Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
Предмет: Филмски новости Саб Ное 22, 2008 4:53 pm
Еве катче каде што ќе можеме да ги напишеме сите новости во врска со филмови, цртани филмови, актери итн. За почеток:
Мики Маус слави 80 години
Вашингтон /18/11/ 14:22
Најпознатото глувче на светот Мики Маус денеска слави 80 роденден.
Своето деби го имаше во цртаниот филм “Парабродот Вили“, дамнешната 1928 година, за да набргу потоа стане икона на империјата на Дизни што и денес е омилена фабрика за забава на деца.
Волт Дизни, своевремено, призна дека најголемата заслуга за “Светот на Дизни“ ја има токму ова мало, симпатично глувче.
“Со години учествуваме во авантурите. Се надевам дека никогаш нема да заборавиме дека се, всушност, започна од едно глувче“, изјави Дизни.
Мики Маус “оживеа“ на 18 ноември 1928 година во цртаниот филм на Дизни “Параброд Вили“, што воедно беше и првиот цртан филм што имал тон.
Мики е првиот од цртаните ликови кому Волт Дизни му даде глас, а во 1935 година за прв пат се појави во боја./крај/ме/ис
Steamboat Willie (Walt Disney, 1927)
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
И додека на нашите телевизии најактуелни се љубовните перипетии помеѓу Фернандо кој е заљубен во Марија, и кој во последната епизода открива дека си е тетка сам на себе - на западот има нешто ново.
Одговарајќи на фасцинантниот однос на јавноста кон се што е поврзано со митовите за вампирите, најновиот продукт на телевизискиот гигант HBО (Home Box Office) насловен како "True Blood" оствари рекордна гледаност оваа година и се искачи на високото трето место на најпопуларни серии на HBO воопшто, после "The Sopranos" и "Sex and the city".
Серијата која е базирана на серијалот новели напишани од Шарлејн Харис, а во главната улога се појавува Ана Пакин, од премиерното прикажување во септември го зголеми својот рејтинг за 66 проценти. Првото сезонско финале американците ќе го гледаат во недела, а веќе се работи на сценариото за втората сезона на оваа ветувачка серија.
Додека дојде моментот и ние да ја гледаме оваа серија (веројатно после завршувањето на 157-та сезона на aктуелните шпански сапуници) еве збор два и за содржината на "True Blood": Вампири, жени - телепати и "shape-shifters" (луѓе кои можат да се претворат во некое животно) се секојдневие во едно мало градче во Луизијана, во кое избувнува романса помеѓу убавата келнерка (Пакин) и Бил, крволочниот вампир (Стивен Мојер).
Повеќе, за некоја година на нашите телевизии
[G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
Предмет: Re: Филмски новости Нед Ное 23, 2008 1:07 am
Добро кажа, за некоја година.
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
Предмет: Re: Филмски новости Нед Ное 23, 2008 2:02 am
[G]irL4[E] напиша:
Добро кажа, за некоја година.
па секако додека да стигне овде ќе си почекаме ... и така во се сме научени да чекаме, па затоа не е проблем
[G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
X-Men: First class e насловот на најновиот четврти дел од приказната за мутантите кои поседуваат надчовечки способности, во кој по првичните информации фокусот на приказната ќе биде врз младите членови на тимот: Ајсмен, Ејнџел, Колосус и Шедоукест.
Логично, откако добар дел од актерската екипа беше "убиен" во минатите 3 делови, а главниот фраер Волверин (Хју Џекмен) веќе наредната година ќе се појави во филмот X-Men Origins: Wolverine.
Сценариото ќе го пишува Џош Шварц кој веќе ја одби понудата да биде и режисер на филмот. Токму Џош Шварц е автор на ТВ сапуниците Oringe County и Gossip Girl, што ни дава отворена можност да се сомневаме, т.е. надеваме дека нема да се обиде и во X-Men да вметне дел од романтичните заплети налик на тинејџерските серии кои ги креирал.
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
Предмет: Re: Филмски новости Пет Ное 28, 2008 3:24 am
Бред Пит - каква трансформација !
Се повеќе изненадуваат фотките од престојниот најнов филм на Бред Пит, "The Curious Case of Benjamin Button". Пит ја игра главната улога во филмот односно Бенџамин, кој се раѓа како 80 годишник, и како старее - така станува се помлад и помлад.
Посебно интересна е трансформацијата на глумецот која на моменти изгледа дури и невозможна.
Филмот кој е во режија на Дејвид Финчер својата премиера ќе ја доживее пред нова година, а покрај ѕвездата Бред Пит во него ќе ја гледаме и прекрасната Кејт Бланшет.
Погледнете ги фотографиите.
[G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
Предмет: Re: Филмски новости Пет Ное 28, 2008 3:28 am
лелеее страва...не личи на него!
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
Предмет: Re: Филмски новости Пет Ное 28, 2008 4:03 am
Ич .. ама тоа е актерството
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
Предмет: Re: Филмски новости Саб Дек 13, 2008 1:11 am
Трејлер за Терминатор 4
Објавен е новиот трејлер на долгоочекуваниот филм кој ветува многу неореалистична акција и епска битка во која преживеаните Земјани ќе се обидат да ги поразат надмоќните роботи. Официјалниот трејлер Terminator: Salvation повторно не запознава со херојот Џон Конор, давајќи ни првичен поглед на пустошот во хај-тек иднината во која човечкиот род е доведен пред истребување. Иако во филмот нема ни трага од Арнолд Шварценегер, четвртото продолжение на серијалот во режија на Ем Си Џи, ветува дека ќе стане поголем од своите претходници.
Сместен во пост-апокалиптичната 2018 година, филмот ја следи приказната на Конор (Кристијан Бејл) во раните триесетти кого во борбата против бројно надмоќните роботи го води и желбата за одмазда - сака да се пресмета со роботите кои ги убија мајка му (ја играше Линда Хамилтон) и неговиот татко.
Во филмот играат и Сем Вортингтон, Брус Далас Хауард и Хелена Бонам Картер.
Бејл изјави дека се согласил на улогата само затоа што е уверен дека овој филм ќе ги задоволи верните љубители на овој култен серијал.