Beyonce Knowles, славната 27-годишна R&B пејачка ја посетила
клиниката за лекување од зависности. Но за среќа, и за разлика од многу
нејзини колеги и колешки од светот на шоубизнисот, атрактивната сопруга
на Jay – Z не побарала помош поради проблеми со зависностите, туку
поради својата нова улога.
Таа во филмот “Cadillac Records“ ја
толкува улогата на soul – легендата Ettа James, па убавата пејачка
разговарајќи со зависниците сакала уште поубаво да се припреми за
улогата на зависничката Ettа.
“Никогаш во животот не сум пробала
дрога. Во филмот ќе ја имам улогата на Ettа, која што многу долго време
пробувала да се извлече од пеколот на дрогата. Па затоа, за да можам
поубаво да се припремам за улогата и да дознаам со што се соочуваат тие
личности, одлучив да ја посетам клиниката“, изјави Beyonce.
Еtta
која што денес има 70 години, беше голема ѕвезда во 50-тите и 60-тите
години, признала дека кога била млада станала зависничка поради тоа што
тешко го поднесувала товарот на славата.
Beyonce открила дека овој актерски ангажман влијаел и на нејзиниот нов албум “I ‘am…Sasha Fierce“.
“Oваа
улога премногу ме промени. Поинаку гледам на животот, на своите песни и
на самиот начин на пеење. До неодамна бев многу несигурна во својата
работа, но сега стекнав поголема самодоверба“, рече Beyonce.