Македонија самата донесе одлука да поднесе тужба во Хаг
Вашингтон,
19 ноември (МИА) - Македонија самата донесе одлука да поднесе тужба
пред Меѓународниот суд на правдата, реагираше портпаролот на Стејт
департментот Шон Мекормак на прашање од грчки новинар за тоа дали имало
комуникација или координација со САД пред македонската Влада да повлече
таков потег.
Според Мекормак, Македонија донесе сопствена
одлука за која верува дека е во нејзин најдобар интерес. Тој ја отфрли
можноста САД да се вклучат во судскиот процес со тоа што би дале свое
гледиште за случајот.
Портпаролот на Стејт департментот, како
што јави Гласот на Америка програма на македонски јазик, истовремено ги
поддржа преговорите за решавање на спорот за името што се водат со
посредство на ОН.
- И натаму го поддржуваме процесот на
соработка за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за проблемот со
името. Ги поддржуваме напорите на амбасадодорот Нимиц, рече Шон
Мекормак.
Извор: МИА