Една американска тинејџерка остана без мобилен телефон откако на нејзина
адреса пристигна сметка на 440 страници. На 13-годишната „брбливка“
мобилниот привремено и е одземен.
Американската тинејџерка
најверојатно е рекордер во испраќање СМС - пораки бидејќи за само еден
месец испратила дури 14.528 пораки, што значи 484 дневно, или една на
секои две минути додека била будна.
- Па кога сакам да
зборувам!, беше се што 13-годишната Реjна Хардести им рече на своите
родители откако стигнала телефонската сметка од 440 страници.
Тинејџерката не само што испратила 14.528 пораки, туку толку и примила.
Рејна
призна дека има четворица блиски пријатели со кои постојано разменувала
пораки, а употребата на мобилниот моментално и е забранета.
Извор: ИДИВИДИ