Виртуозот се семоќен глас...
Борис Трајанов, македонски баритон. Роден е во Љубљана 1959 година.
Најпрвин работи пеење со неговиот татко Гога Трајанов. Понатаму работи со Бисерка Цвејиќ во Белград и продолжува кај Пјер Миранда Фераро во Милано. Дебитира во 1986 година со оперетата „Барон Циганин“, а истата година дебитира со улогата на Енрико Ештон во „Лучија ди Ламермур“ од Доницети.
Во дваесетгодишната кариера, настапил во повеќе од 550 театри и оперски куќи низ светот, толкувајќи над 35 улоги, меѓу кои најзначајни му се Набуко (Набуко), Гроф Луна (Трубадур), Риголето (Риголето), Родриго Поза (Дон Карлос), Макбет (Макбет), Ецио (Атила), Ренато (Бал под Маски), Јаго (Отело), Дон Карло (Моќта на судбината), Жорж Жермон (Травијата) - Верди; Шарплес (Мадама Батерфлај), Скарпија (Тоска) - Пучини; Жерар (Андре Шение) - Џордано; Алфио (Кавалерија Рустикана) - Маскањи; Енрико Ештон (Лучија ди Ламермур), Гуљермо (Марија Стуарда) - Доницети; Дон Пиѕаро (Фиделио) - Бетовен; Ескамиљо (Кармен) - Бизе; Елецки (Пикова Дама) - Чајковски.
Моќен, волуминозен драмски глас. Исклучителна сценска појавност, која му овозможува ефектно доловување на најсуптилните ефекти во улогите.
Во 2005 година ја добива титулата „Амбасадор на мирот на УНЕСКО“.
[уреди] Ден на дрвото
Во 2008 година Борис Трајанов се појавува како водач на акцијата Ден на дрвото.
Имено, поттикнати од лошата состојба со шумскиот фонд, а особено со катастрофалните шумски пожари кои се случија предходната година, стотина видни граѓани, јавни личности, креатори на јавно мислење, уметници, претставници на научната мисла, музички ѕвезди итн. покренаа граѓанска иницијатива за пошумување во Република Македонија. На 12 март 2008 повеќе од 2 милиони (2000000) садници беа засадена на повеќе места низ Македонија. На терен, доброволно, излегоа околу 200000 граѓани или 10% од граѓаните на Република Македонија. Владата на РМ излезе во пресрет на иницијативата, ја поддржа и стана партнер во акцијата.
Иницијативниот одбор планира на есен во 2008 година да организира уште една акција, оваа многу помасовна бидејќи заедно со владата обезбедиле шест милиони садници (6000000). Оваа есенска акција беше планирана за 29 октомври, но поради непланираните високи температури, најверојатно ќе биде презажано за 19 ноември 2008.