Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Никола Петров - Русински Саб Ное 22, 2008 1:33 am | |
| Роден е на 21 ноември 1875 година во с. Русиново, Беровско. Во јуни 1895 год. се вклучил во редовите на Врховниот македонски комитет и учествува во Мелничкото востание. Истата година во Софија се запознава со Г. Делчев и се вклучува во редовите на Внатрешната организација. Станува четник и заменик во четата на Гоце Делчев и учествува во неговите обиколки низ Македонија. Како истакнат организатор и војвода на чета, најмногу работел во Западна Македонија – Мариовско, а потоа во Охридско струшкиот крај. Учествувал како делегат од Мариовскиот реон на Смилевскиот конгрес, а како војвода со чета, за време на Илинденското востание дејствувал во Мариовско. Во 1908 година легално живеел во Битола, посветувајќи и се на социјалистичката пропаганда и сидникалното движење. Учествувал во Балканската војна а потоа се јавил како кандидат на парламентарните избори во Пиринскиот реон. За време на Првата светска војна бил мобилизиран и учествува како војник. Во Софија, помеѓу двете светски војни, по долго боледување умираат неговата жена и двете ќерки. За време на фашизмот Русински го потпомагал антифашистичкото движење во Бугарија. Умрел во своето родно село Русиново, на 14 февруари 1943 година. | |
|