CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Најлуди навики

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Најлуди навики   Пет Дек 12, 2008 10:49 pm

За некои свои навики едноставно не разговараме. A и зошто би? Зошто некој би знаел дека ни е досадно додека чекориме по скали, па ги броиме - или дека читаме книга со нозете спружени на ѕид? Всушност, сите сме робови на ситните, луди навики - и тука нема ништо лошо. Така?

Броење на скали
Постојат броеви и постојат скали. Има ли подобра причина од оваа за да почнеме секаде и во секоја прилика да ги броиме? Во животот учиме сешто, од годината во која се одржало некое селско востание и цената на рачниот часовник на претседателот, па до тоа колку скали точно има помеѓу приземјето и станот на роднините на третиот спрат. На луѓето со еротска потреба за броење на скали во оваа прилика им забрануваме да го слушаат хитот на Лед Цепелин "Stairway to Heaven", чисто за да не им експлодира главата.

Математиката на автомобилските таблички
Бројачите на скали се сепак претшколски дечиња во споредба со математичарите на регистарски таблици. Нема таква табличка која додека ја проаѓа улицата овие луѓе нема да ја соберат, помножат, поделат, квадрираат или коренуваат на 17-ти корен. Некој би требало да ги вработи како волонтери-чувари на градските паркиралишта и да придонесе за заштеда на буџетот на општината. Или да ги запосли како дежурни бројачи, па за само 500 денари да ви пресметаат логоритам на предната и аркус тангенс на задната таблица на автомобилот.

Идентични штипалки
Емисијата на јаглерод диоксид, економската рецесија, топењето на глечерите и....што недостига? Знаеме, обесување на испраната облека со две разнобојни штипалки. Еден куп луѓе секојдневно го одложува уништувањето на светот со тоа што едноставно мора да си ги обеси гаќите на жица со идентични штипалки. Им благодариме. Оние кои пак не можат да се контролираат подобро и за почеток нека започнат со тераписко одлагање на вешот по бојата, големината, датумот на последното перење или некој друг апокалиптичен критериум.

Нозе на ѕид
Добрата литература е идеално да се конзумира со бели табани. Имено, листањето на страници во лежечка позиција со нозете на ѕидот е нешто што под итно би требало да се воведе како практична настава на факлутетот за книжевност, бидејќи како што многумина ќе потврдат - поинаку "не оди". Има тука многу значења - од подобрената циркулација и масажата на стапалата, до симболичниот отпрот према неначитаноста, која важи за појава и во нашата земја.

Гужва во чинијата
Последната и нескршлива расистичка барикада за многумина, изгледа претставува чинијата. Црниот Обама смее да седи во Белата куќа, индијанците нека водат љубов со Јапонки, но случајниот допир на пирето од компир со зелената салата во чинијата, или потопувањето на печеното месо во вариво не доаѓа во предвид! Спремни сме да проголтаме и куче во сос или путер од нечија глава, но очекуваме елементарна пристојност од грашокот, салатата, месото и компирот да не се допираат едни со други во својата територија. Подели па владеј, на многу луѓе им е sine qua non на среќно завршениот оброк.

WC едукација
Чекајќи го своето дебело црево да прозбори, многу Македонци се ангажираат во она што денес мнозинството со задоволство го нарекува "целоживотно школо". Така, редовно го читаат составот на детергентот за перење или лакот за коса, го намирисуваат ближниот парфем и шампон, решаваат судоку или длабоко замислено листаат некој магазин за високотуражни мотокултиватори, зимски шорапи и кровни прозори. После тоа, збогатени со знаење, а осиромашени за остатоците од последниот оброк, ја оставаат смрдливата школа за некој нов случај на нужда.

Фетиш шолја
Уште Жан-Жак Русо тврдеше дека општественото зло започнало во моментот кога првиот земјоделец закопал неколку колови во земјата, ја оградил и рекол: "Ова е мое". Но таму каде добриот дивјак некогаш садел моркови ние денес пиеме кафе. Фетишот "мојата шолја" на многу луѓе им го пружа она недофатливо X-задоволство, воспоставува трајна врска помеѓу посвоената керамика и усната шуплина, која од кафето прави КАФЕ, а од шолјата - ШОЛЈА. Не претерувајте со мистичната сопственост, ќе ни недостасуваат големи букви за да ја опишеме Smile.

Прелистување од крајот
Поради некоја неразбирлива причина, за многу луѓе прелистувањето на дневниот печат започнува онаму каде што завршува - од крајот. Потајно, можеби ваквите фанатици се надеваат дека така, како во лошите крими филмови, ќе дознаат први по скратена постапка "што всушност се случило". Бидејќи помеѓу насловите за зголемените гради на Бритни и разголената студентка по астрофизика од Будимпешта никој ништо не дознал, листањето продолжува према почетокот. Ништо, па ништо. На крај, завршуваат на првите страници на весникот каде не само што ништо интересно не се случило, туку никој ништо и не рекол. Воопшто.

Вклучен телевизор
Всушност, воопшто не е јасно поради што оваа цела риалити шоу култура би требало да биде застрашувачка. Во анонимноста на слепото секојдневие, луѓето копнеат по идејата дека некој ги гледа. Ако никој друг, тогаш барем ТВ-приемникот. Рутината се состои во следното: доаѓате дома, ги соблекувате кондурите и, секако, го уклучувате телевизорот. После тоа започнувате со туширање, па подготвување на оброк, додека нечујниот презентер на вестите му зборува на вашиот цветен аранжман, оголените цевки на парното и чорапите фрлени на каучот. Каква деградација... Имајќи во предвид кој се ги гледа, презентерите на вести одамна заслужиле бенефициран работен стаж.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Најлуди навики   Пет Дек 26, 2008 12:26 am

кај ги најде овие? баш се јаки.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Go Ka
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 2188
Age : 22
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

ПишувањеПредмет: Re: Најлуди навики   Пет Дек 26, 2008 12:28 am

Добри се нели ? Razz
Читај и не прашувај .. не е за прашување тоа
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane



Female Број на мислења : 624
Age : 20
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

ПишувањеПредмет: Re: Најлуди навики   Саб Дек 27, 2008 9:56 pm

искрено јас понекогаш ги бројам скалите кога одам накај дома..
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Најлуди навики   Today at 12:58 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Најлуди навики
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Дом и семејство-
Отиди до: