Скршена е плочата посветена на загинатите припадници на АРМ поставена на автопатот Тетово - Скопје кај Карпалак.
Парчиња од неа се расфрлани крај патот. Од Министерството за внатрешни работи велат дека увидна екипа е излезена на теренот, местото е фотографирано и се работи на пронаоѓање на сторителите.
Спомен плочата беше поставена на 8. август годинава од претставници на Министерството за одбрана, при одбележување на седумгодишнината од загинувањето на 10. припадници на АРМ од Прилеп и прилепско, во конфликтот во 2001. година.
До кога ли ќе се дешава ова.... ова го нема никаде...... срамота!