Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Иван (Јон) Димов - Пашата Саб Ное 22, 2008 12:49 am | |
| Роден е во 1878 година во с. Чарлија, Битолско. На 19-годишна возраст отишол на печалба во Романија. На 22-годишна возраст се вклучил во Организацијата. Станал четник во четата на Ѓорѓи Сугарев и како четник зел учество во Илинденското востание. Во 1904 година бил назначен за реонски војвода во Битолско поле. Заедно, Могилчето, Крало и Пашата извршиле повеќе атентати врз озлогласени турски насилници. Еден од тие бил и убиството на по зло познатиот турски насилник Шефки-Ага, извршен на 1 јули 1905 година кај с. Могила, Битолско. Во една борба со турскиот аскер Ј. Пашата бил ранет. Другарите го извлекле и го однеле во Битола на лекување. Меѓутоа, не успеал да оздрави и починал во 1906 година. Погребан бил во Битола, во црквата Св. Недела, до самиот олтар. | |
|