CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 ЕП 2008 - Македонија (жени)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
viktor_mak



Male Број на мислења : 180
Age : 25
Локација : Скопје, Македонија
Registration date : 2008-12-02

ПишувањеПредмет: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пет Дек 05, 2008 12:50 pm

Епа годинава ние го организираме ова првенство кое после светското е најголемо ракометно првенство. Учество земаат 16 држави кои се расоредени во 4 групи т.е. во секоја група по 4 земји-учеснички. Натпреварите се играат во Скопје во салата Борис Трајковски и во Охрид во салата Биљанини Извори.
Инаку нашата репрезентација е во групата Ц (ако не се лажам) со репрезентациите на Германија, Хрватска и Србија. Од досега одиграното сум презадоволен со оглед на тоа што од можната Германија изгубивме со само 3 гола разлика, а вчера Хрватска ја совладавме со 2 гола разлика. Според ова мислам дека Србија ќе биде лесен плен Wink
Табела за група Ц:
1. Германија 4
2. Македонија 2
3. Хрватска 2
4. Србија 0
Доколку со Србија извадиме нерешено или во подобар случај победиме тогаш сигурно ќе бидеме дел од понатаможните натпреварувања од Европското Првенство Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tosefans.com
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пет Дек 05, 2008 5:16 pm

ги победивме хрватите,ама германците не победија(најдобра ракометарка беше Портјанко)
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пет Дек 05, 2008 11:41 pm

луѓе, каква неорганизација..ме разочараа оваа година. Не мизлам на тимот туку на организаторите на првенството.
А тимот-само напред!

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
@komita@
Модератор
Модератор


Број на мислења : 690
Age : 26
Registration date : 2008-10-27

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Саб Дек 06, 2008 12:22 am

Ма не ме разочарува ништо се гордеам со македонската публика и репрезентација дефинитивно публиката е нашиот 7 играч
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Саб Дек 06, 2008 1:44 pm

Вечер ќе биде опасна утакмица Македонија-србија

_________________
ако имате срце,ако сте хумани и ако го сакате Тоше и неговото дело потпишете се на следнава страна..

http://www.petitionspot.com/petitions/tosep
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
Иво
Админ
Админ


Male Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Нед Дек 07, 2008 12:15 am

Можам само да кажам дека Македонија парче направи на вечерашнава утакмица..иако судите ни правеа проблем и беа против нас сепак на крај правдата беше на наша страна...исто така и публиката одигра важна улога според мене...

_________________
ако имате срце,ако сте хумани и ако го сакате Тоше и неговото дело потпишете се на следнава страна..

http://www.petitionspot.com/petitions/tosep
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://coolzone-mk.aforumfree.com
Plavuska



Број на мислења : 394
Registration date : 2008-10-23

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Нед Дек 07, 2008 1:29 pm

Абе закон беа.....напред Македонија!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Нед Дек 07, 2008 4:50 pm

Еве ги резултатите


Или Македонија или нема пренос

Ракометната
федерација на Македонија и Македонската телевизија ја добија битката за
името со Европската ракометна федерација (ЕХФ) и во преостанатиот тек
од првенството веќе никој нема да смее јавно да не именува ФИРОМ. ЕХФ
ги изигра домаќините и ја наметна оваа референца во преносот од
натпреварот Македонија-Германија во вторникот, на што бурно се
реагираше од наша страна и од МТВ дури се заканија дека веќе нема да
има преноси за целиот свет доколку се повтори ова уште еднаш.

Традиционалниот
партнер на ЕХФ, "Свис тајминг", ја подготвува графиката за
ТВ-преносите. Од РФМ велат дека оттаму во ниту еден момент не правеле
проблеми околу користењето на уставното име на државата и затоа сите
биле шокирани од дрскоста на ЕХФ, која во последен момент ургирала за
употребата на референцата ФИРОМ. Челниците на "европската куќа на
ракометот" се правдале дека така мора да биде, бидејќи Македонија е
примена во членството на ЕХФ под таа референца. Ова предизвикало остра
реакција на генералниот директор на МТВ Ефтим Гаштев.

- Или ќе
пишува Македонија или нема да има преноси. Нема тие да ни наредуваат и
да не понижуваат во сопствената држава - се заканил Гаштев.

Организаторите
на првенството вчера прогласија победа во битката со ЕХФ, ветувајќи и
на јавноста дека веќе нема да се повтори ова и дека отсега ќе се
користи исклучиво името Македонија.

ЕХФ е една од
најнефлексибилните меѓународни спортски федерации по ова прашање и
воопшто не го зеде предвид фактот дека Грција нема свои претставници на
првенството. Така, од неговото лого во прв момент не можеше да се
разбере во која држава ќе се игра првенството, па РФМ се избори да биде
додадена кратенката МКД.




Македонија во втората фаза на Европското првенство

Најдобрите
македонски ракометарки забележаа победа во третото и последно коло од
групата Д и на тој начин, со две победи во фазата по групи, си
обезбедија пласман во следната рунда на Европското првенство, кое се
одржува во нашата земја. Македонија славеше над Србија со 31:30,
доволно за второ место во групата зад Германија.

Натпревар полн со пресврти, игра на нерви, атмосфера за паметење, меч за спортски анали...

Признанието
играч на натпреварот сосема заслужено го понесе голманот на "црвено -
жолтите", Тања Андреева, која зад своето име запиша 16 успешни
интервенции. Тодоровска беше најпрецизна во нашиот тим со 8 постигнати
голови, Бујанова постигна 6, Кресоја и Портјанко по 4 пати ја затресоа
противничката мрежа. Во противничкиот тим на нашиот северен сосед Лекиќ
прикажа одлична игра, постигна 7 голови, но недоволно за да спречи
пораз и солзи на лицето кај неа и кај нејзините соиграчи.

"Разочарани
сме на големите натпреварувања, секогаш во преден план е домаќинот да
ја мине првата рунда. Луѓето од ЕХФ не ги интересира квалитетен
ракомет, ги интересираат само парите. Македонија прикажа храбра игра,
но во следната фаза не оди подобрата екипа." - изјави на
прес-конференцијата селекторот на Србија, Часлав Динчиќ.

"Им
честитам на девојките за остварениот успех. Во сите три изминати меча
покажавме искрена желба за триумф, борбеност и максимален ангажман. На
крајот сето тоа вроди со плод. Ја остваривме зацртаната цел, но се
надевам дека ова нема да биде последната победа за нас" - изјави
селекторот на Македонија, Владимир Глигоров.

Германија
по денешниот триумф над Хрватска во втората фаза влегува со 4 бода,
Македонија во новоформираната група носи 2, додека Хрватска ќе биде без
бодови.

Во новоформираната група во втората фаза, нашата
репрезентација ќе игра против репрезентациите на Русија (8. декември),
Шведска (10. декември) и Белорусија (11. декември) со почеток од 20:15
минути во салата "Борис Трајковски". По двете остварени победи во
првата фаза апетитите на нашата репрезентација и целата домашна
спортска јавност пораснаа и сите посакуваат висок пласман на наша
почва.

извор

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!


Последната промена е направена од [G]irL4[E] на Нед Дек 07, 2008 4:54 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
viktor_mak



Male Број на мислења : 180
Age : 25
Локација : Скопје, Македонија
Registration date : 2008-12-02

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Нед Дек 07, 2008 4:53 pm

Така еее!!! Македонија и само Македонија WinkWinkWink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tosefans.com
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Нед Дек 07, 2008 10:37 pm

јее ги победивме..навистина оваа голманкава најдобро играше..а како ја дигаа..смешки
се радуваа како мали деца
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пон Дек 08, 2008 8:26 pm

[G]irL4[E] напиша:
луѓе, каква неорганизација..ме разочараа оваа година. Не мизлам на тимот туку на организаторите на првенството.
А тимот-само напред!
Организацијата е на завидно ниво.
Со Германија одигравме супер - но малце отскокнуваат германките во односот на играта
Со Хрватска беше повеќе од одлично... сите 7 ограчи заедно ја срушивме целата сала и заедно остваривме огромен триумф
Со Србија исто така имавме контрола над играта и покрај тоа што го правеа судиите


СЕПАК НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е СИЛА ВО РАКОМЕТОТ !

Ајде сите скопјани во 8 и 15 да ве видам во салата да ги бодрите нашите ракометарки =)
Русинките не ни можат ништо ! Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пон Дек 08, 2008 8:28 pm

абе кој може со нас
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
viktor_mak



Male Број на мислења : 180
Age : 25
Локација : Скопје, Македонија
Registration date : 2008-12-02

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Вто Дек 09, 2008 3:38 pm

не е*аа русинките 19 разлика Sad
али ок реално сме послаби од нив.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tosefans.com
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Вто Дек 09, 2008 4:55 pm

Не ми се зборува. Се покажавме во најлошо издание
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Вто Дек 09, 2008 7:35 pm

види ги оние од русија како жирафи се!и плус кај можеме ние со русија?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Вто Дек 09, 2008 10:36 pm

Ane напиша:
види ги оние од русија како жирафи се!и плус кај можеме ние со русија?
Што бе толку демек ние не можеме да победиме со голема разлика .. абе ајде верувајте во Македонија ќе видите дека ќе го пребродиме овој пораз
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
viktor_mak



Male Број на мислења : 180
Age : 25
Локација : Скопје, Македонија
Registration date : 2008-12-02

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Сре Дек 10, 2008 4:58 pm

вечер играме против шведска. ако ги победиме ќе се бориме на наредна утакмица на 5то место во европа. ние сакаме и можеме да го постигнеме тоа Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tosefans.com
@komita@
Модератор
Модератор


Број на мислења : 690
Age : 26
Registration date : 2008-10-27

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Чет Дек 11, 2008 6:06 pm

неннннннннененененен немојте ве молам да ми зборитре ке го мавнам мониторов цццццццц лелелелллллл со Шведска еееееееејјјјјј па имавме реални шанси ама македонска работа секогаш кога треба да тепаш ке испадне нешто не ми се верува сакаат со еден играч да го решат натпреварот само преку тодоровска срамота 10 гола даде или 11 не сум сигурен а другите што правеа не ми е јасно не ми е јасно

Ај повеке срека денес со белорусија
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пет Дек 12, 2008 7:43 pm

што ако?четврти сме во втората група,а осми(или седми?)во европа
што сакаме повеке?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
@komita@
Модератор
Модератор


Број на мислења : 690
Age : 26
Registration date : 2008-10-27

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пет Дек 12, 2008 8:49 pm

ааааа па сега друга работа е сега после натпреварот можам да кажам бравос така треба сега сме 7 ми во европа најдобар успех до сега на женската ракометна репрезентација але але .... але але ...але але алеале .....МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА еееееееее
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пет Дек 12, 2008 10:28 pm

ги убивме белорусите хахахаха иако можеше уште еден гол разлика ама ОК е и ова Smile

Ракометарките седми на ЕП






Македонската
женска ракометна репрезентација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје
во последниот натпревар на Европско првенство ја совлада Белорусија со
29:24 и со тоа го забележавме најголемиот успех досега на Европските
првенства, 7-то место.

Натпреварот беше максимално изедначен на самиот старт. Бујанова и Тодоровска постигнаа по два гола во првите десет минути.

Белорускиот
тренер почна со ротации во својот состав во средината на полувремето,
меѓутоа тоа не вроди со плод. Македонија поведе со два гола разлика во
16. минута.

И двете репрезентации продолжија во тој ритам и во
наредните десетина минути, резултатот во 25. минута беше 12:10 за нас.
Бујанова влезе во ритам и успеваме на де се „одлепиме“ на плус пет,
15:10.

До крајот на полувремето останавме со играч помалку во полето и сепак успеавме да ја задржиме предноста од плус пет, 17:12.

Кресоја
го отвори второто полувреме за 18:12. Успеваме да ја одржиме предноста
во наредните осум минути за 21:15, за во 45. минута да го имаме
најголемото водство од 24:16 благодарејќи на Андрејева која блескаше на
нашиот гол.

Водството од осум гола го оджувавме до 54. минута
кога зголемивме на плус девет, 28:19 и во следниот напад Тодоровска
погоди за плус 10.

Меѓутоа во тие моменти Глигоров прави неколку измени на бековските позиции и Белорусија прави серија од 5:0 за 29:24.

„Ова е најголемиот успех на било која женска репрезентација на Македонија. Направивме историски успех“, рече Андрејева.

„Наша
цел беше да ја минеме групата, сепак направивме поголем успех. Можевме
да направиме и чекор понапред, но немавме среќа во вчерашниот
натпревар. И благодариме на најдобрата публика на светот, за поддршката
која безрезервно ни ја даваше, а без која немаше да го освоиме ова
високо седмо место", изјави Црвенковска.

Најпрецизна на
натпреварот беше Тодоровска со седум постигнати гола, Олга Бујанова
која постигна шес беше прогласена за играч на натпреварот. Одлична
партија на голот на Македонија покажа Тања Андрејева која зад своето
име запиша 19 успешни интервенции.

Норвешка ја совлада Романија
со 37:31 и со тоа и овозможи на Шпанија да игра во полуфиналето против
селекцијата на Германија, а во второто полуфинале ќе играат Норвешка и
Русија. За петтото место ќе се борат селекциите на Хрватска и Романија.

Резултати од М2 група:

Шведска - Хрватска 24:29
Русија - Германија 22:27
Македонија - Белорусија 29:24

Табела:
Германија 9
Русија 7
Хрватска 4
Македонија 4
Шведска 4
Белорусија 2

Резултати во М1 група:

Данска - Украина 25 : 30
Унгарија - Шпанија 21 : 23
Романија - Норвешка 31:37

Табела:
Норвешка 9
Шпанија 6
Романија 6
Унгарија 3
Украина 3
Данска 3

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пет Дек 12, 2008 11:04 pm

7ми ... само можам да кажам С Л А Б О . Можеме и подобро
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Пон Дек 15, 2008 9:44 pm

добро е и оваа позиција што ја имаме
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: ЕП 2008 - Македонија (жени)   Today at 3:31 am

Вратете се на почетокот Go down
 
ЕП 2008 - Македонија (жени)
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Спорт :: Ракомет-
Отиди до: