CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Чет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Чет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Чет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Чет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Чет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Чет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Сре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Сре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Сре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
 
[G]irL4[E] (1887)
 
Иво (711)
 
@komita@ (690)
 
Ane (624)
 
S0tE (547)
 
Dimce* (431)
 
Plavuska (394)
 
viktor_mak (180)
 
ivan4e (111)
 

Share | 
 

 Македонизам

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
МончИ



Број на мислења : 9
Registration date : 2009-01-16

ПишувањеПредмет: Македонизам   Пет Јан 16, 2009 4:16 pm

Филозовија на Македонизмот

За ИМЕТО


Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија и се дури постои ова име на оваа земја


И под туѓинци во минатото ( макар имало и во иднина ) ,македонскиот народ си ја задржал и ќе ја задржи суштина на постоењето – сопственото име.
Народи доаѓале и оделе како поробувачи и минувачи, македонскиот е
постојано со - Македонија. Постојано, заради постоењето кое е пред
секоја логика на непостоењето ширена од туѓите пропаганди.
Оваа логиката на "непостоењето"ја разгледувал и Аврелие Августин
преку сопственото – постоење. Се запрашал дали не е целиот човечки
живот лага, па да и самиот - не постои ами е некаков привид, а се е
измама.
Но заклучил дека ако се мами, тогаш – постои, бидејќи како може да се
мами и да биде во лага, ако не постои ? Августин со предпоставена лага,
дошол до непретпоставена вистина за своето постоење. Од овде и
познатата теза – "Ако се мамам, значи постојам", што кај Декарт е – Мислам , значи постојам.
Дека Августин навистина постоел и нему и нас ни потврдува
неговото име со кое се потпишани неговите дела и мисли. Неговиот лик и
не го знаеме но името ни кажува за кого се работи, па суштината на
постоењето е во – името. И токму исто е и со нашата суштина на
постоење, почнува од личното име на кое се одѕиваме од раната детска
свест, па оние на родителите, роднините, пријателите и др. имиња со кои
се легитимират. Овие имиња ги врзува едно име – Македонија.

Во сегашноста, се јавува т.н.р “проблем” со името, иако Македонците како засебен народ и земја, токму со ова име се уште во V век п.н.е кај првиот релевантен историски извор – Херодот.
Херодот и луѓето од тоа време (и по нив - Тукидид, Диодор, Полибие,
Плутарх, Аријан, Страбон, Јустин, и др. ) се во предност пред ова
време, зашто пишувале за тогашната фактичка состојба со што ги рушат
манипулациите на сегашноста.
Припадноста се разграничувала со име, без селектирана реалност, се
држело до своето име а туѓото може и се презирало но не се бришело и
својатало.
Толку ги истакнувале разликите ( “Филипки” – Демостен ) што очајни се
денешните експанзионистички тези. Грците се под такво ропство од
Македонците што Римјаните се сметаат за ослободители (Плутарх :
“Римјаните го поразија кралот Филип V во Тесалија и ги ослободија
Хелените од Македонскиот јарем “).За посебноста на македонскиот народ
низ средниот и новиот век пребројна е документација а премал е
просторов.
Денес пак од разни страни ни се поставува исполнување на разни барања а
за признавање на уставното ни име (Бундестагот своевремено). Се треба
да исполниме за она што и онака е наше , имено – нашето уставно и
историско име. Ова е исто како да се услови и Германија со барања само
за да ја именуваме како што се именува – СР Германија. Кој е тука –
лудиот ?



Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
МончИ



Број на мислења : 9
Registration date : 2009-01-16

ПишувањеПредмет: За минатото   Пет Јан 16, 2009 4:19 pm

Прочитаниот ред, е веќе – минато, но и овој кој го читате сега , ќе биде - минато, како и оној – идниот.


Најреалистичниот пренесувач на минатото од Балканот и Добитник на Нобелова награда, Др. Иво Андриќ за минатото ќе рече :

“ Само неуките и неразумни луѓе можат да сметаат дека минатото е мртво и со непреоден ѕид засекогаш одвоено од сегашноста.
Напротив, вистината е дека се она што човекот некогаш го мислел, осеќал
и работел, нераскинливо е вткаено во она што ние денес го мислеме,
осеќаме и работеме. Да се внесе светлината на научната вистина во
настаните од минатото, значи да и се служи на сегашноста. “

( И. Андриќ – “Како влегував во светот на книгата и книжевноста” – вес. “Политика “ 13 март 1976 год., стр. 2 )

“Негаторите” на минатото, Нобеловецот ги нарекува – “неуки и неразумни
луѓе”, очигледно и зошто, па бара научно осветлување на настаните од
минатото од кое треба да извлечеме заклучоци во служба на сегашноста !

А минатото, сегашноста и иднината се нераздвојни, заедно ја чинат
вечноста или постоењето . Тоа е и самата историја, која удрила печат со
името – Македонија врз оваа земја како на тапија.
И Библијата ( Стариот и Новиот Завет ) е една од нашите тапии па
неможејќи да го уништат таму нашето име, почнаа да го својатаат небаре
: Тие биле – Ние а Ние сме биле – Тие ?!
Со монопол над црквата фалсификуваа ставајќи фрази кои ниту постоеле ниту ги има во неа.

Пример 1 - каде што стои – “ Отидовме во Македонија”,
во преводот си додаваат – “Отидовме во Mакедонија , провинција на
Грција “(?!), нешто што ниту стои во оригиналот, нити пак постоело кога
е пишувано, ( држава со име Грција за првпат е дури 1829 год., поими
Елада, Ахаја –да, но не и Грција ! ).
Лукавост е и уфрлањето на Македонија како провинција на Грција, што
никогаш не било а најмалку во Библијата, зашто каде се спомнува
Македонија ,тоа е одвоена од “Елада” ( Грција ).

Пример 2 - каде што стои националноста на лицето -
“Пред него стоеше еден човек, Македонец “, во преводот се врти - “Пред
него стоеше човек од Македонија”, што е друг контекст, човекот од
Македонија може да биде и Влав, Евреин, Ерменец и.т.н, но не и јасното
во оригиналот - Македонец.

Потребата за фалсификати, потврдува дека името Македонија не е нивно.
Зошто ако името било “така нивно” ,попат го “загубиле - така лесно” и добиле друго ?!
Со туѓи имиња и минато, си го растегаат своето до обезименост, низ хаос од народи, раси и временски невклопувања.
Грците се
и Данајци и Ахајци и Крито-Микенци и Хелени и Византијци и Македонци
и.т.н, сеедно што секој го ништел предходниот доаѓајќи во Грција ?!
Дури и денес за светот таа е - Грција, но таму е – Хелас (Елада ), што
е различно и збунува.
Бугарите се и Турано- Бугари и “Словени“, Хуни, Авари,
Скити,Бактри, Мизијци, Тракијци, Власи, Кумани,.. и што ли не, сеедно
што се ништеле доаѓајќи од страна ?!
Србите се и Сер(б)ви, Скити, Раси, Маќедонци,Трибали,Илири,..?!
Албанците се и Илири и Дарданци, Македонци, Епирци, Арбанаси ,Арнаути, Шиптари, Качаци и Геги и што ли не ?!
Власите се и Епирци, Грци, Романци, Даки, Богдани, Цинцари, Македонци,.. (?!)

Секој си го вбројува и македонското за – свое име (?!)
И од сите нив само ние “случајните” Македонци сме останале да
им го чуваме името за вакви потреби, да не потсетат дека е и “нивно”,
сеедно чие ( кому од нив ?!).

Единствено Македонија како име за разлика од предходните не е врзано за
повеќе народи но за еден кој си го носи како единствено валиден. Само
уште Хрватите се со ист пример , тие античкото име “ Croatia “ го имаат за национално име.

Денес бараат да си го смениме името, што е исто да го смениш – времето
( минатото). Тоа не може и не смее никој, без разлика на притисокот и
прагмата на политичарите од сегашноста .
Колку и да изигруваат овоземни богови од кои се почнува и завршува, она
што сигурно завршува се нивните мандати и безначајни постигања .

А името ќе живее - ги надживеало сите сатрапи, ханови, деспоти, цареви,
кралеви, султани и паши, но и предавници, па ќе ги надживее и
Претседателите, Премиерите, Министрите и др. денешни функционерски
имиња.

Извор: www.macedonium.org
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор


Female Број на мислења : 1887
Age : 23
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонизам   Нед Фед 22, 2009 12:05 pm

одлично..само се плашам дека сите го знаат ова, а секој го избегнува.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Македонизам   Today at 1:47 pm

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонизам
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: