CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Александар Македонски Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Александар Македонски Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Александар Македонски Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Александар Македонски Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Александар Македонски Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Александар Македонски Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Александар Македонски Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Александар Македонски Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Александар Македонски Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Александар Македонски Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
Иво (711)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
@komita@ (690)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
Ane (624)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
S0tE (547)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
Dimce* (431)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
Plavuska (394)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 
ivan4e (111)
Александар Македонски Vote_lcapАлександар Македонски Voting_barАлександар Македонски Vote_rcap 

 

 Александар Македонски

Go down 
3 posters
АвторПорака
Иво
Админ
Админ
Иво


Male Број на мислења : 711
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

Александар Македонски Empty
ПишувањеПредмет: Александар Македонски   Александар Македонски Icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 12:22 pm

Александар Македонски 98394300px-BattleofIssus333BC-mosaic-detail1


Александар Македонски Александар III Велики, р. Пела, Македонија, 20 јули 356 п.н.е. — Вавилон, 10 јуни 323 п.н.е., е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава.
Александар се родил од првиот брак на Филип со епирската принцеза Олимпија во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот хекатомбајон кој Македонците го нарекувале лоос и тоа во шестиот ден, во кој е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот: “Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар”. Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата. Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил. Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со Зевс (Зевс-Амон, Зевс-Најос) и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог-заштитник за нејзи-ното семејство и нејзината идна плодност. Филип пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите, и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал, ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во него ги споил многуте карактерни црти од обата свои родители. Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината. Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа демонска жена му оставила неизбришлива трага врз него.Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека “Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”. Меѓутоа Филип на Александар му должел многу повеќе од едно кралство.
Вратете се на почетокот Go down
https://coolzone-mk.aforumfree.com
Иво
Админ
Админ
Иво


Male Број на мислења : 711
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

Александар Македонски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Александар Македонски Icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 12:24 pm

Во моментот на најголемата слава, во Александар победил духот на истокот. Тој покрај повеќето жени се оженил и со ќерката на Дариј, ја зел персиската круна и се облекувал како персиските кралеви, го вовел во Европа источниот поим „крал по милост Божја“ и најпосле ја запрепастил Хелада кога во величенствен стил изјавил дека тој е бог. Хелада на тоа се смеела, а Александар се опивал до бесвест, која подоцна го довела и до смрт.

Александар станал крал на Македонија во 336.г.п.н.е. на дваесетгодишна возраст, откако неговиот татко Филип II бил убиен. Грчките градови како Атина и Теба, кои морале да му се покоруваат на Филип, виделе можност да си ја повратат целосната независност во доаѓањето на младиот крал. Александар на тоа брзо се спротивставил, и Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. По ова, Грчките градови, на собирот кај Коринтскиот теснец, со исклучок на Спартанците, го избрале за командант против Персија, како што претходно бил и татко му Филип.

Следната година (335.п.н.е.) Александар ги нападнал Тракијците и Илирите за да ја обезбеди северната граница на Македонија до Дунав. Додека тој победнички војувал на север, Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово: Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотијски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени
Вратете се на почетокот Go down
https://coolzone-mk.aforumfree.com
Иво
Админ
Админ
Иво


Male Број на мислења : 711
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

Александар Македонски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Александар Македонски Icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 12:26 pm

На 10 или 11 јуни 323 г.п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години. Постојат различни теориии за причините на смртта. Некои сметаат дека Александар бил отруен од синот на Антипатер или од некој друг. Друга теорија е дека починал после пијанствата претходните денови. Други сметаат дека починал од маларија од која се има заразено во 336 г.п.н.е.

Непосредно пред неговата смрт, неговите генерали го запрашале кој треба да го наследи неговото царство. Бидејќи Александар немал очигледен и легитимен наследник (неговиот син Александар IV ќе се роди после неговата смрт, а неговиот претходен син бил роден од страна на негова конкубина, не жена), тоа било прашање од голема важност. Постојат повеќе дебати за тоа што им одговорил Александар на своите генерали.
Вратете се на почетокот Go down
https://coolzone-mk.aforumfree.com
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Александар Македонски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Александар Македонски Icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 10:49 pm

Александар Македонски се крие во Италија



Споменикот на Александар Македонски, кој Општина Центар најави дека ќе го гради на плоштад Македонија во центарот на Скопје, се крие во Италија. Надлежните одбиваат да ги кажат резултатите од меѓународниот конкурс за идејно решение за фонтана и споменик на Алксандар Македонски качен на коњ, што Општината го распиша уште лани во март.

Информациите за споменикот се најстрого чувана тајна, за која никој официјално не сака да зборува.

Неофицијално, пак се зборува дека првата награда на конкурсот за споменикот ја добила млада вајарка од Скопје, која на големо работи на негова изработка. Дознаваме дека споменикот на Александар се прави од бронза, дека ќе биде висок околу 15 метри и оти е на лиење во Италија. Фонтаната, пак, ќе се прави од мермер и неа ја гради една домашна градежна фирма, односно се шпекулира со името на "Бетон".

Некои од уметниците што го виделе наградениот труд на младата вајарка тврдат дека, според макетата, споменикот требало да биде висок 5 метри, но за да се запазат барањата од конкурсот, скулптурата на Александар ќе се зголемувала во италијанскиот град Фиренца.

Скулпторите реагираат и на огромната сума пари кои Општината ги троши за овој споменик. Тие велат дека лиење во бронза на петметарска коњичка фигура во Бугарија или во Белград чини од 100 до 150 илјади евра, а во Фиренца од 300 до 400 илјади евра. Според нив, овој споменик, согласно димензиите, ќе чини многу повеќе, односно ако на сумата за лиење на споменикот се додадат хонорарите од околу 100 до 200 илјади евра за италијанските скулптори што ќе го зголемуваат, и транспортот, кој со сигурност е околу 120 илјади евра, Александар Македонски Општина Центар ќе ја чини над половина милион евра.

Уметниците и скулпторите негодуваат што целата работа се чува во тајност, односно велат дека не се знаат имињата на членовите на жири-комисија, нема ниту јавно образложение кој и зошто победува на конкурсите ниту, пак, има изложба на трудовите кои учествувале, што се коси со законската процедура. Повеќето од нив не се согласуваат ниту со димензиите на споменикот зашто, велат, и во многу поголеми градови од Скопје нема толкави споменици. "Луѓето ќе гледаат во копитата на коњот", реагираат тие.

Градоначалничката на Центар Виолета Аларова повеќепати одбива да каже кој го прави споменикот, како ќе изгледа, колку ќе чини и кога ќе го постават на Плоштадот. Таа и луѓето од нејзиниот кабинет не упатуваат кај претседателот на Комисијата за меѓународниот конкурс и претседавач со Советот на Општина Центар Владимир Здравев кој, исто така, не сака да даде информација.

"Одговорот барајте го во кабинетот на градоначалничката", рече вчера Здравев, па така и тој одби да одговори.

За споменикот не сакаа да зборуваат ниту државните власти. Тие велат дека ништо не знаат за таа работа, но дека сега не е време да се прашува и пишува поради чувствителната меѓународна ситуција во која се наоѓа Македонија. Тие на шега велат: "Истрагата е во тек".


Александар Македонски Aleksandar_Makedonski1
Вратете се на почетокот Go down
S0tE

S0tE


Male Број на мислења : 547
Age : 31
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

Александар Македонски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Александар Македонски Icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 11:56 pm

Александар Македонски 75132S7301529
Вратете се на почетокот Go down
http://sotezs7.hi5.com
Sponsored content





Александар Македонски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Александар Македонски Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Александар Македонски
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Александар Турунџиев
» Александар Ефтимов
» Александар (Сандо) Малинов
» Македонски обичаи
» Македонски бранители 2001

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
Отиди до: