Скопје, 24 октомври (МИА) - Министерството за образование и наука
соопшти дека во учебната 2008/2009 година во средните училишта во
Македонија се запишале над 25.700 ученици или 95 отсто од завршените
осмоодделенци.
МОН информира дека во учебната 2006/2007 година
во средно биле запишани 88 проценти од учениците, а во 2007/2008
запишани биле 90 отсто.
Исто така, зголемен е и бројот на
студенти во прва година на државните универзитети. Запишани се околу
17.000 или 85 проценти од матурантите продолжиле со високо образование.
Процентот е двојно поголем од 2006 кога на фаултетите се
запишале 42 отсто од завршените средношколци. Минатата година на студии
биле запишани 64 проценти од матурантите.