ова е и фактот
што на младоженецот, не случајно друг маж му го врзува појасот (братот
на невестата). Значи, добивањето појас е "машка работа", исто како што
било и во античка Македонија, кога мажите биле тие кои, преку дозволата
да носи појас, го прогласувале момчето за "маж", достоен да седи заедно
со нив.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:42 pm

ПОДАРУВАЊЕ ПРСТЕН НА СВОЈОТ НАСЛЕДНИК (ПРЕД УМИРАЧКА)



Подарувањето прстен на својот наследник пред умирачка е обичај, што
исто така го имало кај античките Македонци (без разлика дали е тоа
нивни автохтон обичај или пак им бил прифатен од некоја друга култура).
Дециден опис на овој обичај имаме во споменатата книга од Урлих Вилкен.
Вилкен, пишувајќи за последните денови од животот на Александар
Македонски, кога тој веќе бил наполно свесен дека умира, запишал:



"За нов владетел беше избран Пердика, кому кралот на умирање му го остави својот прстен."



Многу векови подоцна, овој обичај се уште се задржал меѓу
Македонците. Во многу краеви на Македонија и денес оние, кои се свесни
дека се на умирање, ги подаруваат своите прстени на своите наследници.



Ваквиот обичај го инспирирал и поетот Гоце Митески од Охрид, во
1942 година, да напише песна посветена на Александар Македонски (за што
пишува акад. д-р Блаже Ристовски во својата книга Македонија и
македонската нација). Во оваа песна Александар на симболичен начин му
подарува прстен на Гоце Делчев. Стиховите од оваа песна гласат:



Александар му подари прстен



и му рече да е борец крстен.



Гледаме дека овде имаме потполно иста состојба како во описот на
Вилкен. Се разбира дека овде Делчев е прикажан како симболичен (а не
како вистински) наследник на Александар Македонски, но суштината е во
тоа што Александар и нему овде му подарува прстен со аманет да се бори
за својот народ. Секако дека Гоце Митески воопшто ја немал прочитано
книгата од Вилкен во времето кога ја напишал оваа песна. Книгата од
Вилкен за првпат е преведена на македонски во 1988 година,т.е. цели
четириесет и шест години по создавањето на песната од Гоце Митески. Ова
значи дека Митески бил инспириран токму од народниот обичај за
подарување прстен на својот наследник (кој обичај ни останал уште од
античко-македонскиот период), за да ги создаде овие стихови. Инаку, и
самиот Гоце Митески сведочи дека во периодот меѓу двете светски војни
младината од Охрид била восхитена од култот за својот предок Александар
Македонски. Во врска со ова, овој поет од Охридско го дал следното
сведоштво:



Интелектуалната младина од Дебарца пред Втората светска војна беше
воодушевена од својот предок Александар Македонски. (Акад. Блаже
Ристовски, цит. дело).



И во приватното писмо што (на моја молба) ми го испрати г-дин Митески, тој ги потврдува овие констатации.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:42 pm

Прочка во Прилеп





Македонски обичаи 4dee1ko Македонски обичаи 4bzwm4n



Македонија вчера беше под маска. Се славеше православниот празник Велики Поклади или познат меѓу народот како, Прочка.



Според стариот обичај маскирањето е симболот на овој ден. Се верува
дека преку маскирањето ќе се простат гревовите и ќе се истераат злите
духови и злото.



За Прочка во Прилеп вековна традиција се обредите со маски. Вчера под маска беа и стари и млади



„Јас сум мачка. Носам крзно, глувче, го фатив денеска"



„Мојата маска е ѓавол. Сум со црвена облека, наметка со рогови. Денес си ги покажав роговите!"



„Ова е малиот кловн, а јас сум мајката кукла" - вели една млада мајка која во рацете го држи своето дете.



„Јас сум преправена во Анџелина Џоли"



Карактер



Има модерни маски кои го отсликуваат и исмејуваат секојдневието, но
сепак како најафтентични и највпечатливи остануваат традиционалните
маски, вели етнологот Ели Милошеска.



„Обредите со маски претставуваат ритуален благослов за здравје
благосостојба и плодност. Маската, во онаа изворна форма, е полна со
еротски набој, изведување на ритуални игри"


Токму таква е и традиционалната прилепска маска наречена „Прилепски мечкари."









„Ние сме прилепски мечкари, група која традиционално се преправа преку 150 години во Прилеп", вели еден од маскираните мечкари



Маската наречена „Трајан чаталот" е работена со месеци:„Маската е
маската од растенија кои растат на нашето поднебје,пиперки , црпки,
жито.


Маската „Џоломари" е донесена од село Бегниште, Кавадарци: „Нашата маска е составена од бради, клопотарци. Се е природно“.



Традиционално, маскираните поворки ги посетуваат домовите на своите
најблиски. Тие се добредојдени зошто се верува дека носат благосостојба
и го бркаат злото


Натпревар



Но, неколку години наназад, Прочка во Прилеп прерасна во карневал кој има натпреварувачки карактер.



Карневалот се вклучи и во Асоцијацијата на европските карневалски градови, а од оваа година доби и меѓународен карактер.









Граѓаните уживаа во карневалот, се забавуваа и се семееа.



„Карневалот е супер вака. Во Прилеп досега вакво нешто немало."



А, кога синоќа, маските се симнаа, според стариот православен обичај,
младите заминаа кај постарите да бараат прошка за направените гревови.



Извор
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:44 pm

Како се слават божикните празници



Молитви за благосостојба, среќа и плодност

Божикните празници почнуваат од божикните поклади (27.11) и се
прославуваат до Водици-Богојавление (19.1). За нив народот почнува да
се подготвува рано, уште во текот на шесте недели од божикните пости



>>На православниот празник Божик, македонските христијани го
празнуваат раѓањето на богомладенецот Исус Христос. Важноста на овој
ден е и во тоа што тој е земен за клучен датум, за пресметување на
времето на старата и новата ера, односно времето пред и по раѓањето на
Исус Христос. Божик спаѓа во зимскиот циклус празници, кои почнуваат со
зимската краткоденица (22 декември), а завршуваат со пролетната
рамноденица (21 март). Во празничниот циклус, Бадник и Божик се
"најмаркантни" по обичаите што се изведуваат. Божик се празнува на
седми јануари по стариот, јулијански, односно на 25 декември, по новиот
- грегоријански календар.


- Прославата на Божик датира од вториот век, а елементите на
прославувањето на овој празник се забележани уште во времето пред
раѓањето на Исус Христос, од таканаречениот пагански, претхристијански
период, кога во многубожечките религии се празнувале раѓањето на новото
сонце и почетокот на зголемувањето на денот. Во овие религии култот кон
сонцето бил многу развиен - се принесувале жртви, се одржувале многу
обреди, за да се "помогне" при раѓање на сонцето и зголемувањето на
денот. Со обичаите се навестувало и доаѓањето на Новата година, која се
пречекувала некаде токму на зимската краткоденица, кога почнува
зголемувањето на денот, а некаде на преминот од зима во пролет - вели
м-р Зоранчо Малинов, етнолог во Институтот за фолклор "Марко Цепенков",
во Скопје.


Празнувањето на овој циклус празници е поврзано со обичаите што се
изведуваат на празникот Свети Андреј, кога се врши обредот приготвување
панспермија (варени жита и зрнести култури), со што се настојува да се
обезбеди побогата жетва на овие култури во наредната година. Овој
обичај се изведува и на празникот Света Варвара, кој се слави на 17
декември, по новиот, или на 4 декември, по стариот календар.
"Вистинските" бадникови и божикни обичаи почнуваат на 2 јануари со
празникот Св. Игнат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат
колачиња (како коледарските), а некаде се изведува и обичајот
полазеник. За полазеник се сметал првиот гостин што доаѓал и го
пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот - таква ќе
биде и претстојната година за семејството. Ако е тој млад убав човек,
годината ќе биде среќна, бериќетна и успешна. Ако влезе некој
изнемоштен старец, се сметало дека на членовите на семејството годината
ќе им тргне на лошо. Обичајот на полазување се изведува и на други
празници - на Зачетие на света Ана, на Св. Игнат, а некаде на Коледе
или на Божик. На Свети Игнат малите деца ги подигале на прагот од
вратата, за главата или за ушите, нагоре за да растат во новата година.
Овој празник во Штипско и Радовишко и во други краишта на Источна
Македонија се нарекува "Игнат- подигнат". За Свети Игнат е врзано
верувањето дека од овој празник денот почнува да расте за еден врв од
игла или, пак, колку што може петелот да скокне од прагот. За празникот
Света Варвара постои верување дека денот и ноќта се "заваруваат",
односно дека доаѓа до еден стадиум по кој денот почнува да се зголемува
за сметка на ноќта. За празникот Св. Андреа, пак, се верува дека денот
почнува да "наедрува" - да се зголемува. Со ваквите толкувања, вели
Малинов, народот ги објаснувал астрономските појави во врска со
почетокот на зголемувањето на денот за сметка на ноќта.







"Пред Божик,



зад Божик, каЈ и



да си - дома да си"



Најбогат со обичаи од циклусот новогодишни празници е Бадник. Тој е
поделен на два дела - периодот од полноќ до пладне на шести јануари е
Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник. Обичаите за
Коледе-Бадник почнуваат во ноќта пред празникот, кога луѓето се
собираат и палат обредни коледарски огнови, околу кои пеат обредни
песни меѓу кои и песни со еротска содржина. Со изведувањето на овој
обичај се асоцира на култот кон плодноста, бидејќи во овој период од
годината се преминува од една во друга сезона и се посакува поголема
плодност, бериќет на полето, стоката и на луѓето во наредната година -
објаснува Малинов. Коледарските огнови горат до доцна во ноќта. Утрото
коледарите одат по куќите во селото и пеат коледарски песни. Тие се
дарувани од домаќинките со колачиња, кои се прават специјално за оваа
пригода, но и со сезонско овошје: јаболка, ореви, бадеми, костени, суви
смокви и др. Постарите коледари биле честени и со ракија. Намирниците
што ги добиваат коледарите треба да бидат "посни", бидејќи се уште трае
божикниот пост. На празникот Коледе-Бадник највпечатлив е обредот што
се врши при вечерата на Бадник. Прославата на Бадник почнува со обредно
сечење на бадниковото дрво, кое најчесто е од даб, но може да биде и од
круша, слива, а некаде се зема и дрво од смрека. Бадниковото дрво се
сече на ритуален начин - со еден отсек. Бадникот го носи домаќинот, кој
овој чин треба да го изврши во ритуален молк за да не се омаѓоса
ритуалното дрво, кое треба да гори цела вечер. Дрвото се внесува во
куќата на свечен начин - домаќинката го пречекува домаќинот, кој и
вели: "Еве ти носам бадник, дојде Бадник", со што го навестува раѓањето
на Исус Христос, богомладенецот. Затоа празникот што се празнува
наредниот ден се нарекува Божик, што доаѓа од старословенската
деминутивна форма за Бог - Божик, односно Боже. Бадникот се поставувал
на огништето и дрвото горело до сабајлето. Особено било значајно да се
види прегорувањето на бадникот односно прекршувањето на средината на
дрвото.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:44 pm

...На оној што ќе го видел тоа, најчесто му било таксувано јагне
или друго животно што ќе се роди напролет. Се настојувало тој чин први
да го забележат децата. Порано за Бадник било важно целото семејство да
остане будно околу бадниковото дрво. Според истражувачите на обичаите и
истражувачите на историјата на религијата, името Бадник доаѓа од овој
обичај - бдеење (старословенски "бдети") над ритуално дрво. Постарите
луѓе настојувале цела ноќ да останат будни и да го дочекаат изгревот на
сонцето. Вечерта на Бадник, освен бадниковото дрво, во домот се
внесуваат и други обредни елементи - слама, рало и житни култури.
Сламата чуканица ((ржанова) се ставала на земја и со неа се правел
крст. Врз сламата се постилала крпа-цедилка и на неа се поставува
вечерата. Некаде, пак, врз сламата се става софра. Понова варијанта е
кога се вечера на маса, а сламата се става под маса. Сламата се
поврзува и со раѓањето на богомладенецот Исус во пештерата во Витлеем,
каде што имало и јасли со слама за стоката. Освен слама, во некои
краеви се внесува и ралото односно плугот, што е симбол за плодна
година, вели Малинов. Некаде се палела свеќа и на масата се ставале
сите жита (панспермија) за да биде побогат родот во наредната година.


На Бадник пред да се почне со вечера се поставувало и јаже во круг во
кој се ставало жито и се носеле кокошки да го колват житото за да
живината остане во кругот на семејството. Се правел и обичај со жар -
на неколку жарчиња се ставале пченица, овес, јачмен, рж и се гатало. Се
сметало, вели Малинов, дека на она жито што ќе остане цело и неизгорено
годината ќе му биде наклонета. Затоа од него се саделе поголеми
количества. За бадниковата вечера се прави обредното лепче со пара,
познато како кравајче, а некаде како пупе. За лепчето е важно што во
него се става една паричка и се смета дека оној кому ќе се падне при
кршењето на лепчето ќе биде најсреќен во претстојната година. Парата се
чувала во чаша со вино неколку дена, а потоа со неа се купувало сол, со
која се закрмувала стоката. Значи се настојува магиската моќ на парата
да се пренесе на стоката, за да биде поплодна и да дава повеќе млеко.
Некаде парата ја чувале до наредната година - до наредниот Бадник, и
повторно ја ставале во кравајчето. За оваа вечер важен е и обредниот
леб-вечерник, некаде познат и како гумно, на кој со одредени симболи се
означуваат сите членови и активности на семејството - орач, овци,
говеда, пчеларник и др. На овој начин луѓето сакале на сите што се на
вечерникот да им посакаат успешна, бериќетна, плодна и среќна година.
Сите јадења што се приготвуваат на бадниковата вечера треба да бидат
посни, бидејќи тоа е последниот ден од божикниот пост.


Пред да се почне со вечерата домаќинот излегува со зелникот, или со
погачата односно обредниот леб, надвор во дворот, на гумното или на
прагот од куќата и го кани дедо Господ да вечера со нив. Тој вели:
"Дојди, Боже, да вечераме". Со ова се кани оној што управува со нашите
животи да дојде, да биде нагостен, и да биде дел од таа обредна вечера,
бидејќи кога ќе се навечера ќе биде задоволен и ќе пружи благодет и
бериќет. Кога се крши кравајчето во некои краеви, првото скршено парче
му се дава на Господ, следното е за куќата, а некаде за стоката. Потоа
им се дава и на членовите од семејството, според староста.






Како се слави Божик?



Утрото на Божик членовите на семејството не обавуваат активности,
бидејќи според адетот софрата треба да се остави нераздигната, за да не
се растурат обредните магиски елементи од бадниковата вечер. На Божик
домаќинот или некој од членовите на семејството со сламата ги врзува
родните дрва, за да бидат благословени со сламата, вели Малинов. На
Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино,
кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да
се омрсат. Најчесто порано се омрсувале со печено или пржено врапче за
да им биде годината лесна како врапче и за да можат лесно да ги
пребродуваат проблемите и тешкотиите, вели Малинов. По омрсување со
врапче прославата на Божик продолжува со богат ручек. Се подготвува
богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот
на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и
пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три
дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети
Стефан првомаченик. Во некои краеви на овие празници, луѓето што го
носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а
Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.


Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани
денови, кои траат се до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се
верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири,
вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето.
Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии -
апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што
се лук, пелин, сол.
_________________
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 3:45 pm

ПАГАНСКИ АДЕТИ ЗА КОЛЕДЕ ВО КАВАДАРЕЧКО

Со еротски песни на коледарските огнови









Македонски обичаи %7BDAD795A1-534E-4921-B681-A91CFFBDBD75%7D_kavadarci-2



"Ој Коледе, Коледе, што ти прави жената...", така секоја година на
Коледе се разлеваат еротски песни во Тиквешијата. Со чашка ракија и со
печени колбаси, мажите се собираат околу коледарскиот оган и до доцна
во ноќта се натпејуваат кој ќе испее "помрсна" песна. Не дај Боже таа
вечер патот да ве одведе покрај некој коледарски оган. Нема да куртулат
ниту вашите жена, мајка, сестра. Сите ќе се најдат во песните, кои
доколку ви ги испеат во друга пригода, ќе падне ќотек.

"На коледе нема лутење, кој не може да слуша - воопшто нека не оди
на огнот", порачуваат коледарите, кои таа вечер дури и на своите деца
им дозволуваат да пеат непристојни песни. Адетот е пагански, велат
свештените лица и нема никаква врска со убавиот празник со кој се
поврзува раѓањето на Исус Христос, но во Кавадаречко, мажите од
памтивек се подготвувале за него уште од Митровден, откако ќе го
набереле грозјето.
"Тогаш почнувавме да собираме дрва и валавок по нивите и полињата", се
сеќава седумдесетгодишниот Никола Наумчев, за кого во Кавадарци велат
дека е мајстор за коледарски огнови. "Во минатото, во Кавадарци
неколкуте поголеми маала се натпреваруваа меѓу себе кој ќе запали
поголем оган. Тогашните Бабунско маало, Поланско, Црквинско, Чаршиско,
Дарданели, Маџир маало криеја меѓу себе кој колку дрва има собрано, оти
ако се разбереше дека некој има повеќе, можеше да му извршат напад и
ноќта да му ги соберат дрвата. Затоа, секоја вечер два-тројца од нас
стражареа за ако дојде некој да краде, веднаш да се крене тревога и да
се собереме на ќотек", раскажува тој.

Саглам ќотек паѓало, и тоа со стапови-коледашки, кои на едниот
крај имале кукуди, топки кои повеќе служеле за тепање отколку за
коледање. Цели два месеца се собирале дрвата од сите куќи, кој колку
милувал да даде. "Кој немаше да даде ниту една суровица, остануваше без
нужникот. Вечерта одевме десетина дечишта, му го дигавме полскиот
нужник и право во огнот. Потоа доаѓаше домаќинот, пцуеше малку и потоа
пак играше со нас на орото, оти знаеше дека ако претера, може и
поголема беља да го снајде", се сеќава Никола.
Секоја година во коледарските огнови завршувале снопјата од плевните,
дрвените порти, ќепенците на фурните, па дури и колјата од гробиштата.
Никола Наумчев се сеќава и на штетите што знаеле да си ги направат и
најдобрите пријатели меѓу себе на коледе, па ја раскажува случката меѓу
кавадаречкиот саатчија Ферчо Чејков и коларот Тодо Гурев.
"Чичко Ферчо беше прочуен гулабар, ги имаше најубавите гулаби во
градот, а ги чуваше ортачки со чичко Тодо. Арно ама, на едно коледе
чичко Ферчо ги собра зурлите и тапаните од Гроздановското маало и дојде
на нашиот оган, ќефлија, па не натера да го изгориме предниот дузен на
колата на чичко Тодо. Поигра на орото, си отиде и си легна. По некое
време, дојде чичко Тодо на огнот и уште оддалеку благословуваше: 'Ајде,
аирлија собранија, аирлија нека е огнот'. Кога се доближи и виде што
гориме, ни викна: 'Еее деца, што убави жртавала и обрачи, на чија кола
сте и е.... мајката?' Кога виде оти е неговата кола, замина во
гулабарникот на чичко Ферчо, им ги скина вратовите на сите гулаби и ги
запали во една вреќа. Утредента откако им помина лутината, заедно
купија нови гулаби", се сеќава Никола.

Коледарските огнови биле високи и до три метри, а по полноќ
претставници од маалата шетале низ градот за да видат кое маало
направило најголем оган таа година. "Се сеќавам оти една година нашето
Бабунско маало имаше собрано 12 кубици дрва и огнот беше висок до
бандерата, ама црквинци беа поарни од нас - беа собрале преку 20 кубици
дрва", вели Никола и додава дека и покрај тоа што тогашното транспортно
претпријатие "Тиквеш транс" било веднаш до нив, тие никогаш не палеле
гуми, туку само дрва. Така се празнувало се до шеесеттите години, кога
започнале да се асфалтираат улиците, па полицијата почнала да ги гаси
огновите. "Ни пуштаа и пожарникарска кола, ама тоа не беше затоа што ни
забрануваа да го тераме адетот, туку затоа што ако се запалеше нешто,
немавме со што да гасиме. А и кој ќе ти даде да палиш оган среде
асфалт? Затоа полицијата одреди неколку ширинки во градот каде што беше
дозволено да тераме коледе", вели Никола.
Неговиот врсник Ордан Глигоров, пак, се сеќава дека во 1960 година
полицијата забранила да се пеат коледарски песни по улиците. "Нашето
друштво таа година заврши во Внатрешни, кај командирот. Ни зедоа
податоци и не казнија со по 1.500 динари, оти сме пееле мрсни песни, а
ние му кажавме дека таков е адетот од прадедо и дека не се плашиме.
Дури и коледашките не сакавме да ги оставиме надвор, па со нив влеговме
во Внатрешни", вели Ордан.

Кавадаречко е, можеби, единственото место каде што до денес на
коледе се пеат еротски песни. Тоа е единствената причина поради која
пред некоја година двајца високи функционери откажале да бидат дел од
оваа забава, и покрај тоа што многу сакале да ги видат прочуените
кавадаречки огнови. "Ми рекоа: 'Чичко Коле, не е згодно и нам да ни
запеете такви песни', ама ние му кажавме дека таа вечер нема прошка за
никого", вели Никола. Тој тврди дека, за разлика од минатото, кога
функционерите се криеле за да не ги забележат на некој коледарски оган,
денес токму тие им прават атер на коледарите. Ништо поинаку нема да
биде ни годинава. Ќе се испеат дузина еротски песни, кои своевремено ги
запишувал еден кавадарчанец од оган на оган, со намера нивната содржина
да се најде во посебна книга со кавадаречки мрсни песни, но изданието
се уште не е објавено.



Вест
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонски обичаи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонски обичаи   Македонски обичаи Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонски обичаи
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Александар Македонски
» Македонски бранители 2001
» Стари македонски занаети
» Кој македонски пејач/ка најмногу ве нервира?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: