без разлика на тоа на која вероисповест припаѓаме, сведоци сме на тоа дека во последно време многумина не се доволно запознаени со тоа што го кажува нивната религија, па многу лесно се откажуваат од неа не знаејќи на каков чекор всушност се одлучуваат.
Дали тоа се должи на недоволната едуцираност или на сопственото мислење оформено врс основа на многу едуцираност?
Пред некој ден бев сведок на жестока дискусија за тоа као: дваесет и први век сме, уште ли ќе се бафтаме со религија и слични глупости?!
Јас лично не го оправдувам ваквиот став, религијата го сполотува народот и го одржува заедно барем до некоја мера, ваквата дискусија сериозно ме потикна да размислувам на таа тема.
Ќе ве молам за ваши мислења. Сакам да знам што размислува Македонија.