Најскапиот мобилен на светот Најскапиот мобилен телефон на светот е Apple-овиот iPhone 3G
"King's Button", кој чини нешто повеќе од 2.5 милиони долари.
Расположени за шопинг? Не е ништо посебно, сериозно...Скапоцениот телефон, дизајниран од австрискиот златар Петер Алоисон,
е изработен од 18-каратно бело злато и е украсен со 138 дијаманти од
најфин квалитет.
Првото што паѓа во очи е т.н. home копче, кое е всушност редок
дијамант од 6.6 карати. Златарот Алоисон веќе неколку години со ред
дизајнира екстравагантни луксузни мобилни телефони. Пред десет години
овој контроверзен дизајнер го лансираше првиот мобилен телефон украсен
со дијаманти, а минатата година повторно го привлече вниманието на
јавноста врз себе со дизајнирањето на дијамантски крипто-заштитен
паметен телефон кој го изработи по порачка на една руска компанија.
Е, каде ќе го продава King's Button во вакво време, навистина не би
можеле да претпоставиме. Ние не сме заинтересирани за телефончево....
не за друго, дизајнот е тапа.