CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
Иво (711)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
@komita@ (690)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
Ane (624)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
S0tE (547)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
Dimce* (431)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
Plavuska (394)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 
ivan4e (111)
Најнови ВЕСТИ Vote_lcapНајнови ВЕСТИ Voting_barНајнови ВЕСТИ Vote_rcap 

 

 Најнови ВЕСТИ

Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka

Female Број на мислења : 2188
Age : 25
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСре Окт 22, 2008 8:23 pm

Грција нема право да и' наметнува име на Македонија, оцени претседателот на Балканскиот политички клуб и поранешен претседател на Бугарија, Жељу Желев.Тој во интервју за радиото „Дојче веле“, програма на бугарски јазик, посочи дека името и идентитетот на еден народ и држава се егзистенцијално прашање и суверено право на сопствен избор.

- Кога станува збор за такви егзистенцијални политички проблеми на еден народ, на една држава, не може друга држава да диктира како да се нарекува таа. Јас на Грците многупати сум им кажал - вие едноставно не знаете што сакате. На која основа и' го одрекувате правото на Република Македонија да се нарекува Република Македонија? Таа постоела во југословенската федерација речиси половина век со тоа име - истакна Желев.

Според него, несоодветна е и привремената референца.

- Сите републики, кои стекнаа независност по распадот на федерацијата, се бивши југословенски републики. Зашто не сакате тогаш и Хрватска да се нарекува бивша југословенска република Хрватска, бивша југословенска република Словенија, бивша југословенска република Србија? Зошто само кон Македонија да се применува тој остракизам? - прашува поранешниот претседател на Бугарија.

ИЗВОР - ДНЕВНИК
Вратете се на почетокот Go down
S0tE

S0tE

Male Број на мислења : 547
Age : 27
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСре Окт 22, 2008 8:52 pm

Искрено јас не се занимавам со политика , а и не ме интересира
Вратете се на почетокот Go down
http://sotezs7.hi5.com
Ane

Ane

Female Број на мислења : 624
Age : 23
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСре Окт 22, 2008 9:09 pm

имам попаметни работи од политиката...
Вратете се на почетокот Go down
S0tE

S0tE

Male Број на мислења : 547
Age : 27
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСре Окт 22, 2008 9:28 pm

така е !
Вратете се на почетокот Go down
http://sotezs7.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka

Female Број на мислења : 2188
Age : 25
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeПет Окт 24, 2008 2:35 pm

Јас па ич не се занимавам со политиката ама еве да придонесев нешто за форумот - „Политика и вести“
Вратете се на почетокот Go down
??????
Гостин



Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСаб Окт 25, 2008 1:55 am

политиката им ја оставам на поголемите од мене тие си се платени со тоа да се замараат јас имам мн попаметни и поважни работи од сето тоа ама од друга страна никогаш нема да дозвлоам некој да ме нарекува славо македонец или како и да сака јас сум роден МАКЕДОНЕЦ жевеам во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ќе умрам како МАКЕДОНЕЦ па тие како сакаат нека ме викаат јас во срцето и душата сум МАКЕДОНЕЦ....


>>>>ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА<<<<<<<
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka

Female Број на мислења : 2188
Age : 25
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСаб Окт 25, 2008 1:59 am

Еве една подолга вест
Бомбата што го уби Иво Пуканиќ ја стресе Хрватска

Новинарот имаше многу непријатели, но како можни нарачатели најчесто се спомнуваат балканските тутунски босови


Лимузината на Пуканиќ била сосема разнесена од детонацијата

Иво Пуканиќ, новинар и сопственик на хрватскиот неделник „Национал“, е убиен во центарот на Загреб со бомба активирана кога влегувал во својот автомобил.Бомбата била активирана кога Пуканиќ и неговиот пријател Нико Фрањиќ, стручњак за маркетинг во „Национал“, приоѓале кон автомобилот „лексус“, паркиран пред седиштето на весникот. Стравотната експлозија на место ги убила двајцата, а возилото пламнало и изгорело. Силната детонација повредила двајца техничари во просториите на „Национал“, каде што имало и дваесетина студенти од новинарската академија на неделникот.

- Беше страшно. Слушнавме стравотна детонација и притрчавме кон прозорецот. Автомобилот гореше, а покрај него лежеа две тела. Го препознав Пуканиќ. Почна метеж, пристигнаа полиција, итна помош и пожарникари - изјави една студентка од академијата.

Бомбата била активирана во 18.20 часот, кога улиците на Загреб биле преполни со минувачи. Само половина час пред тоа пред седиштето на „Национал“ поминала голема група навивачи на холандскиот фудбалски клуб НЕК, кои дошле да го следат мечот со „Динамо“.Полицијата објави дека бомбата била поставена во мопед до автомобило. Попладнето беше објавен и фоторобот на маж, кој бил снимен како го паркира мопедот до лимузината на Пуканиќ.

- Во експлозијата на непозната експлозивна направа сосема е уништен автомобил, а загинаа две лица. Во овој момент полицијата на може да исклучи ниту еден мотив за убиството. Пуканиќ во последно време не пријавил закани во полицијата, а физичка заштита имаше од април до 1 август 2008 година, кога тој режим беше променет. Тогаш беше решено повремено да се обиколуваат неговиот стан и работното место, што полицијата го правеше до денеска - изјави полицискиот началник Крунослав Боровец.


БИОГРАФИЈА
Иво Пуканиќ (47) во 1995 година го основа неделникот „Национал“, кој вообичаено објавуваше ексклузивни написи за хрватското и балканското подземје и за организираниот криминал. Единствен од сите новинари одржуваше контакти со Хрвое Петрач, а го направи и единственото интервју со Анте Готовина додека осомничениот воен злосторник беше во бегство. Во 1999 беше прогласен за новинар на годината во Хрватска.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]

Female Број на мислења : 1887
Age : 27
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeНед Окт 26, 2008 2:09 am

Скопје, 25 октомври (МИА) - На 26 октомври (недела) почнува зимското сметање на времето.

Со поместување на часовниците еден час наназад, времето во недела рано изутрина во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето ќе трае до 29 март 2009 година.

Најнови ВЕСТИ Vreme


Тоооо....еден саат повише спиење ...зззззЗЗЗззЗзз

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
@komita@
Модератор
Модератор
@komita@

Број на мислења : 690
Age : 30
Registration date : 2008-10-27

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeПон Ное 17, 2008 11:01 pm

Еден саат повеке спиење само тогаш кога се врака времето после пак по старо Smile
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]

Female Број на мислења : 1887
Age : 27
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСре Ное 19, 2008 11:52 pm

Сега си е пак по старо..Sad

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka

Female Број на мислења : 2188
Age : 25
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 6:26 pm

Памела Андерсон ГО ИМА РЕШЕНИЕТО

Памела Андерсон го повика Барак Обама да ја легализира марихуаната, бидејќи според нејзино мислење, тоа дополнително би го дополнило државниот буџет и би обезбедило нови работни места.

Во отвореното писмо до Обама, Памела освен што наведе дека владата на САД би можела да заработи многу доколку дозволи масовно да се одгледува марихуана, го потсети претседателот и на значењето на вегетаријанската исхрана која според нејзино мислење би ја искоренила гладта во светот и до крах би ја довела прехрамбената индустрија која "ја загадува нашата планета и убива недолжни животни".

Памела апелира до владата и дека мора да ги кастрира сите педофили.

Популарната ѕвезда на крајот од писмото (кое во оргинал изобилува со граматички грешки), му порача на Обама да ги врати американските трупи дома и да го затвори озлогласениот Гвантанамо.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]

Female Број на мислења : 1887
Age : 27
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeНед Ное 23, 2008 12:58 am

цццц.... Бај д веи Хилари Клинтон се премисли и сега е државен секретар на Америка!

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka

Female Број на мислења : 2188
Age : 25
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeНед Ное 23, 2008 2:28 pm

Министерството за одбрана на САД соопшти дека било нападнато од компјутерски вирус. - Знаеме за постоењето на глобален вирус, кој е забележан во нашите мрежи. Ги преземаме сите мерки за да го отстраниме, изјави портпаролот на Пентагон Брајан Витман.

Тој не наведе каков е вирусот, ниту дали се погодени тајните компјутерски мрежи.

За да се спречи пренесувањето на вирусот забрането е користење на мемориски картички (УСБ).

Пентагон има околу 17.000 локални и регионални компјутерски мрежи и околу седум милиони компјутери.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]

Female Број на мислења : 1887
Age : 27
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitimeНед Ное 23, 2008 6:25 pm

Шведскиот Парламент го ратификува Лисабонскиот договор

Најнови ВЕСТИ Svedska_parlamentСтокхолм,
21 ноември (МИА) - Шведскиот Парламент доцна синоќа по долга расправа
со мнозинство гласови го ратификува Лисабонскиот договор.

За договорот се изјасниле 243 пратеници, против биле 39, а воздржани 13.

-
Шведска е една од земјите кои можат најмногу да го загубат влијанието
доколку Договорот не беше одобрен, изјави шведскиот министер за
европски прашања Сесилија Малстром.

Лисабонскиот договор треба да стапи на сила на 1 јануари 2009 година, откако ќе биде ратификуван во сите 27 земји-членки на ЕУ.

Иднината на овој договор е неизвесна, бидејќи Ирците веќе го отфрлија на референдум кој се одржа во јуни годинава.

_________________
У Куманово е боље да ти извадив око него муабет!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Најнови ВЕСТИ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови ВЕСТИ   Најнови ВЕСТИ Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Најнови ВЕСТИ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Македонија и свет :: Политика и вести :: Свет-
Отиди до: